KРАТОК ИСТОРИЈАТ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ |
Изглед на плоштадот со бурмали џамија.
|
Градот Скопје своите почетоци ги бележи уште во старата Римска империја кога под името Скупи се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август. Градот станал престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан, роден во околината на Скопје.
|