topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

Еврејско маало (Чивутана)

Еврејското Чивутско (Чивутана)  маало се наоѓало во продолжение на Пајко маало и  се сметало  за  постара  етничка колонија од дојденците во овие предели. Европските патеписци,  Евреите ги спомнуваат уште во средниот век и ги сметаат за најстари жители на Скопје од вонбалканските доселеници. Тие, главно”компактно живееле во Еврејското маало”, но ги имало и во другите маала. Еврејското маало постепено го менувало својот изглед. Биле изградени неколку кафеани со бавчи, голем број приватни куќи, а било изградено и училиште. [1]

 

3.9. Панорама на Скопје, Еврејско маало, помеѓу двете светски војни, МГС вл. бр. 2941

 

3.10. Еврејско маало, куќи  од Камениот мост до Дрвеното еврејско мовче, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 1442

 

3.11. Дрвениот мост, помеѓу двете светски војни, МГС вл. бр. 6047

 

Народниот театар бил изграден во ова маало. Постои изрека според која”... Евреите наоѓаат корист таму каде  што христијанските трговци не ни помислуваат  да се ангажираат”. [2]

Овие зборови напишани за Евреите уште во 18 век се однесувале и на скопските Евреи кои помеѓу двете светски војни биле едни од главните трговци во градот. За тоа сведочат архивските документи во кои се среќаваат Евреи трговци. [3]

Евреите биле вклучени во сите дејности од тогашниот живот  во градот - трговци, занаетчии, интелектуалци. [4]

Материјалната култура на Евреите, особено облеката, се менувала според различни влијанија [5] , додека некои религиозни предмети биле задржани. [6]

 Во Еврејското маало се граделе многу убави куќи.

 Фамилијата Велкови води потекло од селото Градовци, кое се наоѓа во близината на селото Зелениково. Велко Тошев во средината на 19 век се преселил во Орешани каде што работел како наполичар на чифликот  на некој  турски бег. Во 1860 год. Велко Тошев дошол во Скопје и работел на изградбата на пругата Скопје-Солун во 1873 год. Работел во каменолом каде што со воловска кола пренесувал камен. Кога собрал доволно пари, тој купил плац  на десната страна на реката Вардар, на местото каде што денес се наоѓа продавницата Борово. Изградил три куќи кои биле познати по својата убавина во градот, а многу видни гости кои доаѓале во градот отседнувале во овие куќи.

Велко Тошев имал 10 деца од кои останало само десеттото дете. Синот Панче Велков, по завршувањето на основното училиште, завршил занает - саатчија и имал дуќан уште за време на османлиското владеење. [7]

Во 1919 год. Велков се оженил со девојка од многу богата фамилија, доселена од Тетово.

Панче Велков постепено почнал да ја проширува својата работа. Во 1920 год. го купил хотелот “Палас”, го урнал, го направил кејот, го парцелизирал плацот и направил куќа покрај Вардар која подоцна  ја продал. Првиот саатчиски дуќан се наоѓал кај Железничката станица, а по Првата светска војна го преселил кај Народната банка, каде што дуќанот се запалил и повторно го префрлил на местото спроти театарот, кај дрвеното мовче. Артистите од театарот живееле во трите куќи на Велкови покрај Вардар. Семејството Велкови преставувало богато и угледно семејство со карактеристики на градски начин на живот.

Познатиот скопски производител и трговец со бои и лакови, Божиновски исто така живеел во ова маало.

Семејството Божиновски живеело во Еврејското маало, во пространа куќа со голем салон,  соба за послуга и бања. Салонот бил со стилски мебел и многу слики, меѓу кои и од Цицо Поповиќ, подарок  на Лела Божиновска за нејзиниот прв роденден. Куќата била изградена во 1938 год. [8]


 

[1] D-r Jovan Haxi Vasiqeviћ, "Skopqe i wegova...", 63-67

[2] Slavko Gavriloviћ, "Jevrei u Sremu u 18 veku i prvoj polovini 19 veka", Beograd 1989, 3

[3] Aron i Sin, Isak Juda Aboav so agenturno - komisioni du}ani, Haim Solomon Talvi so galanteriski du}an;  Merkado Kamhi so du}an za metalni proizvodi; Ferdo Kraus so arhitektonsko - grade`no pretprijatie; Cevi B. Avram, David Menahem - trgovci so evropski proizvodi; Haim S. Aroesti so ko`arska rabotilnica; Samuel Asael, Simha Izrail so du}ani na komisioni proizvodi; Bazar Kamhi, Jahijel Kamhi i Jakov Koen i Kom. Jakov Mois Hanei so tekstilni rabotilnici i mnogumina drugi. Arhiv na grad Skopje, Fond 134. Tekstilno-industrisko pretprijatie "Dimo Trajkovski i Sin"-Skopje, Adresar trgova~kih i industriskih preduzeћa za Ju`nu Srbiju 1923-1925, Skopqe  1923, 71-92.

[4] Lekari-Evrei vo Skopje vo 1928 god.  bile d-r Amodaj Samuilo (Higienski zavod), Nasim Avram i Izi Molo. Kako sopstvenici na komision prodavnici, uvozni petprijatija i sli~no se spomnuvaat Ezra Mika M., Koen Azriel, Koen Elezar, Levi S.M. Leon Isak, Menahem i Levi, Mizrahi Josef itn. So trgovija so pamuk se zanimavale  Aroesti, Haim i Aseo Sabetaj, so prodavawe na takanare~en "sin porcelan" se zanimavale Ger{on Mo{a i Sinovi, Ergas Avram M., Ergas Mu{on, Kamhi Avisaj, Kamhi Merkado i Sinovi, Koen Johan Solomon i drugi.  Vladimir A. Ribin, "Poslovni adresar", Skopqe,  1928 god.

[5] Za vreme na turskoto vladeewe, na Evreite im bilo zabraneto nosewe na zelena boja i svila, a postoela zabrana i vo odnos na bojata na fesot, tulbenot i obuvkite. Specfi~nost za ma`ite- Evrei bila"~ita" - zadol`itelna kapa bez koja tie na smeele "da razgovaraat so Gospod".  Evreite A{kenazi koi poteknuvaat od Germanija, kako nezna~itelen del od ovoj narod vo Skopje (pogolemiot del se Safardi koi poteknuvaat od [panija) ja prifatile oblekata na Sredna i Isto~na Evropa. Eugen Verber, " Uvod  u  jevrejsku veru", Beograd 1933, 118-119

[6] Denes vo ku}ata na skopskiot Evrein Sion Josif na ramot od vleznata vrata na nejzinata desna strana, a vo visina na vozrasen ~ovek, e zaka~ena "mezuza", navednata kon vnatre{nata prostorija na ku}ata. Toa e verski beleg, povrzan so ritualniot dopir do nego so cel da se za{titi ku}ata i onoj koj vleguva ili izleguva niz vratata. Pri vleguvaweto i izleguvaweto Evreinot so prstite  prvo ja dopira "mezuzata", a potoa  svoite usni. Vakvite obele`ja bile ~esti vo evrejskite ku}i i se zadr`ale i do denes. Izrabotkata i noseweto na amuleti (amajlii) i ukrasi kaj Evreite, spored verskite obi~ai, naj~esto pretstavuvalo verski simbol so " evrejsko pismo". Niv gi nosele i skopskite Evrei kako nakit. Pobogatite evrejski familii imale intarzirani skrinovi so sedef. Za `al, po deportiraweto na skopskite Evrei za vreme na Vtorata svetska vojna, re~isi ni{to ne se so~uvalo od evrejskata poku}nina. Od druga strana, zemjotresot vo Skopje vo 1963 godina go dokraj~i i ona {to ostanalo od arhitekturata vo Evrejskoto maalo. Nekoi predmeti od evrejskite ku}i vo ova maalo i od Evrejskata sinagoga vo Skopje se nao|aat vo Belgrad. Taka, za vreme na izlo`bata na avtorot Verena Han "Umetni~ka kasela vo Jugoslavija" vo Muzejot na primenetata umetnost vo Belgrad vo 1961 godina, bile izlo`eni dve izvonredni kaseli od 17 vek so evrejska simbolika - Davidova yveyda i inkrustacija od sedef i koska. Ednata od ovie dve kaseli bila sopstvenost na privatno lice, a vtorata bila od zbirkata na spomenatiot Muzej vo Belgrad. Me|utoa, spored legendite zapi{ani vo katalogot na ovaa izlo`ba, i dvete kaseli poteknuvaat od Makedonija.

[7] Vo 1912 god. Pan~e Velkov so grupa Makedonci odi vo ^e{ka na Seslovenskiot slet vo Praga vo uniforma na turski sokoli. Fotografijata koja ja napravile bile iskoristena za razglednica na koja pi{uvalo "Makedonci vo stroj".

[8] Lela Bo`inovska, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.