topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

Топхана (Топаана)

 

 Ова маало се простирало по Тахта Кале на периферијата на градот помеѓу Еврејско, Пајко и Чаир маало и патот што води за Тетово и Качаник. Маалото било со тесни  улици покриени со калдрма. По Турците, во маалото се населиле Цигани, па оттогаш Топаана се смета за Циганско маало. Староседелците ги проверувале дојденците со прашањето: каде во градот е лоцирано Циганското маало? Доколку одговарале “во Топаана”, тие не биле вистински скопјани, бидејќи секој скопјанец знаел дека во Скопје има и друго маало кое се нарекува Циганско или Гази Менташ маало. Самото име Топхана има интересно потекло.

 

3.12. Куќи во Топаана (Топхана), Скопје 1936 год., МГС инв. бр. 197

 Во минатото скопските Цигани се занимавале со тешки физички работи. Покрај другото, тие од шалитра правеле разни експлозиви, поради што нивниот квартал  бил наречен Топхаана (топ - топовско орудие, а “хан” - место за сместување). Некои податоци за производството на шалитра во с. Јурумлери, како и за преместувањата на Циганите од Јурумлери во Скопје и обратно дава истражувачот Глиша Елезовиќ [1] . Според други извори, во Скопје уште во 15 век имало работилници за изработка на топови.  Во скопското село Јурумлери имало барутана, која, исто така, прераснала во калхана. Производството на шалитра не било карактеристично за Скопје, туку него го донеле Турците. [2]

Скопските Цигани се делеле на две групи: Корано Роми (муслимански Цигани) [4] и Гаџикано Роми (христијански или каурски Цигани). [5]

Во циганските фамилии не се обрнувало внимание на образованието и воспитувањето на децата. Единствено што ги учеле, било децата да умеат да питачат. Некои цигански фамилии преку цела година работеле кај одделни газди. Според склучениот договор, работодавецот бил должен да им плаќа до сто гроша, 5 оки сол, 10 оки грав, 20 - 30 шиници јачмен, пченка или пченица годишно. Голем број Цигани биле носачи, а некои од нив биле и свирачи. Жените, главно, работеле по градските куќи за да добијат храна, стара облека или некоја пара. [6]

Циганите од Топхаана биле добри бостанџии, одгледувале тутун, афион, а се занимавале и со други земјоделски култури под наем.

Славеле христијански празници. [7] Во ова маало најбројно било циганското население.

Ганка Цветанова, родена во 1916 год., е ќерка на Трајко Стевчев Бакиќ. Ганка  била најстара ќерка, а по неа биле Соња, Стојан, Благоја и Вера. Во прво време, Трајко со својата фамилија живеел во Топаана, но поради добрата материјална положба во 1926 год. изградил нова куќа во центарот на Скопје, во близина на плоштадот, на улицата Максим Горки, а имале уште една куќа под Кале која ја нарекле Вила “Миља”.

Трајко бил сопственик на туланите “Слон” (денешна ИГМ). [8] Тој поседувал и мелница на струја. И  туланите и мелницата всушност биле на негово земјиште, бидејќи тој го поседувал половина Топаанско Поле. [9]

 

3.13. Фамилијата на Трајко Стевчев, сопственик на туланата “Слон”, МГС инв. бр. 4552

 Семејството Димишкови од селото Градовци во Скопје се доселило во 1898 год., во Топаана. Прадедото  во Градови правел воденици на реката Вардар, правел и кајчиња со кои ловел риба со помош на динамит  и така загинал. Неговиот син Ристо останал сирак на 10-годишна возраст и тој во Топаана се доселил во 1898 год.

Ристо се оженил со Параскева Стерјовска од Тетово. Параскева од првиот брак имала две деца, Столе и Ленка, а од Ристо ги родила децата Димче, Наталија и Катерина. Димче Димишков е татко на нашата испитаничка Марица Димишкова.

Ристо и Параскева од Топаана се преселиле на десната страна на реката Вардар, во центарот на градот.

Куќата била мала, приземје и кат со три соби, соба со трем и во дворот летна кујна и бунар. Во куќата имале струја, а со вода се снабдувале  од пумпа во дворот. Најубав од целата куќа бил дворот полн со цвеќиња.


 

[1] Глиша Елезовић, “Производња шалитре у Ѓурумлеру код Скопља”, ГСНД,  Одељење друштвених наука, „„„ том, Скопље 1928, 203-209 (Одељење друштвених наука)

[2] Харалампије Поленаковић, “Муслиманске Цигани...”, бр. 311, Скопље 1934, 4.

[3] Харалампије Поленаковић, “Муслиманске Цигани...”, бр. 311, Скопље 1934, 4.

[4] Муслиманските Цигани од Скопје по занимање биле ковачи, бургијаши, џамбази, решетари, кошничари, чистачи, носачи. Некои од Ромите носеле име според местото на живеење, како на пример, “топчанчани”. Барутчаните или барутчиите го добиле своето име според нивното занимање. Порано се издвоила и групата Роми, нарекувани чергари, односно скитачи, кои се преместувале од место на место, а живееле бедно и со себе носеле само черга од која  правеле шатор и со неа се покривале во постудени денови и ноќе. Самите Роми ова име го објаснувале поинаку, односно дека “чергата” за постилање никогаш не се ткаела кратка, таа била долга колку што бил дол и  патот на Ромите - Чергари. Циганите имале слабост кон крадење. Нивните деца обично краделе ситници, но тие воопшто не го сметале стореното за крадење. Поради оваа појава во Топаана речиси никој не одгледувал живина. Харалампије Поленаковић, Муслиманске Цигани...., Бр. 312, Скопље1934, 2.

[5] Како синоним на зборот “Циган” уште се користи зборот “Ром” што на цигански јазик означува човек. Секој што не е Ром, тие го сметаат за пониска раса и го нарекуваат “гацом”, Исто..., бр. 312, Скопље  1934, 2.

[6]

Циганите - барутчии живееле во еднособни куќи со правоаголен облик, обично израдени од плитар и кал, а покриени со трска или слама, врз кои се ставале камења. Ваквите куќи немале ниту камен, ниту под, ниту оџак. Чадот едноставно излегувал преку специјален отвор во покривот кој за време на врнежи се затворал со крпи. Тие немале прозорци, а осветлувањето  било преку отворот на покривот и преку вратата. Се спиело на рогузини и сламарици, а преку нив се постилале черги од коноп или партал - черги. Лебот обично го чувале во кошници, водата во стомни,  а ја пиеле од бардаци (коро). За пиење на алкохол се употребувале метални чаши “таташ”. на Софрата јадењето се сервирало во земјани чинии “чаро”, за чорбести јадења се уотребувале лажици, а вилушки не се користеле воопшто. Лебот не се сечел, туку се кршел со раце.
Се перело во издлабени дрвени корита, “копани”, со помош на пирајка. Се седело на рогозина со вкрстени нозе, а се јадело на ниска софра во вид на тркало. Во циганската куќа немло ниту столови, ниту полици за чинии кои се чувале во кошници, а подобрите работи ги чувале во ковчези. Циганите сами изработувале рогозини, кошници, а останатата покуќнина ја купувале од Бит Пазар и Чаршијата.
Децата носеле иста облека како и возрасните, дури и моделите им биле исти. За време на свечености и празници тие се облекувале во облека од скапи и   многу блескави ткаенини.
Интересен е фактот дека од козметичките средства многу ја употребувале црвената боја за коса со додавање на к'на, а со неа ги бојадисувале и ноктите. За мажите било карактеристично бричењето на брадите, но пуштање на мустаки.
Со оглед дека сите скопски Цигани ги празнувале и христијанските и муслиманските празници, тие се делеле на две групи. Барутчиите, топханчаните, џамбазите - чергари и кошничарите спаѓале во групата што празнувала христијански празници. Оттаму,кај нив  има голем број обичаи поврзани со тие празници. Меѓутоа, во натамошното живеење тие ги напуштиле христијанските обичаи и традиции.

[7] Барутчиите најмногу ги славеле Нова Година (православна Василица на 14  јануари) Ѓурѓовден, Раѓање Христово, Св. Илија, Св. Богородица, Св. Петка, Св. Аранѓел Михаил, Св. Никола. На празници тие не работеле, приготвувале свечен ручек и оделе на гости.
Кај Циганите е присутен и обичајот “додоле”, за време на кој се пееле песни на српски јазик, а муслиманските Цигани на турски јазик. Како награда за пеењето песни во текот на ритуалот “додоле” тие добивале дарови во вид на пари, жито и слично.Харалампије Поленаковић, “Муслиманске Цигани....”, Бр. 312, Скопље1934, 2, 5.

[8] Подигање на голема црепана за цигли и цреп “Слон” во полето кај Топаана. Сопственици биле Трајче Стефчев, Сретен Маринковиќ и Љуба Милошевиќ од Врањска бања, “Јужна Србија”, год. 1, Скопје 27.09. 1938,  5.

[9] Ганка Цветанова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.