topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

Станични и гимназиски реони во Скопје

 Централниот градски регион во периодот по Првата светска војна со новиот регулационен план бил поделен на станични и гимназиски реони. Во овие региони биле изградени најубавите и најрепрезентативните градби во градот. Биле изградени и најубавите приватни куќи.

Улицата Крал Петар била пресечена од турските власти во 1911 год. за минување на султанот Мехмед Рашид. Оваа улица го поврзувала  плоштадот со Железничката станица и во неа  се  наоѓале најголем број на хотели,  дуќани, кафеани.

Со пробивањето на европската модерна архитектура во Скопје почнале да се градат многу модерни градби.

Ристиќевата палата била изградена на самиот плоштад во 1925-26 год., а околу неа биле палатите на Икономови и Настеви.

 

3.23. Палатата Ристиќ, изградена во 1926 год. по проект на арх. Драгутин Маслаќ, МГС вл. бр. 876

 Настеви, трговци со жита

Во 1871 година од Велес во Скопје се преселува Димитар Настев кој се вработил во италијанската фирма “Алатини” и купил куќа во Пајко маало. Кога во 1884 година, после неколку умрени деца, им се родил синот Стефан, на увото му ставиле обетка како амајлија, заради верувањето дека со неа  детето ќе остане  живо.

Во 1922 година Стефан Настев, еден од основачите на банката “Вардар банка” побарал дозвола од властите да изгради повеќекатна куќа на десната страна на р. Вардар, спроти  хотелот “Бели орао”. Палатата на Настеви била изградена по готов проект кој бил купен на едно патување на Стефан Настев во Виена.

Куќата била готова во 1924 година, на улицата Краљ Петар и имала четири ката, простор за дуќани во приземјето, како и скривница, што во тоа време било реткост во Скопје. Секој кат имал површина од 120 м2, а фасадата била украсена со орнаменти и статуи. Куќата имала сопствен санитарен јазол и бањи на сите катови, а имало и фрижидер  што работел со помош на мраз.

Во тоа време во Скопје имало 100 телефонски приклучоци, од кои три биле кај Настеви: дома и два во нивните фирми. Семејството Настеви поседувало и богато украсен пајтон. Во 1924 година за двете постари ќерки во семејството Настеви бил купен клавир, а приватни професори им држеле часови дома. [1]

 Шеќеринови

Во ова централно подрачје на градот, на улицата Крал Петар се наоѓала куќата на браќата Шеќеринови. Во наведениот период, кога се купувало или се градел голем имот, честопати тоа се правело “ортачки”. Спомнатата куќа  била ортачка на Шеќеринови и Караџа. Таа имала визба, приземје со дуќани и два ката за живеење. Дуќаните се издавале под наем. Во 30-тите години на 20 век тука имало слаткарница “Европа”, една помала антикварница “Галиќ”, берберница и колонијален дуќан. На првиот и на вториот кат имало по два апартмана за живеење, а секој од нив имал по пет простории, односно трпезарија, кујна и три одаи, од коишто едната била гостинска, потоа следувале спална и детска соби. Во секој апартман  имало бања и нужник. 

Еден од браќата Шеќеринови  бил оженет со скопјанката Надежда Тупарева.

По завршувањето на училиштето, Надежда во 1929 година се верила со Страхил  Шеќеринов , еден од спомнатите браќа, сопственици на ортачката куќа, која била лоцирана на главната улица, на местото “корзо”. Страхил Шеќеринов  бил роден во 1898 година во Штип, а во 20-тите години тој со својата фамилија се преселува во Скопје. Браќата Никола, Коце, Страхил и Борис Шеќеринови имале своја трговска фирма”Браќа Шеќеринови” којашто тргувала со преработена  кожа. Нивниот дуќан се наоѓал на местото каде што денес се наоѓа стоковната куќа “Илинден”. [2]

Страхил и Надежда Шеќеринови имале една ќерка, Верица, родена во 1930 г. [3]

Кранговата  палата била изградена во 1926 година со инвестиција на двајцата браќа Кранго. Палатата претставувала украс на тој дел од улицата.

 Крангови, трговци

Во 20-тите години на 20 век во Скопје многу познато било семејството  Крангови. Браќата Костаки и Ѓорѓи Крангови имале многу убави куќи и тоа едната на улица Серава, каде што им била првата заедничка семејна куќа, а втората (на Ѓорѓи) се наоѓала на улицата Св.Кирил и Методиј. И двете куќи имале по два ката, а биле познати по бањите опремени со скапи плочки и санитарни уреди. Наемник,  по цел ден во визбата пумпал вода. Кујните, исто така, биле поплочени, а се готвело на ѕидани шпорети. Мебелот во куќата бил импозантен, а сјај му давале големите биљур-огледала. Во куќите имало слуги и готвачи, а за одгледување на децата се грижела дадилка.

Капиталот на Крангови секојдневно растел и почнал да се зголемува и со трговијата со недвижности. Бил купен цел комплекс магацини и куќи на просторот до денешната стара Железничка станица, а, исто така и повеќе дуќани во Старата чаршија, меѓу кои   најубав и најголем бил оној за  текстил, на два ката, каде што  работеле браќата.

Браќата Крангови решиле да изградат палата што го носела нивното име. Првичните планови биле во Кранговата палата да биде сместена Поштата на Скопје. Палатата имала темели од два метра, што уште повеќе ја зголемувало цената и вредноста на градбата.

Кранговата палата навистина била импозантна градба и била доволна за убав живот на Крангови, но тие се зафателе со текстилно производство и со својот капитал целосно ја реновирале фабриката Земун. Можеби поради вложувањето на капиталот во оваа фабрика,  почнала да попушта економската моќ на Крангови. За тоа придонела и големата кражба во која бил украден целиот  семеен накит од домот на Ѓорѓи. Но, сепак, семејството Крангови и нивната палата биле и останале  гордост на Скопје. [4]

 

3.24. Палатата Кранго, изградена во 1926 год., МГС вл. 9495

 Градишки

На ул. “Крал Петар” во 30-тите години на ХХ век нова куќа изградил и Петар (Петруш) Градишки, шпедитер и трговец со коњи. Подоцна Петруш бил управник на фабриката “Факир-Вардар” во Мичурин. Генеолошкото стебло на семејството Градишки потекнува уште од Аврам (прапрадедо на нашиот испитаник Боривое Градишки), па продолжува со син му Вукан, па неговиот син Стојан, а лозата ја продолжиле Стамен, Трајко, Никола, Миленко, Доне и  Петар, татко на Боривое. По татко,  Боривое е Которец - т.н. Црногорци-Карабекирци, од кумановското село Градиште, по кое го земале и презимето Градишки. Мајка му, пак, на Боривое е родена во Скопје, од фамилијата Дилеви.   Брачната двојка  Градишки најнапред живееле во Куманово и во 1921 год. се доселиле во Скопје во Влашко маало како ќираџии.

Петар ја започнал изградбата на својата куќа на главната улица “Крал Петар”, за што се задолжил со хипотека. За побрзо да собере пари за довршување на куќата, ја издал извесно време под кирија на Евреинот Саул, а  заработувачката од ќиријата ја вложувал во Хипотекарна банка за отплата на долгот. Долниот кат, пак, го издавал на заболекарот Изи Моло, на еден бурекчија и еден шеширџија. По конечното завршување на куќата, фамилијата Градишки можела да ужива во сите удобности кои таа ги нудела. Сутеренот и катот биле од цврста градба и фасадата била украсена со штукатура. Бањата  била одделена од куќата  и  заедно со пералната била сместена во дворот. Водата се чувала во казани, а имало и огништа за нејзино загревање, за перење на алиштата во корито. Пред куќата имале убава бавча со раскошни цвеќиња. Куќата имала и визба во која се чувало вино, месо во саламура и сл. Мебелот во куќата бил наследен, стилски со длабока резба, а покуќнината била од бакар и од порцелан. [5]

Улицата “Престолонаследникова” [6] го поврзувала центарот на градот со новоизградените населби. На оваа улица се истакнувале палатите на браќата Читкушеви и браќата Бојаџиеви. До 1925 год. оваа улица била предградие со земјиштето околу него, но во 1926 год. забрзано почнале да се градат куќи и улицата почнала да добива изглед на градска улица. Старата привремена театарска зграда го попречувала пробивањето на улицата, но со нејзиното уривање, улицата била отворена. Со поставувањето на рабници и нанесувањето  кршен камен, а подоцна и со нејзиното калдрмисување, со засадување на багремови дрвја, столбови  со електрика и телефонски жици, улицата претставувала важна градска сообраќајница. [7]

 

3.25. Палатата на браќата Читкушеви, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 4848

 Бојаџиеви

Куќата на фамилијата Бојаџиеви била на  три ката и секој  кат имал  по 160 квадратни метри. Секоја соба  била наместена со посебно изработен мебел и скапи персиски килими “бухори”. За пречек на  гостите имало два големи салона. Едниот бил наменет за Владиката и Банот кои редовно доаѓале кај Бојаџиеви за Божик, Велигден и на семејната слава Митровден, како и за странските трговци  кои биле чести гости во куќата.

Бојаџиеви меѓу првите имале автомобил во Скопје - “Рено” со надворешна сопирачка, а потоа “Автобурн”, “Опел” и “Кајзер” со осум цилиндри. Таки донел во Скопје автомобил со радио.  Посебна атракција за градот била неговата запалка за цигари.

Во нивната куќа имало и  електричен шпорет, а  ово семејство било прв сопственик на фрижидер и на двотарифно броило за струја.

Автомобилот го возел возач кој заедно со готвачката, градинарот и гулабарот (имале преку сто гулаби), ја сочинувале послугата на куќата. За децата уште од рана возраст имале гувернанта која морала да има германско потекло или да зборува  германски јазик. [8]

 Жунгулови, бонбонџилница “ Жунгул”

Во Скопје, Жунгулови се доселиле од Лазарополе во 1916 год.  Најпрво се населиле во Маџар маало, а во 1926 год. Живко, син на Пане Жунгулов,  со својата сопруга Нада изградиле куќа во центарот на градот на “Позоришна”, а потоа “Престолонаследников” улица. Куќата на долниот кат имала дуќани, на горниот кат живеел Пане, а на поткровјето живеел братот на Пане, Димитар. Куќата во почетокот немала водовод, а со вода се снабдувала од пумпа во дворот. Канализацијата била решена со септичка јама. Хигиената ја одржувале во бањата кај Поштата.

Мебелот во куќата се состоел од спална, шемизет, кревет со мадраци, шифоњер, а подоцна и  шпорет-решо, ладилник на мраз, радио и др.Семејството ја славело славата Свети Никола. [9]

 Дикиниџијан

Познатата Арапска куќа била сопственост на Агоп и Агавни Дикиниџијан, богат трговец-Ерменец, а била изградена во периодот 1936-1938 год. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал “А.Д.”, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии “Тулбенд”.  Куќата претставувала вистинско ремек-дело. [10]

 Освен погоре наведените семејства, во спомнатиот реон имало и голем број други фамилии, чиишто имиња останале во сеќавањата на граѓаните на Скопје  до ден денес.


 

[1] .Arhiv na Makedonija, Fond 725. Aptekari Genovi, kutija 3, kn. 11,20; Marina Apostolovska, Stari semejstva ...., 265-269.

[2] Verica Bitoqanu, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[3] Od Verica Bitoqanu se otkupeni nekolku predmeti vo Muzejot na grad Skopje, sopstvenost na nejzinata majka Nade`da i toa : ma{ina za {iewe  i nekolku tekstilni predmeti od ovaa familija koi bile koristeni  pome|u dvete svetski vojni. Re~isi celata obleka na Nade`da [e}erinova i nejzinata }erka Verica gi izrabotuvale sami, isto kako i mnogubrojnite tekstilni   predmeti vo doma}instvoto koi bile izraboteni i izvezeni so izvonreden ornament vo razli~ni   tehniki na vezewe so spomenatata ma{ina.

[4] . Milica Krango, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1996 god.

[5] Familijata Gradi{ki imale i vila vo Pr`ino, stilski izgradena so penxer~iwa so kru`ni okna. Vilata bila nare~ena "Tri brata", bila uredena i prisposobena za `iveewe, a imala i bav~a so lozja i razni ovo{ki, na povr{ina od 3000 m2, Borivoe Gradi{ki, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1996 god.

[6] Denes ulicata"Prestolonaslednikova" se vika "Maksim Gorki".

[7] Napredak Skopqa, "Vardar",  5 juni, 1932, 10.

[8] .Marina Apostolovska, "Stari semejstva...", 17-18.

[9] Ratko @ungulov, sse}avawa, terenski istra`uvawa vo 1996 god.

[10] Marina Apostolovska, "Stari semejstva...", 17-18