topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Маала на левата страна од Вардар
Arrow Bullet
Маала на десната страна од Вардар
Пајко (Ибни Пајко) Чаир
Еврејско (Чивутана) Карадаг
Топхана (Тапаана) Крњево
   
   
       
       
           

Дебар маало

 На десната страна на реката Вардар се наоѓало Дебар маало. Тоа е пример на маало населено од  прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.

Местото каде што било лоцирано ова маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на ова место постоеле градини и ниви. Првите куќи  биле подигнати во 1920 година од страната на Браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од Голо Брдо, Дебарско, регион што по 1918 година  припаднал на соседна Албанија. Спомнатите дебарчани во 1919 година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот  на некогашното Дебар маало. Овој простор сé уште  не се сметал за градски, туку спаѓал во атарот на селото Долно Водно. Во 30-тите години на минатиот век, по економската криза, во Дебар маало почнале да се доселуваат и жители од стариот дел на Скопје. Напуштањето на старите реони во Скопје било резултат на тешкиот економски живот. За продадениот имот во стариот град или како што  го  нарекувале Старо Скопје, можело да се купи нов плац на периферијата за градење куќа и да се подмират долговите на фамилијата и слично.

Од Железничката колонија  и Учителската школа, сé до 1920 година, Дебар маало било одделено со празен простор што го населувале доселениците. Дебармаалците биле прочуени ѕидари. Овој занает се пренесувал од генерација на генерација. Ретко некој член од ѕидарска фамилија се занимавал со друг занает. Жените во Дебар маало, освен вршењето на сите женски домашни работи, се занимавале со везење и на тој начин заработувале пари. [1]

Дебар маало главно било населено со сиромашно население, но во него имало и “многу куќи на кат”, односно куќи на побогати семејства. Куќите во ова маало биле градени од тврд материјал и плитар, но со оглед дека биле градени според економските можности на секој доселеник, честопати биле  дивоградби и без план. Внатрешното уредување на дебармаалските куќи било полуградско, а во некои фамилии се спиело на под. Имале мебел кој со себе го донеле од старото место на живеење. Мебелот се состоел од кревети, ормани, маси, столови, отомани и слично. 

Животот во Дебар маало бил мирен. Самите дебармаалчани биле способни и вредни, а тоа особено  се однесувало на Мијаците. Меѓусебните односи биле добри, но сепак со некоја одвоеност. Мијаците се дружеле со Мијаци, скопјани со скопјани, односно меѓу нив имало повеќе разбирање отколку со жителите доселени од другите краишта.

Во Дебар маало имало неколку дуќани од кои се снабдувало населението. [2]

Наброените дуќани, млекари, фурни и слично, служеле за задоволување на секојдневните потреби на дабармаалците, додека со сите други производи се снабдувале од градските пазари и дуќани во чаршијата и во градот. Со ваков начин на живот,  жителите од ова маало постепено се вклопувале во градскиот живот.


 

[1] .Qubica M. Iliћ, Debar maalo, "Skopski Glasnik" br.407, 1936, 2.

[2] Vo maaloto imalo ~etiri bakalnici, tri mlekari, dve kafeani, tri pekarnici i tri ~evlarski du}ani, Qubica M.Iliћ, Debar maalo, "Skopski Glasnik" br.407, 1936, 2.