topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Arrow Bullet
   

Снабдување на градот со вода од јавни чешми и бунари

Освен со водоводната мрежа, населението се снабдувало со вода и од 13 јавни чешми во градот - 10 на левата страна и останатите три на  десната страна на реката Вардар. Водоводната мрежа се снабдувала со резервоари во градот или преку пумпи кои црпеле вода од три бунари во кругот на Калоричната електрична централа во непосредна близина на реката Вардар.

Стариот дел на градот се снабдувал со вода од примитивна гравитациона мрежа која црпела вода од извори во Чаир. Оваа мрежа била изработена од земјани цевки (ќунци) од печена глина кои биле плитко поставени и постоела опасност за загадување со површинската вода. [1]

Во 1926 год. била формирана  стручна комисија  која проблемот со вода го решила со снабдување на градот со вода од изворот Рашче, 17 км оддалечен од Скопје (на излезот од клисурата Дервен, покрај реката Вардар).

Генералниот проект за изградба на водоводот бил одобрен во 1931 год. од  тогашното Министерство за градежништво.

Новата водоводна мрежа била готова во 1937 год., а во 1938 год. била проширена на некои улици каде што била потребна здрава вода за пиење.  Сопствениците на имотите низ кои проаѓала водоводната мрежа се приклучувале на неа.

Во 1938 год. на водоводната мрежа биле приклучени 495 приклучоци со водомери. [2]

Претплатниците кои се снабдувале од градскиот водовод се делеле на категории: претплатници-сопственици на имоти и помали згради најмногу со 8 простории, над 12 простории, претплатници кои биле сопственици на локали, дуќани, простории во кои не се живеело, јавни установи, училишта, болници, санаториуми, бањи, претплатници кои употребувале вода за градежни потреби и индустриска потрошувачка на вода. [3]

Градското население се приклучувало на водоводната мрежа, а особено побогатите фамилиите.

Останатото население во градот користело вода од јавни или приватни бунари. Бунарите обично биле градени од кршен камен и често се случувало бунарската вода да се меша со површинската. [4]

Вадењето на водата од бунарите се вршело со кофи на чекрек. Бунарите обично се користеле ортачки,  т.е. еден бунар за повеќе фамилии. [5]

 Фамилијата на Деспот Стојковски,  воен санитарен инспектор од Воената болница, живеела во една  мала куќа во Маџир  маало,  со поплочен двор,  бунар и камено корито. Бунарот бил направен од дрвени штици во надземниот дел  и од бетон во подземниот дел. Водата се  вадела со помош на чекрек, вратило, јаже и кофа. [6]

Голем дел од населението се снабдувало со вода од јавни чешми. Имало 110 чешми во градот кои останале од турскиот период, од кои исправни биле само Руфан, Лонџа, Адем баба и Кури чешма. [7]

Во зависност од јачината на водата,  по улиците се спроведувал воден тек за 3 до 5 чешми. Чешмите најмногу биле градени во 16 век што се совпаѓа со развојот и напредокот на Османлиската  империја. [8]

Најголем број од чешмите биле градени со приватна иницијатива на одделни добротвори кои “за спас на својата душа” граделе завештанија со верски, хуманитарни и просветни цели.

Основачите на овие објекти, вакуфувајќи, завештувајќи дел од својот имот, и понатаму се грижеле за нивното редовно функционирање. [9] Освен чешмите по куќите, ановите, амамите, медресите и текиите, во Скопје имало и многу јавни чешми кои се наоѓале покрај џамиите, во маалата и на главните раскрсници. За одржувањето на големиот број чешми во Скопје, јавни или приватни, се грижеле специјално ангажирани луѓе, чешмаџии. Тие воделе сметка за исправноста на чешмите. Како последен чешмаџија во Скопје се споменува мајстор Јован кој добро го познавал својот занает и бил многу популарен во градот. [10] Некои маала биле познати по чешмите кои се наоѓале во нив.

Многу од новоизградените куќи биле градени на современ начин, со повисока хигиенска култура, а задолжителен дел на куќите била бањата. Според податоците од Техничкото одделение, во периодот 1930-1933 год. во градот биле изградени 459 нови куќи со 403 бањи и 527 клозети. Според податоците, околу 1800-2000 лица, хигиената можеле да ја одржуваат во свои бањи. [11] Не ретко, бањите биле многу луксузно и модерно градени, особено во богатите куќи. [12] Водата во домовите била носена преку водоводната мрежа или од бунари со помош на мотори и рачни пумпи. Во бањите топлата вода се добивала со помош на бојлери кои се затоплувале на дрва, а истекувала преку чешми или тушеви. Бањите биле поплочени со плочки. Во изградбата на бањите се чувствувало влијание  на западната и на источната култура.


 

[1] Gradski vodovod, "Skopski Glasnik" br. 451, 1937, 3.

[2] .Stawe gradskog vodovoda, "Skopski Glasnik", br.596, 1939, 1.

[3] . Pravilnik o vezivawu kuћanstva za vodovodnu mre`u, "Skopski Glasnik", br. 471, 1937, 4.

[4] Stojmir Simiћ, Asanacioni radovi, "Spomenica 25-godi{wica osloboђewa Ju`ne Srbije",  Skopqe 1937 , 777.

[5] ^esme, "Skopski Glasnik"br. 299, 4.

[6] . Ranka Stojkovska, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[7] . ^esme, "Skopski glasnik"br. 299, 4.

[8] "Spomenica....", Asanacioni radovi, Skopqe, 1937,777.

[9] Za popravka na Demirxijaninata ~e{ma se zave{tale sopstvenicite na ~etiri du}ani. Eden du}an bil taksan od Kara Asan, a za odr`uvawe na ovaa ~e{ma bile zadol`eni 5 du}ani. Najstar tutor bil Haxi Ilijas koj gi sobral prihodite od du}anite i so majstorot -~e{maxija Cvetan, postojano go nadgleduvale izvorot na ~e{mata koj bil vo ^air, go ~istele i nastojuvale ~e{mata da ima {to pove}e voda. Po smrtta na Haxi Ilijas, za ~e{mata se gri`el esnafot -~ark~iaki-opin~arski do 1918 god., a potoa tutor bilo Vakuvskoto povereni{tvo. Ovaa ~e{ma go  snabduvala so voda celiot ~ar{iski kvart. Trgovcite od ~ar{ijata vo 1934 god. barale gri`ata za ~e{mata da ja prezeme op{tinata i ~e{mata da ja povrzat na vodovodnata mre`a, "Skopski Glasnik" br. 296, , 1934,  4.

[10] Lidija Kumbaraxi Bogojevi}, "Posledni ostatoci od starite javni ~e{mi vo Skopje", Zbornik, Muzej na grad Skopje, Skopje 1964, 37.

[11] D-r Hram Joksimoviћ, Osnovi zdravstvene i socijalne politike u Skopqu, Skopqe 1934, 85.