topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
   

Хигиена во продавниците за храна во градот

Хигиена во продавниците за храна во градот

 

Особено внимание се обрнувало на хигиената во продавниците каде што се продавала храна, особено поради ширењето на заразни болести.

Местоположбата на градот и реката Вардар влијаела за присуство на комарци кои биле чести преносители на заразни болести.

Сите сопственици на дуќани каде што се продавала храна, своите отпадоци морале да ги чуваат во затворени канти. Сите продукти, овошје и зеленчук, требале да бидат означени дали се за готвење или јадење, а поради собирањето  мушички, тие морале да бидат покриени. [4]

Многу деца помали од  14 години продавале храна на улиците што било забрането. Сите продавачи во дуќаните или на улиците морале да бидат облечени во бел мантил или да имаат бела престилка. Храната што ја продавале уличните продавачи се чувала во затворени кутии со стаклени капаци, со димензии   60х25 на 30х15цм, а печивата  се чувале во кошница покриена со бела крпа.

Виткањето на храната во хартија или весници била забранета. Секој продавач со себе носел легитимација со фотографија. [5]

Ветеринарниот отсек во градот вршел постојана контрола на просториите каде што се произведувала и продавала храна. Според прописите издадени од ветеринарната служба, месарските дуќани  морале да бидат доволно големи и опремени со сите направи за закачување на месото, сечење (дрво, ножеви, вага) и секогаш требале да бидат чисти. Ѕидовите на дуќаните морале да бидат бели, со висина од 1,60 м, премачкани со бела мрсна боја. Предниот ѕид на дуќаните морал да биде со стакло, кое требало постојано да се одржува чисто, а дуќанот да биде постојано снабден со мраз и комори.

Ценовникот во дуќанот морал да биде истакнат на видно место и на надворешната страна да биде поставена фирмата. Вработените во дуќанот морале да бидат секогаш чисти, избричени, со бела капа, бела престилка и бел платнен мантил. За непочитување на овие наредби за работата на дуќаните, сопствениците плаќале одредена парична казна. [6] Хигиената во хотелите, кафеаните и други јавни објекти не била задоволителна, поради нечистотијата на подовите, нечистите пепелници, валканите бели чаршафи, нехигиената во кујните, клозетите. Ѕидовите во овие локали морале да се варосуваат, а клозетите да се посипуваат со кречно млеко. [7] Хигиената во домовите зависела од сопствениците, но предната страна на куќата морала да биде бело варосана, поради убавиот и чист изглед на градот. [8]

 Хигиената на улиците се одржувала секојдневно, а според нивната местоположба тие се чистеле или секој ден или трипати неделно. Улиците се чистеле ноќе и тоа од 1 мај до 1 ноември, од 21 до 5 ч, а од 1 ноември до 1 мај од 20 до 6 ч. [9]

Ѓубрето од градот се изнесувало ноќе, најдоцна до 7 ч наутро, на одредено место.

Навиката за одржување на хигиената во градот и во домовите сé повеќе била прифаќана како нормална појава.

[4] Naredba o odr`avawu ~istoћe, "Skopski Glasnik" br. 323, 1934, 6.

[5] . Naredba o ~istoћi i ispravnost `ivotnih namirnica i radwa, "Skopski Glasnik" br. 374, 1935 ,4.

[6] . Kakvi treba da budu lokali u kojima su sme{teni mesarske i kobasi~arske radwe, "Vardar", 30 januar, 1936, 4.

[7] . Okre~ite domove graђani Skopqa, "Skopski Glasnik" br. 367, 1935 , 6.

[8] .Isto..

[9] . D-r Hran. Joksimoviћ, "Osnovi zdravstvene i socijalne politike u Skopqu", Skopqe, 1934