topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
   

Одржување на хигиената на домовите и облеката

  Во периодот помеѓу двете светски војни постоела “домашна послуга” која ја сочинувале млади домашни помошнички: прислуга, готвачи, негувателки за децата, изнемоштени или болни луѓе и слично. Недостигот на таква послуга во Скопје, главно го покривале Циганки кои не ги задоволувале основните хигиенски услови. Како домашна послуга фамилиите вработувале и девојки од северните краишта, од Дунавската, Војвоѓанската, Славонската, Савската, Словенската и Дравската Бановина. Меѓутоа, и овие помошнички не ги задоволувале барањата, бидејќи не ја познавале домашната работа или пак воделе аморален начин на живот. Но, меѓу домашната послуга имало и чесни девојки кои во Скопје доаѓале на печалба. Послугата ја вршела целокупната работа во куќата, чистела, готвела, ги чувала деца, ја перела облеката и слично.

 

9.3. Реклами за разновидни средства за одржување на хигиена на алишта

 

Во 1929 година во Скопје била основана Јавна берза на трудот којашто се појавила во периодот на голема криза и невработеност. Брзата се грижела за вработување на девојки кои се оспособувале за работа како “домашна послуга”. Одржувањето на облеката најчесто се вршела на примитивен начин. Најупотребувано средство за перење во посиромашните домаќинства бил пепелот (цач), со кој  алиштата се покиснувале цела ноќ, се вриеле, а пепелот се ставал во сошиено торбиче во водата со цел алиштата да бидат бели. [10] Покрај пепелот, за перење се користела и сода бикарбона. Прво алиштата се вареле во казан, а потоа се плавеле во корито. [11] Во сиромашните домаќинства хигиената на алиштата ја одржувале домаќинките. Се перело во голем сад, “аранија”, со две рачки, а алиштата се вриеле на оган во дворот. Секојдневната облека најчесто се перела еднаш неделно, во понеделник, а другата текстилна покуќнина, еднаш месечно. Во богатите куќи за оваа работа се ангажирала жена која  ја перела облеката. За перење се употребувале хигиенски средства. [12] За сé поголемата употреба на хигиенските средства укажуваат податоците за потрошувачката според кои во перидот 1930-34 година просечно биле трошени 36.439 кг секаков вид сапун во една година. Просечната потрошувачка на сапун на едно лице изнесувало 5,5 кг, а дневната 15 гр. Спротивно на разновидната употреба на сапунот во домовите за одржување на хигиената на облеката и на домаќинствата, потрошувачката на сапун за лична хигиена била многу мала. [13]   Најголема употреба имал сапунот “албус”. [14] Со развојот и напредокот на целокупниот начин на живот во домаќинствата, сé повеќе свое место заземала и употребата на прашокот што многу се рекламирал во скопските весници.

Големо внимание се посветувало и на хигиената во домовите. Куќите специјално се чистеле пред Велигден, кога се рибале подовите, со метличка се мачкале со жива сода и жолта боја, а вратите и портите кои обично биле двокрилни, се светнувале “како дукат”. Пред Велигден куќите се варосувале  со вар, а се постилале и килими. [15]

Во многу градски богати куќи имало послуга која се грижела за куќата. На пример, семејството Бојаџиеви како своја послуга имале возач на автомобил, градинар, гулабар, готвачка. Во семејството Чохаџиќ  живеела  девојка која ги работела домашните работи и слуга кој се грижел за набавка, го ложел парното и ги носел децата на училиште.


 

[10] .Marija Dimitrova, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.  

[11] Vladimir Sazdov, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1994 god.

[12] .Vo semejstvoto na Olga Stojanova (Dimitrijevi}), ~ij{to dedo bil zlatar i saat~ija, site upotrebuvale sapuni vo boja, spored vkusot.

[13] .D-r Hran. Joksimoviћ, "Osnovi zdravstvene i socijalne politike u Skopqu", Skopqe 1934, 83.

[14] .D-r Mitko Panov, "Hronologija na edno detstvo i mladost", Skopje 1980 god.

[15] .Pandora [etlovska, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.