topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Изгледот на Скопската чаршија
Изглед на дуќаните
Занаетчиството во Скопската чаршија
Еснафи
  Занаетчиството во Скопје меѓу двете светски војни
   

Изгледот на Скопската чаршија

Зборот чаршија потекнува од турскиот израз чарши т.е од персискиот, што означува крстопат или плоштад со приоди од сите четири страни.

Скопската чаршија претставува посебен, многу значаен и интересен комплекс од турско-градска архитектура. И покрај тоа што во голема мерка го изменила својот изглед, таа е сочувана и денес. Скопската чаршија е од типот на ориентално-балканските чаршии и спаѓа во една од најголемите во Македонија.

Во Скопје, град кој се развивал според ориенталните урбанистички принципи карактеристични се две посебни зони: првата зона ја сочинува чаршијата како средиште на занаетите, трговијата и сообраќајот, а втората зона ја сочинуваат маалата како станбени квартови. Чаршијата се развила во центарот на градот каде што се соединуваат патиштата од сите страни, а пак маалата се развиле на посебен простор подалеку од чаршиската врева каде што се подигале куќи за живеење, затворени кон улицата со пространи бавчи и богат внатрешен амбиент.

За чаршијата биле важни и придружните објекти како што биле Безистенот, џамиите, ановите, караван-сараите, амамите, медресите и други објекти кои имале општ или религиозен карактер.

Чаршијата се формирала од дуќани со лесна конструкција и била создадена околу цврсто изградениот безистен. Имено, најстарото јадро на чаршијата било тука. [1]

Во периодот помеѓу двете светски војни, како и порано, чаршијата била трговско-занаетчиски дел на градот. Таа го опфаќала исклучиво стопанскиот дел на дуќани и други јавни објекти, во прв ред анови и караван-сараи како патнички свратилишта.

Како главни објекти во чаршијата, дуќаните биле поставени од двете страни на улиците. Тие биле со мали димензии, изградени од провизорен материјал со едноставни конструкции. Чаршиските улици имале карактеристичен изглед поради тоа што дуќаните се граделе еден до друг, на еднаква висина како да се под еден покрив.

 

14. 1. Старата скопска чаршија, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 155

 

Старите скопјани дел од чаршијата ја викале покриена (капали) чаршија. До 1934 год., два дела од чаршијата биле покриени според османлиски трговски терк. Сите калдрмисани улички низ чаршијата биле покриени со ќерпички сводови или ламарина, а се осветлувале со карбитни светилки. Во чаршијата се влегувало од три влеза. Првиот влез бил од Даут-пашиниот амам каде што доминирал дуќанот на Теохар и Пане, “Европа” [2] , вториот влез бил кај денешното кино “Напредок” и третиот каде што денес се наоѓа стоковната куќа “Илинден”. Во 1935 год. градоначалникот на Скопје, Јосиф Михаиловиќ, ја открил чаршијата и биле тргнати сите ќепенци со кои дотогаш таа била покриена. [3]

Чаршијата секогаш претставувала значаен градски локалитет со калдрмисани тесни и кривулести улички, со чешми, шадрвани, со голем број придружни објекти.

 

14.2. Дел од улицата Казанџиска во Чаршијата,  лево е дуќанот “Бата” (Борово), помеѓу двете светски војни,  МГС инв. бр. 1384

 

Чаршијата како главно јадро на градот  со него  се развивала и стагнирала менувајќи  го името од Безистен, Покриена чаршија, Турска чаршија, до денес - Стара чаршија. [4]


 

[1] Lidija Bogoevi}, "Istoriski razvitok na Skopskata ~ar{ija", Skopje 1966 god.

[2] Ubavka i Bane Anxeli}, se}avawa,terenski istra`uvawa vo 1995 god. 

[3] Angel Karapan~ev "Kapali kutiv~e, a~ik-rezil", Ve~er 22 i 23 oktomvri 1994 god.

[4] Olga Arsova, Etnolo{ka postavka vo Muzejot na Stara ~ar{ija vo prostoriite na Suli-an, Materijali od dokumentacijata na Muzej na grad Skopje.