topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Изгледот на Скопската чаршија
Изглед на дуќаните
Занаетчиството во Скопската чаршија
Еснафи
  Занаетчиството во Скопје меѓу двете светски војни
   

Занаетчиството во Скопската чаршија

Во почетокот на 19 век, по политичките и економските настани во Турското царство, Скопје постепено почнало да излегува од рамките на турско-арнаутски град. Со сé поголемото населување на христијани од селата во Скопје во почетокот на 19 век, градот станал значаен занаетчиски и трговски центар со голем промет. [1]

Во 19 век занаетчиството било во полн процут. Кон крајот на 19 век, врз основа на еснафската поделба помеѓу занаетите, бил организиран и самиот простор на Чаршијата, така што еден занает или неколку помали сродни занаети заземале една улица или еден блок. На тој начин се формирале засебни чаршии. На пр. Бакалската чаршија била групирана на улицата Белградска во состав на Покриената чаршија. Таа била една од поголемите чаршии. Кафтанџиската чаршија била една од најјаките и најстарите чаршии во Скопје. Демирџи (железарска) чаршијата се наоѓала наспроти Куршумли-ан. Чарук (опинчарска) чаршијата се надоврзувала на Демирџи чаршијата. Казанџиската чаршија се наоѓала на ул. Караорман. Туфекџиската (пушкарската) чаршија се надоврзувала на Казанџиската. Ибрикџиите биле групирани во претходните две чаршии. Кафтанџија бил занаетчија што изработувал и продавал старовремска облека, а зборот кафтан значел стара машка облека- долго палто. Кафтанџиите биле организирани во најголем еснаф, а занаетот бил најзначаен во Скопје. Кафтанџиската чаршија била сместена во Покриената чаршија. Таму се продавале минтани, елеци, антерии, шалвари. Постоеле и Јорганџиска, Ковачка чаршија, Папуџиско одларе кое се наоѓало јужно од Капан-ан, Ќурчиска чаршија која се наоѓала околу Ќурчи-ан, Чибукџиска која го заземала просторот до казанџиите итн.

Изучувањето на старите занаети и воспитувањето на занаетчискиот подмладок било тесно поврзано со општествената положба на занаетчиите и една од функциите на еснафската организација. Занаетчиите земале ученици кои ги изучувале занаетите од 5 до 10 години.  Понекогаш рокот на учење на занаетот бил и подолг,  во зависност од специфичноста на занаетот што требало да се  совлада. Кога младите занаетчии почнувале да го изучуваат занаетот од мајсторот ги добивале сите потребни алати за работа. Секој познат занаетчија морал да  обучи еден од синовите. Тоа придонело одделни занаети по традиција да се пренесуваат од колено на колено. На тој начин се создале цели занаетчиски фамилии,  на кои името на занаетот како прекар , со текот на времето им преминало во фамилијарно име, односно презиме [2] ( на пр. Калајџиеви).

Во овој период во Скопје постоеле 1528 дуќани, со 1528 мајстори-сопственици, 2318 работници и 956 ученици. [3]


 

[1] Jovan Haђi Vasiqeviћ, "Skopqe i wegova okolina", Beograd 1930, 84-124.

[2] M. Konstantinov, Z.Delinikolova, Zanaet~istvo i zanaet~iski organizacii, "Etnologija na Makedonija", Skopje 1996 ,65-81.

[3] Blagoja Ilievski-Marko, "Skopje", Skopje 1999, 62.