topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Изгледот на Скопската чаршија
Изглед на дуќаните
Занаетчиството во Скопската чаршија
Еснафи
  Занаетчиството во Скопје меѓу двете светски војни
   

Занаетчиството во Скопје меѓу двете светски војни

При крајот на 19  и почетокот на 20 век, конкуренцијата на странската индустриска стока потиснала многу занаети.

Во периодот помеѓу двете светски војни занаетчиството продолжило да опаѓа. Производствената техника во занаетчиството останала примитивна и неизменета, бидејќи за модернизација немало расположливи пари и кредити. [1] До појавата на индустриското (фабричко) производство, занаетчиството било главна стопанска гранка во градот .

Продирањето на трговскиот капитал бил забрзан со пуштањето на железничките пруги. Друг момент кој влијаел на опаѓањето на некои занаети е иселувањето и осиромашувањето на турското градско население, бидејќи употребата на одредени занаетчиски производи наменети за нив (правени од бичкиџии-кожари, ќурчии, кујунџии и др.) се намалила. Меѓутоа, начинот на живот, општествената и стопанската структура на градот, овозможувале голем број на занаети во новонастанатите услови постепено да се прилагодуваат на новите барања.

Еснафите постепено почнале да се распаѓаат отстапувајќи место на капиталистичкото стоковно производство. Во почетокот на 20 век наеднаш престанале функциите на старите еснафи што особено се почуствувало во периодот помеѓу двете светски војни, поради развојот на индустријата. Новото време постепено ги олабавувало поранешните еснафски стеги, додека во исто време не се донесувале никакви законски прописи кои би ги нормализирале правата на работа.

 

14.4. Дел од чаршијата каде што се наоѓале слаткарницата “Колумбо”, лево дуќанот на саатчијата Павле Гичев и лимонадџилницата на баба Лена, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 1406

 

14.5. Стари занаетчии, МГС

 

 Еснафите се обидувале да се спротивстават на конкуренцијата, со тоа што се здружувале во задруги и преку нив ги продавале своите производи. Се забрзал процесот на опаѓање на одредени занаети, додека некои продолжиле да егзистираат,  но со осетни знаци на опаѓање.

Помеѓу двете светски војни биле донесени нови прописи. Била формирана трговско-индустриската и занаетчиска комора. Започнало постепено разбивање на чаршијата и појава на дуќани со друга намена.

 

14.6.  Занатчиска комора, МГС инв. бр. 4797

 

Во овој период замреле многу традиционални-ориентални занаети кои биле поврзани со изработка на производи за турската војска како: пушкарски, ножарски и шаторџиски, потоа занаети поврзани со изработка на градска облека: абаџии, бесчии, вилнари, ипекчии, кондураџии, калапџии, наланџии, папуџии (почнале да изработуваат нов вид обувки), терзии, срмаџии и др. Се појавиле нови занаети: шапкарски, пегларски, френк-терзиски, кројачи за дами, модискињи(за женски шапки), браварски, тапетарски и др.

 

14. 7.  Шивачката Славка Вукас, МГС инв. бр. 4860 

 

Во периодот меѓу двете светски војни во Скопската чаршија сé уште работеле следниве занаетчии:

Абаџии- со овој занает се занимавале и христијани и муслимани. Изработувале машка облека од аба (сукно, шајак), која се носела и во селата и во градот. Во 1925 год постоеле само 8 абаџиски дуќани. Со постепеното навлегување на градската облека, абаџискиот занает почнал да опаѓа, за на крај да изумре.

Ашчилници (гостилници) - ги имало и во Чаршијата, но и на десната страна на градот.  Во нив се служеле храна и пијалаци. Еден од скопските ашчии бил Сарџо Србиновски.

Сарџо Србиновски во Скопје се доселил во 1920 год. од село Горно Јеловце-Гостиварско. Имал два сина Јаким и Симо.

Неговата ашчилница се наоѓала спроти Железничката станица. Освен готова храна и пијалаци во ашчилницата се продавале и други продукти. Работела и како гранап. Ашчилницата ги служела патниците од Железничката станица. Синот Јаким бил страсен фотограф и направил многу фотографии што се сопственост на Музејот на град Скопје.

Алваџиско-бозаџиски дуќани во 1928 год. имало 21, а со овој занает најчесто се занимавале муслимани.

Работилници за алкохолни пијалаци-пецари [2] , во 1928 год. имало вкупно 6.  Фамилијата Калајџиеви се занимавала со производство на алкохол.

Фамилијата Калајџиеви во Скопје се доселила во 1919 год. Илија со своите два сина, Никола и Панче, живееле во Башино Село каде што произведувале вино и поседувале голема земја. Двата сина на возраст од 15-17 год. со мазги во мешини носеле вино во Солун и  Битола да го продаваат. Луѓето кои на ваков начин со недели пренесувале разна стока се нарекувале “калајџии”, по што и семејството го носи ова презиме.

Заради развивање на продажбата, семејството се преселило во Битола каде што отвориле дуќан. Дуќанот во Битола изгорел и семејството решило да се пресели во Скопје. Во Скопје се доселиле во 1919 год. и  отвориле дуќан во  Скопската чаршија, на улицатаСерава. Работата постепено се ширела и Калајџиеви отвориле пецара зад дуќанот. Во пецарата  произведувале рум, алкохолни пијалаци, коњак, и оцет. Оваа стока ја продавале на ангро и бизнисот го прошириле отворајќи пецара и во Неготин Краина. Извозот на нивните производи го прошириле дури во Германија каде што носеле стока со цистерни.

Сестрата на Панче и Никола , Родна, била омажена за Димче Стојанов кој во 1938-39 год. го купил дуќанот на улицата Крал Петар - “Добромања” од некој трговец Евреин. Во дуќанот имало разновидна стока.  Никола имал четири деца, Тодор, Илија, Благоја и  Марика. [3]

 

14.8. Никола Калајџиев со вработените пред работилницата, МГС инв. бр. 4658

Во 1928 год. во Скопје имало вкупно 58 берберско-фризерски работилници.

Работилници за производство на бои и лакови, во 1928 год. имало 4, а една од нив била работилницата на Никола Божиновски.

Фамилијата Божиновски по потекло се Власи од Крушево. Таткото на Никола Божиновски, Тодор се доселил во Скопје во почетокот на 20 век.

Никола Божиновски со својата сопруга живеел во вилата “Лела” на Водно, а во  1937 год. се преселиле во нова куќа во Еврејско маало.

Никола Божиновски имал дуќан за бои и лакови во строгиот дел на градот, до кафеаната “Маргер”. Фирмата гласела “Бранковиќ-Божиновиќ”. Никола делумно го наследил занаетот од неговиот татко кој имал смоларници за топење на смола. Материјалите за дуќанот ги набавувале од Германија, а дел од производите ги правеле сами. Купувале смола-боровина, ја топеле и од неа правеле фирнајз. Продавале разновидни производи:разни бои за трукерај, паркетна маст и др. Во дуќанот се продавал и сликарски материјали и сликарите од Скопје, Цицо Поповиќ, Мартиноски, Тома Владимирски, Личеноски,  купувале разновидни материјали, четки, валјаци со разни бои и друго од овој дуќан.

Работата во дуќанот се развила и благодарение на тоа, Никола Божиновски за кратко време успеал да собере пристоен капитал и покрај вилата “Лела”, изградил нова куќа во Еврејско маало под Кале.

 

Бојаџиите на текстил не биле многу барани, поради сé поголемата употреба на индустриски платна, а останале само “селски “ бојаџии кои се делеле на бојадисувачи и фарбари на свила, волна и памук.

Бичкиџиите  изработувале штици и друга граѓа од дрво.

Бонбонџилници и дуќани за локум во Скопје имало неколку. Една од попознатите која прераснала во фабрика, е работилницата на Теохар и Пане “Европа”.

Ортачката занаетчиска работилница за производство на локум, бонбони и сирупи ја основале Теохар Икономов и Пане Димитров од Скопје во 1882 година. Првобитното име на фирмата гласело “Теохар и Пане”, со кое фирмата работела  до 1930 година, кога го добила своето ново име “Европа”. Претпријатието “Теохар и Пане” било лоцирано во Скопската чаршија, а со натамошниот развој тоа се проширило и се предислоцирало на местото каде што денес се наоѓа фабриката “Европа”. Пред Балканските војни ова претпријатие произведувало шеќерни производи во количина од околу 1.ооо килограми дневно. Својата најголема моќ, “Европа” ја достигнала пред Втората светска војна, кога дневно се произведувале 1.700 килограми од спомнатите производи дневно.

Новиот  подем на претпријатието  започнал уште во 1928 година, кога тоа технички се опремило од Германија со инсталирање на современи машини, додека казаните, штеловите за пасирање, рачните резачки, биле изработувани во скопските механичарски работилници.

Претпријатието “Европа”, проширувајќи ја својата дејност, почнало да ангажира наемни работници, но нивниот број не бил поголем од десетина. При такви услови, се наметнува прашањето како можело да се постигне производство од 1.000 килограми  производи со  примитивна рачна опрема. Како прво, се работело по 12 и  повеќе часа дневно со максимално искористување на работната сила, без никаква социјална заштита. [4]

 

14.9. Теохар Икономов и Пане Димитров, сопственици на ф-ката “Европа”, МГС инв. бр. 4501; Семејна фотографија на Пане и Пандора Димитрови, МГС

 

14.10.  Членска карта на Дончо Икономов (син на Теохар Икономов) од Еснафската управа на градот Скопје, Скопје 1929 год., МГС инв. бр. 3517

 

Во 1928 г. во Скопје имало вкупно 14 бравари [5]

Јорганџиите имале своја јорганџиска чаршија. Овој занает почнал да се развива откако во градот почнале да се употребуваат кревети за спиење. Имале свој еснаф со печат, а слава им била Петровден. Во 1928 ги имало вкупно 10.

Казанџиите имале свој еснаф и посебна чаршија, казанџиска. Казанџиите произведувале садови за јадење и пиење, како и други покуќнински предмети од бакар. Пред навлегувањето на порцеланските садови, во употреба биле садовите од бакар. Еснафска слава им била Св. Спиридон. Ковачкиот занает е еден од најстарите занаети. Со овој занает претежно се занимавале Роми. Во 1925 год. во Скопје имало 37 ковачки работилници, а во 1928 имало 9 ковачки, 9 коларо-ковачки и 6 коларски работилници. 

Кујунџиската чаршија и еснаф уште се нарекувала и златарска, а изработувале накит, крстови од сребро и злато за цркви и манастири, кандила и разновиден накит, прстени, обетки, пафти, ѓердани и др. Еснафска слава на кујунџиите била Свети Константин и Елена. Во 1928 год. имало 11 кујунџии.

 

14.11. Ефтим Анчев, златар и член на управниот одбор на Српската православна црковна општина,  МГС инв. бр. 3130

 

Кожарите ја преработувале кожата, биле извозници на сурова кожа, а кожарските работилници за трговија со материјал за обувки,  заедно со чевларскиот занает, биле тесно поврзани со папуџискиот занает. Во 1925 год. во Скопје имало 235 кондураџиски дуќани [6] .

Ќурчиско-кожуварскиот занает имал најјака еснафска организација. Нивната чаршија била во Ќурчи-ан. Името го добиле по изработката на ќуркови- горна облека (палто од кожа). Ќурчиите сами ја штавеле кожата, односно ја приготвувале суровината, а крзнарите користеле готова суровина-кожа од разновиден дивеч. Ќурчиите купувале јагнешки, овчи и други кожи, ги штавеле, потоа ги поставувале на џубиња и друга облека, а од овчите кожи за селаните правеле кожуви. Еснафска слава им била Св. Илија. Во 1925 год. во Скопје имало 27 ќурчиски дуќани, а во 1928 год. останале само седум дуќани.

Опинчарите изработувале опинчарски производи за пазарите или по порачка. Биле организирани во чаракчиски (опинчарски) еснаф кој имал свој печат. Во 1928 имало само 7 дуќани, а опинчарско-сарачки 14. Папуџискиот еснаф изработувал папучи од штавена кожа, но не произведувале опинци од штавена кожа, бидејќи тоа го правеле опинчарите. Овој еснаф се делел на дустабанџии и чизмари. Првите изработувале папучи, а вторите чизми. Работеле во Папуџиското одларе. Конкуренцијата на поевтини фабрички производи го погодила овој занает и во 1925 год. во Скопје имало 18 папуџиски дуќани, а во 1928 само 4. Ја славеле славата Св. Спиридон [7] .

 

14.12. Дуќани за чешли и опинци во Чаршијата, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 69

 

Самарџиите изработувале самари за коњи и магариња. Еснафска слава им била Петровден. Во 1925 год. бројот на самарџиските дуќани од 30 се намалил на 22 дуќани, а во 1928 год. останале само 7. Сарачкиите изработувале седла, узди, колани, ремени, амови, дисаѓи и др. Изработувале и опинци. Со овој занает се занимавале Турците. Имале своја чаршија и еснаф. Сарачките дуќани постепено се намалувале и во 1925 год. ги имало 22, а во 1928 год. само  12 дуќани. 

Кројачи на машки одела во 1928 год. имало 62.

Леблебиџиски занает е занает во врска со исхраната и немал своја чаршија и еснаф. Во 1925 год. во Скопје имало 66 леблебиџиски и бозаџиски дуќани заедно, а во 1928 год. имало само 3 леблебиџиски дуќани.

Касапско-месарскиот занает   имал своја чаршија - Касапаана. Во 1925 год. во Скопје имало 43 месарски дуќани. До 1941 год. бројот на месарските дуќани достигнал 50, од кои повеќето не одговарале на хигиенските и градежните условите и прописи , бидејќи повеќето од нив биле градени во времето на турското владеење. Во центарот на градот постоеле неколку модерни на европски начин уредени месарници и колбасичарски дуќани [8]   во кои  имало и ладилници кои претставувале голем напредок. [9]

Мутавџиите имале своја чаршија и еснаф. Од козина изработувале покривки, зобници, вреќи и др. Еснафска слава им била Св. Тома.

Познати мутавџии во Скопје биле Трајкови- Мутафџиеви.

Марија Димитрова, снаа во семејството Димитрови, потекнува од семејството Трајкови. Трајкови се стара скопска фамилија, а нивниот дуќан, каде што изработувале мутафи, по што го добиле и презимето Мутафџиеви, се наоѓал во старата скопска чаршија спроти денешната продавница “Борово”.

Во  визбата имале два разбоја на кои ги ткаеле мутафите, изработени од мутафи-козина во кафеава боја со шари во црвена и црна боја. Разбоите биле долги и по 4 метри. Во дуќанот продавале и ортоми, вреќи со коноп, а вреќите биле изработени од јута. На горниот кат на дуќанот имало застапништво на некоја фирма од Германија и Италија, а на најгорниот кат се правеле сламарици.

Најгоре,  на покривот на дуќанот,  стоеле иницијалите на Трајко Трајковски. [10]

Во периодот меѓу двете светски војни бројот на наланџии се намалил на 7 дуќани. Ваквата појава била резултат на намалената употреба на наланите во амамите, како последица на изградбата на домашни бањи. Памукчиско-кафтанџиски работилници имало сé помалку поради навлегувањето на европската мода. Така, во 1928 г. имало 27 дуќани. Постепено, овој занает изумрел.

Свеќарите се викале и мумџии, а се занимавале со изработка и продажба на свеќи. Еснафска слава им била Св. Пророк Данило. Во 1925 год. имало 10 восокари, односно произведувачи на восок од кој се изработувале свеќи. Во 1928 год. имало 5 свеќарски работилници, но и мануфактурни работилници на Мито Белица,  “Сонце” и “Леон”.

Како познати свеќари треба да се спомене семејството Петрушевски.

Митре Петрушевски со своето семејство живеел во Ново маало. Дуќанот за продавање  свеќи се наоѓал во Скопската чаршија, а работел и како бакалница. Свеќите ги изработувале дома, каде што имале работилница со вработени луѓе. Имале големи казани со прачки и фитили. Процесот на работа се состоел од ставање на фитили во долги казани околу кои се става восок. Тие се тргале на страна и се сушеле на слеле, а потоа повторно се враќале во казанот за да добијат дебелина.

Материјалот од кој се изработувале свеќите бил восок или само од “парафина” со малку боја. За венчавање се правеле свеќи само од восок со обрач на фитилот. Венчињата за невестите се изработувале од памучен конец, а цветовите од восок  и парафина, кои се ределе на жица и се потопувале во восок. [11]

Терзискиот занает, сé до појавата на индустријализацијата се развивал, а во периодот помеѓу двете светски војни тој постепено почнал да назадува. Терзиите имале своја чаршија, работеле во т.н. терзиски одлариња. Шиеле од потенки материјали за разлика од кафтанџиите. Нивна слава била Петровден. Во овој занает спаѓале и френк-терзиите кои ги имало помалку. Тие имале 12 дуќани каде што изработувале тесна европска облека која ја носеле чиновниците, учителите, трговците. Во 1925 год. во Скопје имало само 5 терзиски дуќани, а кројачки дуќани имало 80. Според последните бројки се гледа дека се правело разлика помеѓу терзиите и шивачите, односно кројачите, поради тоа што терзиите шиеле и кроеле облека од чоја, а другите од потенки штофови и ја следеле модата. Штофовите се набавувале од продавници за машки штофови кои во 1928 ги имало 8 во градот.

Часовничарскиот (саатчискиот) занает во периодот помеѓу двете светски војни, а и порано  како последица на техничко- технолошкиот напредок бил многу застапен. Мајсторите од овој занает биле почитувани стопанственици и поради фактот што освен со поправање на часовници се занимавале и со нивна продажба. Во 1925 год. во Скопје имало 11 часовничарски работилници. Освен поправка и продавање на часовници овие дуќани често продавале и јувелирски производи.  Такви златарско-саатчиски дуќани во Скопје во 1925 год. имало 6.

Еден од најпознатите трговци со ваква стока бил Стерјо Бузра Димитровски.

Фамилијата Димитровски  се споменува многу одамна, а  по роднинска линија се поврзува со познатата влашка фамилија Туфа или Бузра. Глава на фамилијата бил Стерјо Димитровски кој бил многу трудољубив и чесен човек. Бил сопственик на златарско-часовничарски дуќан кој се наоѓал на најпрометната улица “Крал Петар”. Тој имал три сина од кои само едниот ја наследил работата на таткото - Димитрије. Другите двајца синови студирале во странство, едниот, Ристо, во Загреб завршил фармација, а другиот во Букурешт, медицински факултет.

Димитрије го разработил и проширил дуќанот. Во него имало богат избор на часовници од повеќе марки како “Зенит”, “Омега”, “Шафхаус”, “Лонџин” и други ѕидни и асталски саати, а нуделе и платинест и златен накит со брилијанти и дијаманти, сребрени предмети од Кина и пригодни подароци за младенци како бештек од сребро и алпак. Освен продажна дејност, во дуќанот се вршела и поправка на сите видови часовници со гаранција.

За богатството на асортиманот во дуќанот придонеле и многуте деловни врски со странство како оние со Германија, Швајцарија, Австрија и др.

На пултот во дуќанот секогаш стоел еден голем кристален пепелник во кој Димитрије секое утро ставал пари со различна вредност, 10, 20, 50 пари и неколку сиромашни деца доаѓале и секој ден си земале онолку пари колку што им требале, притоа не претерувајќи со сумата бидејќи знаеле дека следниот ден пак ќе дојдат.

Димитрије Димитровски се запознал со својата идна сопруга Вангелица во 1922 год., кога таа дошла во дуќанот да купува и веднаш се родила љубов. Вангелица потекнувала од многу богата фамилија од Урошевац, нејзиниот татко бил велетрговец. Зборувала влашки и грчки јазик. Се венчале во 1924 год., а по една година им се родила првата ќерка Хераклија (Живка). Подоцна фамилијата се проширила со уште два члена, ќерката Олга и синот Стерјо, крстен на дедо му. [12]

 

14.13. Стерјо  Димитровски пред златарско-часовничарскиот дуќан на ул. Крал Петар, МГС инв. бр. 4452

 

14.14. Внатрешноста на дуќанот, МГС инв. бр. 4453

Појавата на фотографскиот занает се совпаѓа со пронаоѓањето на самата фотографија. Во периодот помеѓу двете светски војни фотографскиот занает во Скопје доживеал вистинска експанзија. Во 1925 год. во Скопје имало 7 фотографски ателјеа и 3 дуќани за фото-материјал. Боривое Градишки се сеќава на следните фотографи кои работеле меѓу двете светски војни: Петровиќ, Баубин, Дрнков, Арсов, Пеце (имал дуќан во Буњаковец), фото-студио “Мимоза” на Трајко Билбилов, Караџиновиќ, “Зрак”, “Холивуд” и Ковански кој  дошол во Скопје по 1932 год. [13]

 

14.15. Фотографски дуќан во Старата чаршија, МГС

 Ѓорѓи Попов, по потекло од Кочани, се преселил во Скопје  кон крајот на 19 век во 1895г. Тој е меѓу првите кои во Скопје  имале фотографски апарат и ателје. Најмалиот син на Ѓорѓи  бил скијачки тренер и судија, но и фотограф. Тој почнал да се занимава со скијање уште во 1932 година, а од 1938 година  тој  водел  курсеви за оспособување на стручни кадри по скијање во Македонија. [14]

Ковански бил еден од најпознатите фотографи во Скопје.

Скопскиот фотограф од пред Втората светска војна, г. Ковански, со своите фотографии придонел  за зачувување на историјата на градот. Тој имал свое ателје, каде што се правеле фотографии за побогатите скопјани, бидејќи сиромашните немале пари за таков луксуз. [15]

Со воведувањето на спомнатите новитети во градскиот начин на живеење во Скопје, се појавил недостиг на квалификувани кадри за одржување на водоводот, канализацијата и слично. Сите овие  и другите потреби ги задоволувале браварските работилници. [16] Во 1928 год. имало 14 браварски работилници.

Животот во градот веќе не можел да функционира без кровопокривачи, без произведувачи на предмети од цемент или вештачки камен, без поплочувачи, калдрмаџии и слично.

Занаетчиската комора на Скопје во 1934 година  подготвила Правилник за изработка на практични задачи и список на дефицитарни кадри, неопходни за потребите на градот. Такви кадри биле и гипсарите,  изработувачите на собни тавани со розети и други фигури, инсталатери на водни, канализациони и гасни водови, стручњаци за парно, водно и воздушно греење, оџачари и други струки. [17]

Уште во 1923-25 година во градот функционирале  градежни претпријатија и технички бироа.

Градежниот материјал се набавувал или порачувал во работилници. Во градот постоеле неколку стакларски работилници.

Занаетчиите претставувале броен  сталеж, но економски послаб, за разлика од златното време на занаетчиството во периодот на османлиското владеење. Во периодот помеѓу двете светски војни во занаетчиските здруженија имало вкупно 1485 занаетчии. [18] Навлегувањето на индустриската стока придонело за пропаѓање на занаетчиите.  Реткост било некој од занаетчиите да ја одржува својата работа и да премине во редовите на буржоазијата. Секојдневна и масовна била појавата на нивно осиромашување и пролетеризирање.


 

[1] Dragan Petkovski, Ulici vo Skopje so imiwa na stari, retki i izumreni zanaeti, "Etnolog" br. 2, Skopje 1992,127.

[2] Familijata Petrovi imale du}an za to~ewe na alkoholni pijalaci, sli~no na kafeana..; Miho Petrov, se}avawa,  terenski istra`uvawa vo 1995 god.,

[3] Blagoja i Qubica Kaljxievi, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[4] Bane i Ubavka Anxeli}, se}avawa, terenski istra`uvawa vo  1996 god.

[5] Borivoe Gradi{ki gi pameti Evreite kako poznati bravari vo Skopje me|u koi bile: [trin i Ru~igaj na ul. "Pa{i}eva" br. 36, Pepek na Zeleno pazar~e, [obota kaj stadionot, Sergej Bunevi}, Ja{a Kovi} (pred dene{nata Stopanska komora), Belka i  dr.

[6] Arhiv na grad Skopje, Fond 126. Fabrika za ko`i na Dim~e Vu~idolac 1890-1947, 5 Firmata e osnovana kon krajot na 19 vek od semejstvoto Vu~idolovi. Arhivski kutii 1905-1947. Prvo rabotele kako tabana za prerabotka na surovi ko`i  vo boks i {evro. Na po~etokot firmata raspolaga so kapital vo osnovni sredstva, a podocna, poradi konkurencijata,  vo 1922 god. propa|a. So dobivaweto  kredit povtorno e otvorena i prerasnuva vo fabrika za prerabotka za ko`i so zna~itelno proizvodstvo.

[7] Sv. Spiridon se proslavuval spored obi~aite i tradicijata na papuxiskiot esnaf. Postoelo veruvawe daka Sv. Spiridon go izmislil zanaetot na papuxiite  i prv napravil papu~i, pa vo negova ~est  25 dekemvri e nivna esnavska slava.

Slavata zapo~nuvala vo du}anite kade {to majstorot nosel rakija i ~estel pojadok. Toj den ne se rabotelo. Vo taa ~est se odelo vo kafeanata "Korzo", vo blizinata na Risti}eva palata i vo kafeanata na Apostol kaj crkvata Sv. Spas kade {to se igralo karti. Na denot na slavata majstorite od ovoj esnaf zaedno so srodnite zanaeti (sandalxii, konduraxii, ta{naxii) odele vo crkvata Sv. Dimitrija kade {to go osvetuvale kola~ot i kolivoto (varena p~enica so orevi). Parite za slavata se sobirale od site du}ani. Vo crkvata Sv. Dimitrija za toj den na majstorite im se osloboduvala prostorija kade {to se prireduvale gozbi. Celiot den pominuval vo viziti na majstorite od ovoj esnaf. Zoran Atanasovski, Papuxiite vo Skopskata ~ar{ija nekoga{ i denes, "Etnolog", br. 4-5, Skopje 1994, 21.

[8] Kobasi~arske radwe, Vladimir A. Ribin, "Poslovni adresar", Skopqe 1928 god., 90, Kolbasi~arski du}ani najmnogu imalo na ulicata "Kraq Petar", Adresar trgova~kih i industriskih preduze˚a za Ju`nu Srbiju 1923-1925 god., Skopqe 1923 god.

[9] Koli~inata na konzumirawe  meso vo Skopje, spored brojot na naselenieto, bila mnogu mala. Primitivnata i mala klanica ne odgovarala na potrebite na gradot ~ie naselenie rastelo paralelno so op{tiot razvoj na gradot, pa zatoa, Op{tinata   napravila plan za izgradba na moderna klanica locirana do `elezni~kata pruga, so dobito~en pazar.

[10] Marija Dimitrova, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995g.

[11] Mitre Petru{evski, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1996 g.

[12] Olga Stojanova, se}avawa, terenski istra`uvawa, 1996 g.

[13] Borivoe Gradi{ki , se}avawa, terenski istra`uvawa, 1996 g.

[14] Marina Apostolovska, "Stari semejstva-Popovi", "@ena", dekemvri 1993,  24-25.

[15] Verica Bitoqanu, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[16] .Vladimir A.Ribin,"Poslovni adresar..."Skopqe 1928, 65.

[17] .D-r ^eslav Nikitoviћ,"Zanatstvo Ju`ne Srbije", Skopqe 1934, 231-259.

[18] Rastko S. Puriћ, "Rabotni~ki jug", Skopqe 1937, 104.