topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Скопските трговци

Уште на почетокот на 20 век со интензивното навлегување на индустриски стоки и капитал се развила и домашната трговија чии носители биле Евреи, Грци, Власи, Ерменци, Македонци, Срби и други. Бројот на трговците од македонско потекло бил голем. [1]

Некои скопски трговски фамилии биле познати уште во 19 век. [2] Имало и такви кои почнале да се занимаваат со трговија уште пред Првата светска војна. Дел од нив успеале да просперираат, а други пропаднале. Во Архивот на Македонија и Архивот на град Скопје, постојат лични и семејни фондови на некои трговци, како на пример: Анастасови (1881 - 1918),  Димитрови (1888 - 1947), Петровски (1881 - 1947), Фиџо (1885 - 1954), Генови аптекари (1887 - 1948), Васил Димев (1858 - 1942), Антонија и Тома Диќа (1903 - 1941),  Ристо Железаров (1860 - 1940), Илија Крстев (1886 - 1941), Петар Лелиќ (1876 - 1931) и други. [3]

Да споменеме само некои од скопските трговци.

Во 20-тите години на 20 век Александар Тодоров, син на скопскиот трговец Сергеј Тодоров, во Скопје ја застапувал германската фирма Сименс. Локацијата на куќата на Тодорови била во близина на градскиот парк, на тогашната улица Кнегиња Зорка (денешна Димитрие Туцовиќ), каде што изградиле двокатна куќа со убав двор. По професија Александар бил електротехничар. Откако го отворил својот прв дуќан, тој станал претставник на големата германска фирма за Јужна Србија (Македонија). Чесното работење на Александар придонесувало тој да биде почитуван трговец и угледен жител на Скопје. Тој бил советник на разни здруженија, работел со банките, а бил член и на  повеќе друштва.

Куќата на Тодорови била убава и богата. Недвижниот имот на семејството брзо се проширил и тој изградил уште една куќа со осум станови. Во Козле направил и викендичка за одмор. [4]  

 Прочуената  трговска фамилија Трајковски била позната по дуќанот “Димо Трајковски и Син” кој постоел од 1870 до 1948. Во Скопје постоеле поволни услови за развој на трговијата со јажиња. Јажарските производи биле барани на сите европски пазари за опрема на караваните, бидејќи во тоа време, речиси целата стока се пренесувала со добиток. Подоцна, фирмата ја проширила дејноста, односно станала експортно - импортна и увезувала производи од Париз, Марсеј, Берлин, Солун, Прага, Софија и слично. Во 1938 година фирмата прераснала во текстилно - индустриско претпријатие со истото име. [5]

 При опишувањето на здравството и санитетот во Скопје во периодот од 1918 до 1941 година, беше спомнато името на аптекарот Милан Генов. Освен со аптекарска дејност, тој се занимавал и со трговија со фотографски апарати, фотоматеријали, колонска вода, разна парфимерија,  машини за правење сода - вода,  билјарди за играње и разни анилински бои. Тој, преку писма, дури и  ги подучувал своите муштерии - купувачи за ракување со фотоапарати и таа услуга ја наплатувал. “Моето време е скапо” - му пишувал Милан на својот клиент Петар Димков. - За подучувањето ќе ми платиш една лира. [6]

Во овој период во Скопје постоеле неколку печатници кои ги снабдувале книжарниците со книги, списанија и слично, а во тие рамки и со канцелариски материјал.

За развојот на трговијата во Скопје, како и за скопските трговци, зборува и подолунаведениот податок за книжарницата на браќата Зекманови (Зекмановиќ) (1934 - 1946). Основна задача на книжарницата била продавање на книги учебници за сите училишта, разна литература, целокупен училишен прибор, разгледници и разни обрасци за административни потреби. За врските на книжарницата на браќата Закмановиќ сведочат  документите. [7]

Во познатите скопски трговци се вбројува и Петар Анастасов Чучукпетров.

Архивскиот фонд на скопскиот трговец Петар Анастасов (Чучукпетров) е еден од пообемните. Тој содржи девет архивски кутии, лична преписка и 52 разни трговски книги. Од целокупниот материјал се гледа  дека овој угледен скопски трговец одржувал трговски врски со разни трговци од земјата и од странство. Меѓу странските партнери особено се истакнуваат врските со главната Унгарска банка и Анонимното трговско друштво за банки, трговијата со Будимпешта, како и врските со големи трговски фирми од Солун, Софија и сл.

Во почетокот, работата на  фирмата ја водел  Петар Анастасов, а потоа неговиот син Кирил Анастасов. Трговската фамилија Анастасови - Чучукпетрови потекнува од Велес, а во Скопје се доселила кон крајот на 19 век. Петар Анастасов имал големо семејство од седум деца. Тој прво  започнал со ситна трговија. Набргу, неговиот мал трговски дуќан прераснал во фирма за увоз на стоки што биле дефицитарни на ова подрачје. Во првите децении на овој век, фирмата на Анастасови станува водечка во Скопската чаршија.

По се изгледа, поради нискиот раст, Петар Анастасов од пријателите бил наречен чучук (мал, низок - тур.) што потоа станало негов прекар. За време на бугарската и српската окупација,   тој почесто се спомнувал како Петар Чучукпетров, а не Петар Анастасов. Сопругата на Петар, Султана, исто така, уживала посебен углед во градот. Таа често била избирана за претседателка на разни здруженија, била покровителка на одделни активности, особено на хуманитарни.

Децата на трговецот Петар Анастасов - Чучукпетров биле школувани, знаеле по неколку странски јазици. Најстариот син, Владимир (се оженил во 1910 г. со Ефка Коробар од Велес), ја водел коресподенцијата на фирмата на татко му на турски, еврејски, француски и бугарски јазик. Во архивските трговски тефтери на Анастасови е забележан разновиден и броен асортиман на артикли за продавање. Особено големи приходи фамилијата остварувала од продавање на топчиња од афион. Асортиманот на магацинот на Петар Чучукпетров често бил збогатуван со увозни артикли: маслинки, лимони, чај и друго.

Освен со внатрешна трговија, Анастасови, исто така, тргувале и  со многу европски и воневропски градови и земји. Така, од Венеција набавувале свеќи и парафин, од Стокхолм смола (катран), од Ѓенова талк, од Марсеј кожи, од Лондон син камен, од Виена сода (каустична), бои и стипса, од Брисел спортски патики и др., а од Бразил кафе и чај. [8]

За трговецот Анастасов стоката од странство и за странство била пакувана во бали, буриња, вагони и таа била праќана по железница или со бродови најчесто преку Трст или Солун. Затоа фирмата била принудена да отвори филијала во Солун.. [9]

По смртта на носителот на фирмата и поради неплатените долгови кон доверителите, синовите на Петар Анастасов (во тоа време Анастасовиќ) биле принудени да банкротираат. Многучлената семејна зедница останала без никакви приходи и се распаднала. Секој од синовите на трговецот Петар со своето семејство бил принуден да се ангажира во друга дејност, што не било многу лесно.

Еден од синовите на Петар, сепак, успеал да го продолжи животното дело на својот татко, но документи за тоа речиси не постојат. За ова придонесе земјотресот од 1963 година, а претходно и поплавата во Скопје, кога голем дел од документите биле уништени. [10]

 

15.1. Фамилијата на скопскиот трговец Петар Анастасов Чучукпетров, Скопје 1910-11 год., МГС инв. бр. 2902

 

15.2. Владимир Анастасов, син на Петар, кој во фимата на неговиот татко ја водел целокупната коресподенција на пет странски јазици, МГС

 

15.3. Извадок од книгата на должници на скопскиот трговец Петар Анастасов , Архив на Македонија, семејни фондови 717, кут. 1; 01

 

15.4. Извадок од магацинска книга од 1898 год., Архив на Македонија, семејни фондови 717, кут.1; 01

 

За сé што се внесувало во Скопје била плаќана такса. Во 1927 година во Скопје имало 27 трошарини и тоа: Ајдар Баба, Тетовски Пат, Чадор, Црвена змија, Чаир, Кумановски Пат, Кланица, Болница, Киришана, Изгорен млин, Главна станица, Брзовоз магацин, Царинарница, Железнички магацин,  Дочек на возови, Пумпа, Тахтаилиџе, Главна пошта, Идадија. [11] Постоела и уште една трошарина на Драчевскиот  Пат. [12]

Како куриозитет е податокот според кој за внесување на еден плуг требало да се плати од  300 до 500 динари, односно, онолку колку што се плаќало за внесување на еден клавир [13] што не претставувал неопходен предмет за  егзистенција. Но, од друга страна, со оглед на тоа што за овој факт се пишувало во дневниот печат, може да се констатира интересот на новата граѓанска класа за музички инструменти. Ваквиот вид побарувачка  на дел од граѓаните во Скопје веќе не претставувала само мода, туку тоа станувало неопходност во нивниот секојдневен живот.


 

[1] Aleksandar Apostolov, Razvitokot na trgovskata ku}a Arso i Milan Genovi, "Godi{en zbornik" kn. 20, Filozofski fakultet-Skopje, 1968, 241.

[2] D-r Jovan Haђi Vasiqeviћ, "Skopska industrija i trgovina i skopski trgovci u 19 veku", Beograd 1933, 3-34.

[3] "Vodi~ niz arhivskite fondovi", Arhiv na Makedonija, kn. 6.

[4] Marina A. Hristova, Humanosta i ~esnosta kako na~in na `iveewe, Spisanie "@ena", Skopje mart 1995, 16-17.

[5] Arhiv na Makedonija, Fond 134. Tekstilno-industrisko pretprijatie "Dimo Trajkovski i Sin"-Skopje

[6] Aleksandar Apostolov, "Razvitok na trgovskata ku}a...", 246.

[7] Arhiv na grad Skopje, Fond 129. Kni`arnica na bra}ata Zekmanovi} (1934-1946), kut. 2, 02.

[8] Arhiv na Makedonija, Fond 117. Semejni fondovi, Anastasovi, kut.1;01

[9] Dodeka Petar ja vodel trgovijata, negovata sopruga Sultana go vodela seto doma}instvo. Taa duri na svoite snai im ka`uvala {to treba da oble~at pri izleguvawe, a za odbele`uvawe e i toa deka taa slavna skopjanka imala mo{ne dobar vkus: ja sledela modata i gi prifa}ala site doneseni noviteti vo Skopje. Sultana ne samo {to go vodela doma}instvoto, tuku taa go organizirala i `ivotot na decata, snaite i vnucite vo semejnata zaednica. Skopje nea ja pameti kako pretsedatel na Dru{tvoto na Knegiwa Zorka, vo koe{to ~lenuvale i site nejzini snai: Efka, Ef~e (drugata snaa, koja{to za da se razlikuva od `enata na deverot, se narekuvala nagaleno  Ef~e), Marija, Sava i Rajna

[10] Sun~ica Nikolovska, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[11] "Almanah op{tine grada Skopqa 1918-1928 godine", Skopqe 1928, 56.

[12]  Miodrag Haxi Risti}, se}avawa, terenski istra`uvawa vo 1995 god.

[13] "Na{a re~", List za dru{tvena, kulturna i privredna pitawa, god.1, br.1 od 25.02.1939, 6.