topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Надворешна трговија

Надворешната трговија играла значајна улога во развојот на градот. Трговците во Скопје увезувале модерни производи за тоа време. Трговските врски со странските држави биле поттикнувани и штитени од државата.  Така, во 1930 година, д-р Јосип Мацан, вице-конзул, зел учество на Деветтото годишно собрание на Трговско-индустриската комора на Кралството СХС,  одржано во Солун. [1]

Обемната стоковна размена со соседните градови и со подалечните земји (Босна, Србија, Бугарија, Русија, Австрија итн.) значително придонела за економскиот просперитет на Скопје. [2] Со порастот на извозот на одредени производи, нивото на животниот стандард во градот се менувало во позитивна насока. Така на пример, вистинска пресвртница во скопското кожарство настанала со појавата на индустриското претпријатие на Димче Вучидолов за преработка на кожи и примената на машина на пареа и автоматско буре за исплакнување на кожи  донесени од Лондон во 1906 година. Со овие новитети се променил и технолошкиот процес на обработката на кожи. [3]

Кон крајот  на 1920 година претпријатието покажало високи резултати.

Синот на познатиот скопски кожар, Велко Вучидолов, спомнатиот Димчо, уште во првата деценија на 20 век бил испратен од својот татко во Америка и Англија со цел да се запознае со модерните индустриски претпријатија за кожи и таму да се обучи. По враќањето во Скопје, сите донесени белешки и документи ги користел во натамошното кожарско производство.

Во 1931 година Димче Вучидолов имал тесни врски со внатрешноста на Македонија, со соседните земји и со одделни кожари ширум Балканот и пошироко. [4]

Уште во 1923 - 1925 година во Скопје постоеле агентурно - комисиони увозно-извозни претставништва, како на пример на Аца Љ. Милошевиќ, Мустафа и Асео,  Стеван Наркачевиќ и Бирото на Тодор Ст. Еличиќ. [5]

Освен наведените агентурно - комисиони увозно - извозни претпријатија, во Адресарот на трговските и индустриски претпријатија се забележани и [6] бакалски работилници, бакалски дуќани, трговски салони  итн. [7]

Трговијата со тутун била една од најзначајните. Во Скопје биле изградени четири огромни згради што служеле исклучително за извоз на тутун. [8]   Анализирајќи го производството и извозот на нашиот тутун, претставникот на скопската Трговско-индустриска комора, Спиро Хаџи Ристиќ,  на конгресот на стопанственици, одржан на 3 и 4 септември 1927 година во Белград,  ја образложил состојбата на тутунот во Јужна Србија. [9] Тој истакнал дека создавањето на голема Тутунска банка со седиште во Скопје би дало можност за поседување на голем капитал [10]   и дека овој капитал би бил потребен за натамошниот просперитет на градот Скопје.

Како составен дел на надворешната трговија во Скопје биле опиумот, афионот, памукот, боровата смола и слично. Енергичниот и снаодлив Цветко Сајковиќ, од Брезица се преселил во Скопје и ја монополизирал трговијата со смоларски производи кои ги откупувал и продавал, па дури и ги извезувал во странство. Цветко не дозволувал никаква конкуренција во оваа дејност, а на смоларите им давал и аванс за сигурност. Кај него во 1928 година цената на калофониумот била 3 динари за ока, а во 1929 - два динара, терпентинот 8 динари, а борината се продавала од 1 до 3-4 динари за ока. [11] Со ваквите енергични и активни трговци трговијата во Скопје растела, а градот се развивал.


 

[1] “9-годишња Скупштина Трговачке и индустриске коморе Југославије у Солуну”, Солун 1930, 3.

[2] Ристо Кантарџиев, “13 години од отворањето на првото световно училиште во Скопје”, Годишен зборник  кн. 4, Скопје 1978, 355.

[3] Борислав Благоев, “Монографски материјали за раѓањето и развитокот на индустријата во Македонија”, МАНУ, Скопје 1979, 20.

[4] Архив на Македонија, Фонд 126. Индустриски претпријатија, Фабрика за кожи на Димче Вучидолов-Скопје (1905-1947), 1;01

[5] "Адресар трговачких и индустриских предузећа за Јужну Србију 1923-1925”, Издање књижаре Тополовић и Стојковић, Скопље 1923, 71-72.

[6] Исто, 72

[7] Исто, 91-92

[8] Мил. Р Гавриловић, “Привреда...”, 3-5.

[9] Исто, 12-13.

[10] Спиро Хађи Ристић, “Производња и извоз нашег дувана”, Београд 1927,14.

[11] Шацки Валентин, Смоларење у шумама Брезице и Тажева, ГСНД , књ. 2, Скопље 1929, 143.