topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени

Анализирајќи ја структурата на увозните и извозните артикли во Скопје, се забележува влијанието на трговијата врз промените во културата на живеење на населението на Скопје и Скопско. Трговијата и трговските врски највеќе влијаеле врз формирањето на граѓанската класа во овој период,  бидејќи под влијание на индустриското производство и дејноста на скопските трговци, скопјани забрзано ги напуштале старите традиционални форми на живеење и ги прифаќале новите.

Постојаните контакти на голем број трговци, занаетчии и  интелектуалци со  развиените европски и воневропски трговски центри, придонело за носење и воведување на новитети кои  духовно осиромашеното население ги прифаќало и ги збогатувало своите секојдневни животни потреби.

Сепак, животот во Скопје во секоја фамилија се менувал на свој начин. Побогатите увезувале покуќнина за своите домови од странство, додека посиромашните употребувале домашно изработени производи. Секако, изгледот на скопската куќа целосно се променил по углед на западноевропските куќи.

Трговијата одиграла огромна улога и во облекувањето на граѓаните. Облеката направена од разновидно домашно ткаено платно постепено била заменета со облека од индустриското платно. Во градот забрзано навлегувала модата во облекување од Запад (а ла франга) и била прифатена независно од возраста и етничката припадност. Антериите, џубињата, елеците и слично се забележувале само кај постарите жители на Скопје. Во Скопје се појавиле костуми и фустани донесени од големите трговски центри, но и шиени по модели од  модни списанија. Облеката била шиена од увозни ткаенини кои во градот ги имало во изобилство. Стовариштето “Базар Камхи” во Скопје, следејќи ја светската мода, во градот го донел велурот од различна мостра, еднобоен  и кариран, различни завеси од штоф, кадифени гарнитури за салони (драперии и чаршафи), креветски чаршафи од лен и кадифе, теписи од највисок квалитет итн. Увезените производи биле со поголеми  димензии, што било новитет за градот. “Базар Камхи” на граѓаните им нудел и мушами за маси, линолеум во секакви димензии за покривање на под и друго. [1]

Електропретпријатието и бирото за електромашински работи на инженерот Арам Пиосиан на скопјани им нудело проектирање и изведување на сите електромашински работи и стручни поправки на радиоапарати.

Електротехничкото претпријатие на Боривоје Михајловиќ располагало со секаков вид материјал за јака и слаба струја. Ова претпријатие било генерален застапник на радиоапаратите Филипс.

Така, благодарејќи на скопските трговци и нивните трговски врски, животот во градот многу брзо се менувал и унапредувал. Тоа што пред извесно време се сметало за луксуз, станувало секојдневие. Од сето ова може да се заклучи дека трговијата и трговските врски одиграле голема улога во натамошниот развој на градот Скопје, во формирањето на неговата граѓанска класа и во промените во секојдневниот живот што претставувало еден континуитет во културната еволуција на неговите жители.


 

[1] "Adresar trgova~kih i industriskih... ", 270.