topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Скопската трговска младина

Во периодот 1918 - 1941 година скопската трговска младина претставувала сосема нова појава, бидејќи нивните претходници биле самоуки и самоникливи трговци или пак обучени надвор од Скопје и Македонија.

Во наведениот период скопската младина можела да го креира своето образование и да го насочи во определен правец. Така, во Скопје,  веќе биле создадени услови за формирање на трговски стручни кадри. Во 1920 година во Скопје била формирана Трговската школа на скопската младина. [1]

 

15.5. Ученици во Трговското училиште на Скопската трговска младина, 1923 год., од фототеката  на МГС

 

Со унапредувањето на одделни стопански гранки, се појавила и потреба од стопански институции кои придонеле за развој на стопанството, водење на евиденција и статистика на нивниот пораст и слично. Ваквите институции биле распределени во две групи и тоа: стопански и културно - стопански. Во првата група спаѓала Трговско-индустриската комора во Скопје којашто била основана уште во 1913 година како Одделение на Трговската комора од Белград. Со брзото унапредување на трговијата се појавила потреба за основање на самостојната Комора во Скопје. Така, во 1921 година била донесена Уредба за оваа институција, според која нејзините членови се избирале на две години и тоа само од скопските трговци. [2]

Трговско-индустриската комора со седиште во Скопје опфаќала голема територија [3] , управувана од 44 члена од кои  12  биле од Скопје, шест трговци [4]   и шест индустријалци кои го сочинувале Советот.

Во 1925 година бил донесен Статут на Трговско - индустриската комора, потпишан и одобрен од Белград (бр. 1 310).

Овој Статут стапил во сила веднаш по неговото одобрување од Министерството за трговија и индустрија во Скопје. Во почетокот на 20-тите години на 20 век, Комората ја сочинувале: Т. М. Поповиќ-претседател, Драг. Милиќевиќ-секретар, Тодор Родаковиќ-потпретседател и осум членови: Спира Милошевиќ, Беќир Емин, К. Ризовиќ, Моис Асео, Паја Манојловиќ, Властимир  В. Милкиќ, Зејнел Јусуф Мурина, Д. Вучедолец. [5]

Освен во наведените институции за водење на сметководство, книговодство и законодавство, скопската младина се образувала и во други училишни центри и школи. Една од нив била Државната мајсторско-сметководна вечерна школа во Скопје каде што учел братот на спомнатиот Теофан Вулгаракис - Захарија, леар од воената артилериска работилница во околината на Скопје, во Ханриево. Во тоа време, овој воен објект бил познат како Пиротехнички завод.  Во 1937/38 учебна година директор на школата бил Душан Андрејевиќ, а професори: Јован Поповиќ, Јован Весели (стручен наставник), Александар Кирковиќ (инспектор од Министерството за трговија и индустрија) и др. Меѓу предметите од наставниот план биле и книговодство и законодавство. По завршувањето на оваа вечерна школа, на пример, Захарија Вулгаракис, познавајќи го одлично книговодството, положил завршен испит на машинското одделение пред Одборот за испити со многу добар успех и добил звање мајстор на леарскиот занает. [6]

Голем придонес во стручното оспособување на скопската трговска младина одиграла и Библиотеката на Трговската скопска школа. Библиотеката на скопската трговска младина, со полн фонд на книги од домашни и странски автори, била отворена за читателите секој понеделник и петок од 7, 30 до 21,00 часот. Младинскиот отсек бил организатор на низа популарни предавања од областа на науката, а со цел унапредување на стручното  и општото образование на своите членови. [7]

Од овие податоци станува јасно дека во Скопје се раѓала, растеле и јакнела една нова генерација, како дел од скопската граѓанска класа, која своето стручно образование можела да го стекне во својот роден град.


 

[1]  Postignatite rezultati na ova u~ili{te }e gi prosledime od izve{tajot za 7 {kolska 1927/1928 godina. Osnovni predmeti na teoretskata nastava bile: krasnopis, smetawe, knigovodstvo, dvojno knigovodstvo, trgovska prepiska (teorija i praktika), trgovsko pravo, ~ek kako zamena na pari ili kako plate`no sredstvo, ste~ajno pravo, konterska rabota, poznavawe na stokata, gra|ansko pravo, narodna ekonomika (proizvodstvo, promet, podelba na dobrata), rabotni~ko zakonodavstvo, trgovsko zemjoopi{uvawe i soobra}aj, francuski jazik i carinarstvo.

Teoretskata i prakti~nata nastava vo ovaa {kola za podgotovka na trgovci ja dr`ele slednive nastavnici: g. Veqa Batiwi}, prof. na Dr`avnata trgovska akademija vo Skopje (knigovodstvo na 2,3 i 4 godina); g. Dim. Dimitrijevi}, {ef na prepiska na filijalata na Francusko - Srpskata banka koj{to predaval prepiska (korespodencija) na 2,3 i 4 godina i francuski jazik; g. Jovan @. Jovanovi}, profesor na Dr`avnata trgovska akademija (smetkovodstvo na 2, 3 i 4 godina); g. Milisav Kastratovi} (srpski jazik na 2 i 3 godina); g. Du{an Tomi}, in`ener, pomo{nik na sekretarot na Trgovsko - industriskata komora (poznavawe na stokata i trgovsko zemjoopi{uvawe na 1, 2 godina i carinarstvo); g. Pavle Gor~evi}, sekretar na Prvostepeniot sud (meni~no pravo na 3 i 4 godina i gra|ansko pravo na 1 i 2 godina); g. Dragan Stamenkovi}, sudija na Prvostepeniot sud (trgovsko pravo na 3 i 4 godina i ste~ajno pravo na 4 godina i narodna ekonomika na 2 i 1 godina); g. Sava Milosavqevi}, {kolski nadzornik (srpski jazik i krasnopis na 1 godina ); g. Milivoje Gavrilovi}, sekretar na Trgovskoto zdru`enie (kontoarski raboti na 1 i 2 godina).

Spored veroispovedta sostavot na u~enicite pri zapi{uvaweto vo ovaa {kola bil sledniot: pravoslavni i rimokatolici, muslimani i mojsievci. Osven toa, vo Izve{tajot se navedeni i u~enicite spored nivnite uspesi vo u~eweto, a posebno se istaknuvale onie, so odli~en uspeh: Konstantin Cilivirovi}, Anri Faraxi, Ilija Klipa, Teofan Vulgarakis i Kirilo S. Dobri}.  Izve{taj za 7 {kolsku 1927/28 godinu, Trgova~ka {kola srpske omladine, Skopqa, 1928, 2-20.

[2] Uredba o Trgova~ko-industriskoj komori u Skopqu, "Vardar",  D. Dimitrijeviћ.

[3] Mil. R. Gavriloviћ, "Privreda... "174-175.

[4] Isto, 175.

[5] Statut Trgova~ko-industriske komore u Skopqu, Skopqe 1925, 38-39.

[6] Du~o Krango, se}avawa." Metalcite vo NOD", Skopje 1980, 24-29, 35,37,193.

[7] "Na{a re~"  7 - 8.