topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Скопските пазари

Во 1928 година во Скопје постоеле  пазари што биле останати од минатото. Сепак, градските власти издвоиле средства за изградба на уште два непокриени и  два покриени пазари, како и на еден центар за продавање добиток - Добиточен пазар, лоциран покрај модерната кланица. Пазарната такса се наплатувала според единствена тарифа, одобрена од Министерството за финансии, а годишниот закуп чинел 750.000 динари. [1]

Скопје во периодот 1918 - 1941 година бил главен снабдувачки центар кој со својата развиена трговија и добра транзитна положба снабдувал голем број поблиски и подалечни градови и села со домашни и увозни артикли. [2]

Помеѓу двете светски војни во Скопје постоеле пазари кои се нарекувале според стоката што таму се продавала:  Ат-пазар (за сено, слама, тркала и прибор за кола), Којин-пазар (за ситен добиток), Ајван-пазар (за крупен добиток), Пастрма-пазар (за суво месо - пастрма од коза и овца), Тереќе-пазар (за жито), Јаг-пазар (за масло и слично), Зарзават-пазар (за зеленчук). Покрај овие пазари постоел и Арпаџик-пазар (за ситен кромид за садење  - арпаџик) кој не се мешал со другите зеленчуци, Чумлек-пазар (за сирење, урда, млеко), Тенекеџи-пазар (за продавање на лимарска стока), Лал'н-пазар (за налани и други изработки), Јемиш-пазар (за овошје), Волна-пазар (за волна и волнени изработки), Бал'к-пазар (за сува риба) и други.

На одредени места на Бит-пазар се продавале асурци (рогожи), а имало и уште Базарџан (за ситнурија), Кари-пазари или Женски пазар и слично. [3] Пазарни денови во Скопје, кога доаѓале најмногу продавачи, биле вторник и помалку во петок и понеделник. [4]

 

15.6. Пазариштето пред Алаџа Џамија, МГС инв. бр. 144

 

15.7. Дел од Бит Пазар каде што се продавале земјоделско-прехранбени продукти. На фотографијата се гледаат жени во народна носија од Скопска Црна Гора, МГС инв. бр. 267

 Во разни периоди скопските пазари изгледале различно. Во 1931/32 година се забележува опаѓање на животниот стандард на населението, кога  и пазарот изгледал поскромно:”... на пазарите во Скопје нема доволно квалитетен зеленчук, јајца и пилиња кои се носат од Гњилане, зелка од Куманово, кромид од Тетово, прасиња од Врање. Месото на скопскиот Пазар е од низок квалитет..” [5]    Секако дека овие зборови се само една епизода од животот во Скопје, бидејќи имало и подобри времиња и побогати пазари за кои пишувале голем број посетители, гости или патеписци во минатото.

 

15.8 Пазар во Скопје каде што се продавале разновидни производи. На фотографијата се гледаат грнчарски производи, МГС вл.бр 7820

 

15.9. Дел од Старата чаршија во пазарен ден, МГС инв. бр. 132

 

На левата страна на р. Вардар во Скопје имало три пазари и тоа: големиот Добиточен пазар во Чаир, Бит-пазар и пазарот кај Валијата (кај денешната црква Св. Спас). На десната страна на р. Вардар бил лоциран пазарот кај Артилериската работилница. Најзначаен меѓу нив сепак бил Бит-пазар -вошлив пазар кој по укинувањето на пазарот кај Валијата, станал уште позначаен.


 

[1] “Алманах општине града Скопља...”, 39-40.

[2] .Владимир А. Рибин, “Пословни адресар...”, 45.

[3] Д-р Јован Хађи Васиљевић, “Скопље и његова околина”, Београд 1930, 110-111.

[4] Проф. Тома Смиљанић-Брадина, “Скопље и оклина”, 15.

[5] Оскудице у хотелима у Скопљу, “Вардар” бр.2, од 8 мај 1932, 7.