topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Скопје како трговски центар
Скопските трговци
  - Внатрешна трговија
  - Надворешна трговија
Трговските врски како културна еволуција во начинот на живеење и материјалните промени
  Скопската трговска младина
  Скопските пазари
  - Асортиман и цени на скопските пазари
  - Улични трговци
   

Асортиман и цени на скопските пазари

Што сé се продавало во градот во 30-тите години на 20 век може да се види од документите на агентурата “Комисион увоз - извоз” на Алберт Абраванел кој ги нудел следните трговски артикли: алати за секаква индустрија, бело железо, бижутерија, волнено предиво, метални делови, гумени производи, дрогериски производи, копчиња, есенции, игли, јажиња, колонијална стока, прехранбени производи, часовници од сите видови, шарки, штофови итн. [1]

Како дополнување на овој список, може да се наведат и некои посебни артикли од Складиштето и Работилницата на Робер Абелес од Белград чиешто застапништво се наоѓало во Скопје. Спомнатото складиште ги нудело сите видови терпентинско масло, странски восок, смола, хемиски суровини за индустриски потреби, крема за обувки, сапун, кожа, свеќи, столарски производи итн. [2]

Скопските весници придонесувале за унапредување на трговијата и за афирмација на трговците, публикувајќи не само огласи и асортиман, туку и давајќи целосен преглед на увезената и домашната стока. Така, “Скопски гласник”, бр. 169 од 28.08.1931 година [3] ги дава следните податоци за увезениот памук и неговите производи: памук суров и обработен 33.236 кг., памук за чистење - 2.054 кг., памучно предиво едноструко - 780.525 кг. памучно предиво на ситно - 223.782 кг. памучни мазни ткаенини - 176.881 кг. памучно кадифе-сомот - 1.614 кг., памучна плетена и преплетена роба - 8.357 кг. памучна чипка од сите видови - 808 кг., памучни ленти - 262 кг. памучни ткаенини од сите врсти - 12.298 кг., памучни марами - 13.251 кг. памучни теписи - 10.988 кг., памучни завеси во сите бои - 1.513 кг. и друго.

Во  споменатиот период во градот постоела и специјализирана трговија и тоа златарски дуќани, дуќани за детски играчки, дуќани за есенции за правење на бонбони, ликери, парфеми и слично. Освен тоа, имало и голем број јорганџиски работилници, саатчиски, казанџиски и други дуќани. Имало дури и посебен дуќан за ловџии, каде што можело да се набави целокупен ловечки прибор и опрема (дуќанот на Трајко Х. Николиќ и дуќанот на Андреја Тодоровиќ). [4]

Најголем број од  скопските дуќани биле со мешовита стока. Се тргувало на големо и мало, со странска и домашна стока, се плаќало во готово, на кредит или се земало на вересија.

Во градот голем број трговци се занимавале со увоз - извоз на првокласна стока од познатите светски фабрики. [5]   Скопските трговци со машка модерна галантерија, браќата Славко и Панче Крстеви, секоја година го зголемувале својот трговски биланс. Овие трговци тргувале со Љубљана, Вараждин, Суботица, Марибор, Нови Сад, Крањ, Загреб, Белград, а исто така и со Виена,  Лондон, Софија итн. [6]

Во 30-тите години на 20 век во Скопје била мошне позната трговската фирма на Браќата Куртовски коишто тргувале со памучно предиво, кафе, ориз, црвена пиперка, к'на, ќеси од хартија, гајтани, копчиња, чаши за вода, мониста, локум, бонбони, бисквити, алва, чај, шишиња за ламби, сапун, боја за волна, ножеви, маја за сирење, огледала, цедила за млеко, балсам, свеќи и друго.

Со унапредувањето на фирмата, трговските врски на браќата Куртовски станувале сé појаки. Тие воделе Агенција (или дел од неа) за транспортирање на турските иселеници од Скопје до Истанбул. Чистата заработувачка на фирмата со провизија изнесувала над 3.000 динари. Подоцна овие трговци ја покривале Македонија и нивниот капитал се зголемувал. [7]

Во натамошниот живот во Скопје сé до Втората светска војна се тргувало со сé и сешто, но се прифаќало најдоброто, најубавото, најмодерното и најквалитетното.

Многубројни занаетчии, трговци, продавачи и слично, секогаш биле на располагање на жителите на Скопје и им нуделе безброј услуги.


[1] Владимир А. Рибин, “Пословни адресар...”, 48.

[2] Исто,49.

[3] Исто, 55-59.

[4] Исто, 83-85,100.

[5] "Адресар трговачких и индустриских...”, 270.

[6] Архив на град Скопје, Фонд 289 (374). Помодна галантерија на браќата Крстеви, Скопје 1928,44, кутија 2;02

[7] Архив на град Скопје, Фонд 292 (375). Трговска фирма на браќата Куртовски, Скопје 1923/41 год., кут. 2; 02.