topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Развој на пожарникарството во Скопје

За јавната безбедност во градот се грижеле и пожарникарите. До крајот на 19 век во Скопје немало организирана пожарникарска служба и луѓето сами си помагале при гаснењето пожари. Во првите години на 20 век пожарникарската организација во Скопје изгледала сосема скромно. Во Уќуматот имало 10-15 кофи за вода, 2-3 канџи, 2-3 секири, а во дворот една рачна пумпа. Појавата на пожар се јавувала со пукање на топ на Кале и тоа едно пукање за левата страна на Вардар, а две за десната. Циган-трубач во Циганското маало давал сигнал за тревога на што Циганите се упатувале во Уќуматот во Општината, земале канти со вода и друг алат и ја одвлекувале пумпата на местото на пожарот. Во првата деценија на 20 век биле набавени дрвени буриња на тркала за коњска запрега, а во случај на пожар, чистачите на улици ги оставале своите коли, па брзале на коњи да ги донесат споменатите буриња на местото на пожарот. Во 1912 год. Општината имала пожарникарска организација од 10 луѓе и 1 старешина, а за носење на пумпата во шталата постојано имало по еден коњ. Дрвените буриња служеле и за полевање на улиците. [1]

Наглиот развој на Скопје по 1918 год. барал подобра организација на Пожарникарската чета бидејќи Општината, по војната, располагала само со неколку рачни пумпи (поточно со две) кои биле набавени за време на турскиот султан Абдул Хамид и биле речиси неупотребливи. [2] Во истата година, Општината вовела постојана Пожарникарска чета која покрај двете пумпи, била снабдена и со три цистерни со воловска запрега со кои се полевале улиците.

Во 1921 год. бил доделен поголем кредит за поправка на старите пожарникарски направи, за набавка на црева и прибор, како и за дрвени буриња за вода. И хидрантите на градскиот водовод во најважните места во градот биле поправени за да можат да í служат на Пожарникарската чета која била сместена во касарната на Кале и имала свој телефон за аларм.

Во 1923 год. Пожарникарската чета била униформирана, а бил набавен и нов пожарникарски прибор. Униформата се состоела од: шинел, блуза, панталони, шајкача со пожарникарска значка, чизми и мушама.

 

19.2. Противпожарникарската чета на градот Скопје. Командирот на четата, Петар Маркус, пред кола “Мерцедес-бенц”, донесена во Скопје во 1936 год. МГС инв. бр. 2488

 

19.3. Ачим Поповиќ со семејството пред пожарникарската кола. Ачим Поповиќ бил во Управниот одбор на Пожарникарската чета, МГС инв. бр. 4496

 

19.4. Гаснење   пожар, МГС

 

19.5. Противпожарникарската чета во акција, МГС инв. бр. 2484

 

Честите пожари нанесувале огромна штета, а тоа било причина за организирање и снабдување на Пожарникарската чета на сличен начин како во големите градови. Затоа, Судот на Општината решил да изврши набавка на модерни автонаправи и пожарникарски прибор. За новите автонаправи била изградена голема гаража. Полевањето на улиците со коли било сосема укинато, а за таа цел биле набавени уште два половни авторезервоари, а на Вардар, во специјални шахти биле монтирани електромоторни пумпи за снабдување на авторезервоарите со вода, како за потребите за гаснење пожари, така и за полевање на улиците. [3] Во почетокот на 1926 год. Пожарникарската чета ги имала овие апарати: автомобил за пожарникарите со механички скали и целокупен прибор за гаснење пожар, марка “Laurin i Klement", механичка скала од 18м., бензинска пумпа на 2 автогуми, автоцистерна со запремнина од 3500 л. вода, автоцистерна со запремнина од 3000 л. вода, кула со резервоар од 6000 л. вода, парна пумпа, црева “носилки” и спирално свиткани, шприцеви со чешми, мушама за спасување, гас-маска и комплетен пожарникарски алат.

Пожарникарската чета се состоела од: еден командир, еден десетар, пет шофери, еден ракувач на мотори и 16 пожарникари.

Според статистиката, најмногу пожари предизвикувало паѓањето на оџаци, а најчести пожари имало во август и јануари. Оџаците претставувале голема опасност бидејќи биле непрописно градени, па огнот лесно се пренесувал од оџакот на дрвената конструкција, на таванот и на покривот.

Во јули 1933 год. стапил во сила нов закон за пожарникарство. Пожарникарството било поставено пред нови задачи со многу проширен делокруг на работа. Пожарникарските организации добиле особено важна и одговорна улога во одбраната на земјата, а според членовите 46, 57 и 66 од Законот за внатрешна управа, пожарникарските чети се дефинирале како органи за јавна безбедност. Според првиот член на овој Закон, целта на пожарникарството    не било  само сузбивање на пожар, туку воопшто укажување  помош во сите несреќи, каде што им се заканувала  опасност на луѓето и народниот имот. Според новиот Закон, југословенското пожарникарство се состоело од пожарникарски чети кои морале да бидат членови на пожарникарски жупи според административната поделба на бановини. Жупите се групирале во заедници, по бановини и избирале претставници за Пожарникарскиот сојуз на Кралството Југославија, со седиште во Белград кое било врховен орган на пожарникарството во земјата, а под управа на Министерството за физичко воспитување.

Материјалните средства за организација на пожарникарството во земјата се добивале од надлежните министерства,  индустриските претпријатија и општината. И сите осигурителни друштва во земјата, 6% од премиите наплатувале  за осигурување против пожар.

Со Законот биле предвидени 4 видови пожарникарски чети: доброволни, индустриски, официјални ( професионални) и задолжителни. Општините на градови со повеќе од 50.000 жители морале да имаат официјална пожарникарска чета чиј број требало да биде соодветен на  бројот на жителите и тоа на секои 4000 жители по еден пожарникар. Според  Законот,   пожарникарството ја добило и задачата за пасивна одбрана на земјата со што пожарникарството добило статус на  орган за јавна служба. Затоа, пожарникарството требало да се грижи за начинот на укажување помош на војската во поглед на обезбедувањето мир на населението. Пожарникарството имало должност да презема превентивни мерки против пожари, да обезбеди полициско-пожарникарска служба, помош во случај на потрес, поплава и помош на населението во случај на непријателски напад од воздух, против задушливи гасови и бомби. Во делокругот на пожарникарите спаѓало и уредувањето на засолништа, евакуација и засолнување на населението, снабдување со вода, санитетска служба, уредување на станици за прва помош и сл. [4]

По стапувањето во сила на овој Закон, во 1933 год., членовите на  Пожарникарската чета на Скопската општина свечено положиле заклетва. Според новиот Закон, оваа чета добила нов назив “Официјална пожарникарска чета” на град Скопје. Новата организација се состоела од заповедник, општински инженер и општински лекар. [5] Оваа чета се делела на три одделенија: навално-одбранбено кое имало 3 отсека: качувачки, прскачки и  чуварски. Второто одделение директно се борело со огнот, а третото имало улога да ги штити народните добра од кражби. Санитетското одделение се делело на спасувачки и болничарски отсек, а третото, културно-просветното одделение имало четири отсека: музички, пејачки, дилетантско-театарски и читачко-библиотечен. [6]

Истата година била формирана и Доброволна пожарникарска чета која имала околу 120 членови, речиси сите младинци. Оваа чета служела како резерва и помош во случај на поголеми потреби во градот. Таа била користена како централа за сите доброволни чети на територијата на Бановината. Сите членови на четата морале да посетуваат часови за теоретска обука кои се одржувале навечер, во привремените простории на четата, во старата зграда на основното училиште “Цар Душан”. Претседател на четата бил Спира Хаџи Ристиќ-сенатор, а заповедник, инженерот Војислав Пајиќ. [7]

Во 1934 год. бил организиран курс за Официјалната пожарникарска чета на Скопје. За пожарникарски наставник бил избран Петар Маркус кој   долго бил заповедник на четата. Предавањата се одржувале во касарната на Пожарникарската чета. [8] За една година постоење, Доброволната пожарникарска чета во Скопје броела 35 извршни членови и 50 помошни. За претседател на четата бил прогласен Алекса Јовановиќ, директор на Гимназијата во пензија, а заповедник бил Боривој Поповиќ, инженер. Доброволната чета, покрај гаснењето пожари, учествувала и во сите општествени и национални манифестации, доаѓала во допир со сите останати друштва и соработувала со нив. Четата организирала и библиотека за членовите на четата и читална каде што  членовите имале на располагање две домашни списанија за пожарникарство и локален печат. Биле преземани и мерки за запишување на помошни членови и собирање на прилози. До 1934 год. биле набавени прописни униформи за 20 членови. [9]

На 15.07.1934 год. била прославена годишнината на пожарникарскиот закон во Скопје. Доброволната пожарникарска чета на Скопје ја презела иницијативата за организирање прослава на која униформираните доброволни пожарникари, со свое знаме и униформирано заповедништво, биле на чело на поворката со војна музика. По нив оделе пожарникарите на Тутунската станица, мелницата “Балкан”, Парната пивара, стругарата “Треска”, Фабриката за чорапи, Ложилницата Скопје, Ложилницата Генерал Ханри и Официјалната пожарникарска чета. Поворката се упатила кон Црквата, а потоа одржале јавна вежба во зградата на Француско-српската банка. Гесло на пожарникарите било:”Со вера во Господ, Татковината чувај ја, помагај му на ближниот”.

Заради развој на пожарникарската дејност, во 1936 год. бил воведен стручен курс за заповедници на пожарникарски чети во Вардарска Бановина, со цел да се оспособи стручен кадар за пожарникарски водачи. Курсот се состоел од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел ги опфаќал следниве предмети: познавање на закони за организација на пожарникарството и други закони, познавање на пожарникарски закони, правила и прописи, познавање на одредбата за упатство за работа и цел на одбраната на земјата од напад од воздух и организација на пожарникарството воопшто, историја и развој на пожарникарството, основи на физика, хемија и електротехника,  дисциплина и пожарникарска пожртвуваност, пожарна тактика, заштита од пожарна опасност со превентивни мерки, познавање, опис и употреба на справите, заштита од чад и отровни гасови со познавање на маски, експлозии, земјотреси, поплави, лавини, сообраќајни катастрофи, решавање на задачи за организирање на гаснење оган во разни случаи, проценување на штета, градежништво во рамките на пожарникарската служба.

Практичниот дел се состоел од командување, познавање на вежбовникот, решавање на практични задачи при командување, водење на пожарникарски книги, начин на изведување и цел на усмениот и писмениот рапорт, укажување прва помош. [10]

Официјалната и Доброволната пожарникарска чета приредувале јавни вежби секоја година кои ги изведувале на објекти кои биле во градба. Официјалната  пожарникарска чета во текот на годината одржувала постојана пожарникарска стража во Народниот театар за време на претставите. Таа интервенирала при гаснење на пожар и надвор од градот. Но, и покрај сите  ангажирања на пожарникарската чета, општа констатација е дека во градот останувале необезбедени од големи пожари индустриските претпријатија, кината и училиштата бидејќи немале направи за гаснење  пожар, ниту пак имале директна сигнална врска со пожарникарската стража на четата. [11]

Во периодот 1939-1941 год. пожарникарските чети, покрај редовните обврски кои ги исполнувале, големо внимание посветиле на организација на службата за заштита на цивилното население од непријателски напад од воздух, најверојатно поради стравувањето од проширување на војната која веќе пламтела во други делови на континентот. За заштита на цивилното население во Скопје како и во целата Вардарска Бановина на располагање била пожарникарската организација со центар во Скопје. Во  1939 год. имало 50 организирани  чети во разни места со вкупно 1850 пожарникари. [12]

 

19.6. Пријавен лист за членување во Доброволната противпожарникарска чета

 

19.7. Покана за прославување на противпожарникарското знаме и автотенк во 1937 год.

 

19.8. Покана за прослава на Крстовден, слава на Доброволната пожарникарска чета во 1937 год.


 

[1] Десет година развитка пожарне чете Општине града Скопља, “Скопски Гласник”, бр.167, 1931, 1.

[2] Организација и рад Пожарникарне чете, “Алманах Општине...”,99.

[3] Десет година развитка пожарне чете општине града Скопља, “Скопски Гласник”, бр.167, 1931, 1.

[4] Закон о организации ватрогаства у Краљевини Југославије, “Скопски Гласник”, бр. 270, 1933, 1.

[5] Заклетва ватрогасаца, “Скопски Гласник” бр. 282, 1933, 4.

[6] За оснивање нове ватрогасне чете, “Вардар”бр.134, 1933, 4.

[7] Рад добровољне ватрогасне чете за Скопље и околину, “Скопски Гласник” бр. 273, 1933, 4.

[8] Стручни течај званичне ватрогасне чете града Скопља, “Скопски Гласник” бр. 298, 1934, 1.

[9] Поводом прославе годишњице Закона о ватрогаству, Скопски Гласник”, бр. 318, 1934 , 1.

[10] План стручног ватрогасног течаја за заповедника ватрогасних чета у Вардарској Бановини,”Вардар”1936,  5.

[11] Рад ватрогасне чете града Скопља у 1936 год., “Скопски Гласник”, бр.454, 1937, 5.

[12] Ватрогаство у служби одбране цивилног становништва од непријатељског напада из ваздуха, “Скопски Гласник” бр.544, 1939 год.