topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Хуманитарни друштва
Заштита на сиромашните деца
Детски игралишта
Детско одморалиште на Водно
  Детски домови во градот
  Дом за стари
  Борба против алкохолизмот
   

Хуманитарни друштва

Во периодот меѓу двете светски војни во градот Скопје, по углед на Белград, биле формирани многу хуманитарни друштва кои во суштина извршувале иста работа и активност. Повеќето од овие друштва биле пододбори на исти друштва од Белград.

Работата на друштвото “Коло на српските  сестри” во Скопје се состоела во помагање на сиромашните, без разлика на верата и националноста. Колото било отворено во Женското занаетчиско училиште, а приходите ги обезбедувало со изработка на фустани, долна облека и трикотажа, а во 1920 и 1921 год. била отворена и килимарска работилница, каде што се изработувале килими по углед на пиротските. Овие производи биле продавани, а приходот ги задоволувал потребите на друштвото. Во 1922 год. било формирано и Коло на девојки.

Во 1925 год. бил удрен камен-темелник на домот на ова друштво, а во 1926 год., бил осветен. Во овој дом било сместено и Женското занаетчиско училиште со пет одделенија. Освен сопствените приходи, Колото на српските сестри имало приходи и од членството на основачите,  дарителите и прилози од одделни институции, Министерството за трговија, Скопската општина и др. [1]

 

20.2. Коло на српските сестри, МГС

 Здружението на жените во Јужна Србија било формирано во 1919 год., а целта била прифаќање и воспитување на деца- воени сираци и инвалиди. Во составот на ова здружение имало и Работничко училиште во кое  главна дејност била шиење и кроење. Претседателот на Скопската општина, С. Хаџи Ристиќ во 1919год. на  Здружението му подарил 9 машини за шиење, со што ја помогнал неговата работа. [2]

 

20.3. Здружение на жените во Јужна Србија, МГС

 Скопскиот пододбор на здружението Књегиња Зорка имал своја сопствена зграда и својата хуманитарна и социјална задача ја исполнувал со прибирање на средношколци,  и служел како интернат. Овој дом се наоѓал на кејот Крал Александар под Железниот мост  во Маџир маало. [3]

 Друштвото “Дебар маало” било добротворно, а неговата главна дејност се состоела во облекување на сиромашни деца. [4]

Хуманитарното друштво”Шефкет” се грижело за спречување на  просјачењето на улиците и ја известувало полицијата за таквите појави. Друштвото   материјално ги помагало   сиромашните со прехранбени продукти, леб, пченично и  пченкарно брашно. Претседател на друштвото бил Сали Хаџи Ристем Беј. [5]

 Во состав на хуманитарното друштво, Ферид Бајрам го организирал и женското работничко училиште “Шефкет” кое имало две групи. Во едната група се шиело, а во другата се изработувале килими.  Муамед Хаџи Беќич бил управник на училиштето, а Накија Бајрам заменик. Училиштето било отворено во 1935 год. и работело до почетокот на Втората светска војна.  Учениците во училиштето биле муслимански девојки на кои преку учењето во ова училиште им била овозможена и забава. Секој петок овие девојки во договор со киното Балкан и Ферид Бајрам, посетувале кино-претстави. Ферид Бајрам бил организатор и на хуманитарната организација “Разбибрига” [6] која имала за цел да им помага на сиромашните муслимани. [7]

 

20.4. Хуманитарно друштво “Разбибрига”, МГС инв. бр. 4459

 

20.5. Женско работничко училиште “Шефкет”, МГС инв. бр. 4458

 Сите хуманитарни друштва во Кралството Југославија кои биле регистрирани во 1932 год. морале да работат според општи одредби пропишани од страна на Сојузот на хуманитарни друштва во Белград. Задачите на Сојузот на хуманитарните  друштва биле да даваат совети за начинот на формирање на вакви добротворни, социјални друштва, здруженија и други установи.

Сите здруженија морале да се грижат за здравјето на  своите членови, сиромашните и незгрижените деца. Тие се грижеле за облека и храна и ги праќале своите штитеници на лекување, особено оние болни од туберкулоза, а организирале и  летување за децата кои биле поголеми од 6 години. [8]

Освен преку хуманитарните здруженија, многу од богатите и видни скопјани давале храна и облека на сиромашни деца , а за секој верски празник тие облекувале стари луѓе и деца. Во 1934 год. во списокот на сиромашни лица на кои им била потребна помош, биле запишани 2225 семејства, од кои 1251 православни, 35 католици, 588 муслимани, 97 мојсиевци и 254 Цигани. [9]

За сите здруженија и граѓани што им давале помош на сиромашните  во весникот  “Скопски Гласник” биле објавувани списоци, со што биле поттикнувани да помагаат.


[1] Рад Кола српских сестара у Скопљу, “Алманх Општине града Скопља 1918-1928 год.”, Скопље 1928 , 166.

[2] Удружење Јужне Србије, “Алманах...”, Скопље 1928 , 166 .

[3] Сутра се врши освећење темеља дома пододбора “Књегиња Зорка” у Скопљу, “Вардар” јули 1936 , 2.

[4] Хумано друштво “Дебар маала” оденуло двадесеторо сиромашне деце, “Скопски Гласник” бр. 553, 1939 , 4.

[5] Архив на Македонија Фонд 476. Хумано друштво “Шевкет”.

[6] Незахат Бајрам ,сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.

[7] Исто,

[8] Архив на Македонија, Фонд 477. Хумано друштво “Тетовска јабука”,1930 год.

[9] Социјална листа, Извештај секције за деобу, “Скопски Гласник” бр.326, 1934,  3.