topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Хуманитарни друштва
Заштита на сиромашните деца
Детски игралишта
Детско одморалиште на Водно
  Детски домови во градот
  Дом за стари
  Борба против алкохолизмот
   

Дом за стари

Природните непогоди во градот, а особено поплавата во 1929 год., предизвикале да се јави потреба од позасилена социјална и хуманитарна дејност.

Секцијата која била задолжена за социјална и хуманитарна акција на седницата во 1930 год., изработила програма на социјално-хумана колонија која според прописите морала да ги има следните установи:  дом за старци и старици, завод за тешки инвалиди, завод и школа за ментално-заостанати деца, завод за сираци, скривница за деца, дом за напуштени деца, станови за сиромашни  и  заеднички установи кои се состоеле од централна кујна, централна перална и сушална, централно греење, пекарница, магацин, бакалница, читална, сала за забава, амбуланта, станови и др.

 

20.7. Дом за стари, МГС инв. бр. 3226

Зградата на домот за старци и старици  била готова во 1932 год., а  во  1934 год. била адаптирана со дополнителни технички новини - водовод, канализација, електрификација, ограда, шупи и др.

Зградата имала две големи соби со 24 кревети, една мала соба со 3 кревети за многу стари луѓе, соба за дневно задржување, веранда, соби за сестри, амбуланта, а во сутеренот, трпезарија, кујна, чилер, бања, перална, соба за послугата и нужници. [1]

Во домот се примале лица за кои биле собрани податоци за домашната и роднинската состојба, имотната состојба, неспособноста за работа, телесното и душевното здравје, дали е граѓанин на скопската општина, каде живее, возраст и др. Сите овие податоци биле прегледувани од советодавниот одбор и судот донесувал одлуки за прием во домот.

Во домот се примале и богати кои немале роднини, а сакале за нив да се грижи домот.  Храната во домот била обична и диетална, се состоела од четири оброци - појадок, ручек, ужина и вечера. Диеталната храна се состоела од 250 гр. млеко без шеќер или 250 гр. чај или тенко кафе за појадок и ужина. Ручекот се состоел од чорби и едно јадење со месо, а вечерата од едно јадење без месо. Во среда и петок во исхраната немало месо, а во неделите и празниците за ручек се служело и тесто или овошје. На секој штитеник во домот дневно му следувале 600 гр. леб, 150 гр. месо, 30 гр. масти или зејтин, 20 гр. сол, лук и зачин, 50 гр. брашно, 30 гр. тесто за чорба, 25 гр. грав, грашок или ориз, или по 500 гр. компир, 500 зелка. Дневно им следувало по едно јајце на три лица и  25 гр. шеќер за тесто и овошје.

Диетална храна се приготвувала за болните лица. [2]

Домот имал и свој лекар кој двапати неделно вршел прегледи и пропишувал лекови. Штитениците во домот, во слободното време се занимавале со разновидни активности, а многу често изработувале рачни работи кои ги продавале, а приходот го делеле на половина со домот.


 

[1] Дом стараца и старица скопске општине, Скопски Гласник бр. 417, 1936, 5.

[2] Исто,