topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Аптеки
Дрогерии
Хигиенската и здравствената култура на населението
Школска хигиена
  Школски санитарно-хигиенски услови
  Црвен крст
  Превентивна медицина
   

Аптекари

Во Скопје во 1928-1929  година  имало вкупно 11 аптеки. [1]   По неколку години во градот се појавиле и дежурни амбуланти и аптеки кои работеле ноќе и во празнични денови. Тие имале посебен распоред на работното време. Така, од први мај до триесетти септември 1934 година,  аптеките имале работно време од седум наутро до тринаесет часот попладне и од петнаесет часот до дваесет часот навечер. Тие работеле двократно, а отворени биле  само дежурните аптеки, освен во вторник кога работеле сите градски аптеки. Аптекарската дежурна служба работела 24 часа, а за време на празници имало посебен распоред. [2]

Помеѓу двете светски војни Аптекарската комора на Кралството на Југославија организирала курсеви за лекари и аптекари. Во писмото бр. 49 од 01.04.1936 година се соопштувало дека лекарите и хемичарите на свој трошок можат да присуствуваат на некои курсеви во Обличев (10  хемичари ) и на два курса  во  Воено-хигиенскиот завод (20 лекари). Кандидатите  за овие курсеви требало да бидат  државјани на Кралството и да припаѓаат на југословенските народности. Посебно било нагласено дека тоа важи и за жени-лекари и жени-хемичарки. [3]

Освен спроведувањето на специјализацијата на стручниот кадар, секцијата на Аптекарската комора на Вардарска Бановина во Скопје водела специјална политика за народно здравје ( акт бр.578 од 06.04.1936 ), со којашто се предвидувало водење на евиденција на жени-аптекарки кои во случај на војна би можеле да ги заменат мажите-лекари. [4] Оваа секција мошне ригорозно се однесувала кон “...недозволената продажба на лекови и отрови...”. [5] Така, на 29.11.1937 година било упатено писмо бр.261 до Управата на Полицијата на Скопје и до другите органи за државен ред во Македонија со цел да се обрне поголемо внимание на споменатата недозволена трговија со лекови и отрови. Колку секцијата била доследна во своето работење укажуваат архивските документи. Секцијата се обратила до Главната  царинарница во Скопје со молба да í испрати список на скопските аптеки и дрогерии коишто во март 1937 година увезле отрови и лекови во количина од еден килограм и повеќе со точен датум на примање. [6] Секцијата на Аптекарската комора  на Вардарска Бановина во Скопје, покрај другите обврски, водела борба и против незаконското продавање на вештачки засладувачи од страна на аптекарите, бидејќи “голем број на произведувачи на безалкохолни пијалаци купувале сахарин без лекарски рецепт”.  За недозволено продавање на сахаринот, аптекарите биле обвинети од страна на Министерството за социјална политика и народно здравје. [7] Исто така, со определени циркуларни писма се ставила под контрола продажбата на медицинските препарати од лекот “Алга” и слично во трговската мрежа. [8] Секцијата имала за цел да ја  среди  работата на скопските аптеки дури и преку набавување на лекови од страна  на  лекарите. Така “прирачните”аптеки биле задолжени лековите да ги набавуваат во  аптеките што се наоѓале во нивната близина, а на своите корисници да им дават попуст од 2о%. [9]

Работата на аптеките била ставена под строга контрола на Аптекарската комора и Министерството за социјална политика.

Аптеката “Надеж” била сопственост на д-р. Крсто Ставриќ и се наоѓала во Маџир маало . Таа не била прва аптека во Скопје, меѓутоа, нејзиното значење е посебно заради тоа  што нејзиниот сопственик, освен со продажба на лекови, се занимавал и со нивно производство.

Во декември 1923 година бил распишан конкурс за отворање на седма по ред аптека во Битола и единаесетта во Скопје. На овој конкурс се пријавиле четворица : доктор м-р Крсто Ставриќ, м-р Димитрије Реваловиќ, м-р Михајло Камперелиќ и м-р Хаим Ардити од Скопје. Сите четворица биле пријавени на конкурсот за скопската аптека.  Во април 1924 година Министерството за народно здравје, одлучило Крсте Ставриќ да ја отвори единаесеттата аптека во Скопје, а Михајло Камперелиќ седмата аптека во Битола.

Крсто Ставриќ е  роден  во 1893 година во Битола, каде што матурирал  во 1912 година. Уште во текот на гимназиските години тој работел како помошник во аптеката на Михајло Сотиријадис и Ристо Алексиќ во периодот од 1909 до 1912 година. Кога ја завршил тригодишната пракса, потребна според турските закони, тој се запишал на фармацевтскиот факултет во Цариград  кој набрзо го напуштил поради Балканските војни. Крсто Ставриќ се вратил во Битола и продолжил да работи како аптекарски помошник во аптеките на Димитрија Папа Писта и Аристотел Пери сé до почетокот на Првата светска војна. Во периодот 1914-1917 година бил мобилизиран како аптекарски помошник - прво во Битолската воена болница, а од јуни 1915 година во Солун, каде што во 1917 година го положил испитот за ова звање.

Како стипендист на српската влада се запишал на фармацевтскиот факултет во Женева. Дипломирал во 1920 година, а само по една година, т.е. во ноември 1921 година се здобил со титулата магистер по фармација и доктор по хемија.

Крсто Ставриќ бил образован човек, полиглот, кој зборувал и пишувал  француски, грчки, турски, германски и англиски јазик.

 

21.13. Крсто Ставриќ за време на неговото студирање во Швајцарија во периодот 1918-1920 год., МГС инв. бр. 3784

 

21.14. Крсто Ставриќ во студентската лабораторија во Шварцарија, 1918-1920 год., МГС инв. бр. 3786

 

 По враќањето од Швајцарија тој работел како шеф на лабораторијата на Главното аптекарско и санитетско складиште на Министерството за народно здравје, а од мај 1923 година бил шеф на аптеката на скопската Окружна болница каде што постоело “депо на лекови, дезинфекциони средства и целокупен санитетски материјал за Јужна Србија и дел од Црна Гора. [10]

Споменатата аптека “Надеж” во Маџир маало се наоѓала во приземниот дел на  куќата на др. Крсто Ставриќ.

Сопрузите Ставриќ имале три деца: Божидар (1926г.), Радмила (1930г.) и Никола (1936г.).

Целото семејство било ангажирано околу собирањето на лековити растенија. Собраните тревки биле двоени по видови за да не примаат мирис едни од други. Освен  собирањето на лековити растенија, семејството било ангажирано и околу пакувањето на подготвените лекови во домашни услови. Така, прашокот “Цефалин” кој бил мошне баран лек против главоболка, го пакувале во специјални пакетчиња од хартија.

Во визбата на аптеката се чувале запаливи  материјали, а горниот дел бил галерија за приготвување на лекови. Подрумските простории, аптеката, таванските простории заедно со сушилниците и собата за дневен  престој на првиот кат, каде биле пакувани лековите, биле оспособени за аптекарската дејност.

Според сеќавањата на ќерката на доктор Ставриќ, Радмила Хрисохо, освен лекот “Цефалин”, нејзиниот татко подготвувал дневна и ноќна  крема за лице”Вера крема”. Изработувал и лек  против жолтица, во чиј состав имало калиев нитрат. На сиромашните и селаните др.Ставриќ им давал лекови без пари. Познат бил и лекот “Миклошевски”што го добил името по соседот Русин кој многу го употребувал овој лек. Меѓу лековите кои ги изработувал др. Ставриќ имало и масти, на пример, против егзема, против изгореници и слично. Тој изработувал посебна течност, со препарати кои ослободувале кислород, со што  раната се збогатувала и  побрзо се  епителизирала.

Крсто Ставриќ студирал и  медицина на Женевскиот факултет, но од одредени фамилијарни причини не го завршил, па сепак имал доста познавања од областа на медицината. Овие знаења тој ги споил со хемијата и ги користел при правењето  лекови. Меѓутоа, лекарите од градот се сомневале во работата на докторот и сметале дека тој се занимава со недозволени работи. Лекарската комора на Вардарската Бановина покренала  постапка против доктор Ставриќ и го тужела за надрилекарство. Тој со помош на адвокати и излечените луѓе докажал дека со неговата дејност само им помагал на болните. На крај, тој бил ослободен од сите обвиненија.

 

 21.15. Др. Крсто Ставриќ и негова визит-карта

 

21.16. Аптеката “Надеж”

 

21.17. Амбалажа на лекови направени од др. Крсто Ставриќ и други документи

 

Конечна цел на др. Ставриќ била отворање на фабрика за лекови, заедно со аптекарите браќата Огњанови, но тие  планови не се оствариле.

Аптеката “Надеж” и хемиската лабораторија постоеле до 1948 год. кога др. Ставриќ станал предавач на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Најголем  дел од  својот работен век Ставриќ го поминал како аптекар, се занимавал со лабораториски и научни работи кои пред Втората светска војна се објавувале во “Аптекарски гласник”. [11]

Меѓу аптекарите во Скопје посебно место заземале аптекарите Генови. [12] Милан Арсов Генов бил роден во 1877 година во Злетово.  Арсо  Генов го испратил својот син Милан на школување во Ќустендил,  во “Идадието” во Солун,  во Разград и на крај три години на фармација во Цариград. Милан дипломирал во 1900 година. За школувањето на својот син Милан, Арсо Генов потрошил 28.060 турски гроша. Во текот на школувањето, секоја потрошена пара за син му се забележувала во посебен тефтер. Во потрошувачката сметка влегувала и сумата за патувањето на Арсо со жена му до Цариград за да го посети синот додека тој таму студирал.

По дипломирањето, Милан Генов дошол во Скопје, а следната година ја отворил аптеката “Цариград” во Скопје. За оваа прилика Арсо на својот син му дал 90 турски лири. [13] Веќе во 1904 година аптеката на Милан Генов во Скопје станала матична и од неа со лекови и аптекарски материјали се снабдувале скопските аптеки од градот и околината и тоа од с. Љубанци - Стана Стојнова и Стана Трајкова, од с. Пуста Брезница - Ѓурѓија Ѓеорѓиева, од с. Булачани - Стојан Митров, од Скопје - баба Давка,  Лазар Колев, Стојан Петков и други. [14]

Според  архивските книги и записници, во 1918-1919 година аптеката на Милан Генов имала трговски врски со Јосиф Наваров, Александар Шкаперда, Андреа Петров, Перса Дилева, В. Кашев, Петар Јакимов, Александар Прлиќ, Невена Балабанова, Андреа Слуга, Влада  Ристиќ ( аптекар ), Ѓ. Крстиќ (аптекар),  З. Ризовиќ, Карпуз (Велес). [15] Освен лекови, во 1920 г. во аптеката на Милан Генов се продавале и пасти за заби, памучни завои, вата, црева за приматор, глицерин, брашно за детска исхрана, прочистено рибино масло итн.  Асортиманот на лекови во аптеката од година во година се менувал, се увезувале козметички средства, мириси за коса, антисептички средства, вата, готови дозирани лекови, миризливи тоалетни сапуни, масло за јадење од семки на памук и тоа во канти од 25 кг., шеќер во кристали, брашно за детска исхрана со 25% содржина на шеќер во херметички затворени кутии. [16] Според деловниот дневник на Милан Генов се гледа дека тој имал калфи на кои им  плаќал по 120 лева  месечно или по 30 лева секоја недела. Во истата книга се наведува дека во аптеката се носела маст за продавање и приготвување сапун во специјални буриња. [17] Заради големата побарувачка на оваа маст, таа се продавала на вересија. Според архивската граѓа од оваа скопска фамилија,  Милан Генов одржувал трговски врски со Грција, Германија, Бугарија и тоа уште од почетокот на  20 век. Ажурноста во работата Милан ја наследил од татко му Арсо и сите трошоци за своето домаќинство тој ги внесувал во расходовните книги. Така, во еден од неговите тефтери за изградбата на неговата  сопствена  работилница, се наоѓаат податоци за  потрошените пари за градежен материјал. Милан Генов во Скопје се доселил во почетокот на 20 век, а зборувал  француски, бугарски, турски јазик и го владеел арапското писмо. Токму затоа  тој успешно се занимавал со аптекарска и трговска дејност, воспоставувајќи деловни врски со странски држави. Колкава била неговата деловна кореспонденција може да се заклучи од бројот на писмата што тој ги испраќал.

 

21.18. Аптекарот Милан Генов со неговата сопруга Кате сликани на почетокот на 20 век. , МГС инв. бр. 3501

 Според архивската граѓа за аптекарот Генов, во 1928 година во својата аптека од непознато лице бил убиен Милан А. Генов. Погребот бил свечен, со присуство на илјадници луѓе од Скопје и Македонија. Немајќи деца што би го наследеле по смртта, сопругата на Милан го распродала имотот, дел оставила во наследство на својата сестра и внук по нејзината смрт, а аптеката постоела  до 1941 год.

Уште една фамилија била сопственик на аптека во Скопје во овој период, а тоа била фамилијата Марцекиќ.

Во 1912 год.  од Војводина (Ковиље), во Асанбегово (денешно Ченто) се доселило семејството Марцекиќ. По преселбата во Скопско, Марцекиќ купиле 50 ха земја, биле бавчованџии, тутунџии, а својата земја ја обработувале со помош на аргати.

Едниот син, Никола Марцекиќ останал во Асанбегово, а другиот син, Киро завршил студии на Прашкиот универзитет во 1920 год. Истата година тој се оженил со Каролина Бошковцова, која во име на љубовта ја сменила католичката во православна вера и пред венчавањето го сменила своето име во Драгана.

По враќањето во Скопје, Киро Марцекиќ работел како фармацевт во Дебар, каде што имало потреба од таков кадар. По создавањето  услови, тој отворил своја аптека во Скопје, во централното градско подрачје на улицата “Престолонаследникова”. За оваа намена куќата била адаптирана, едниот дел за аптека, а во другиот живеело семејството.

Аптеката се снабдувала со лекови на големо од фабриката ИЗИС од Белград. Во   аптеката биле вработени и  помошници.

Општествениот живот на семејството во зимскиот период се одвивал во градот со посета на театарот и во одредени кафеани, а во летниот период слободното време го поминувале во Зелениково, каде што  изградиле скромна куќа. Киро Марцекиќ бил страствен риболовец, а во дворот на куќата одгледувал и овошки и зеленчук. Во Зелениково  се дружел  со артистот Тодорче Николовски. [18]


 

[1] Владимир А.Рибин, “Пословни адресар”, 53.

[2] .”Скопски Гласник” бр.301,1934,1.

[3] Архив на Македонија,Фонд 959. Секција на Аптекарската комора на Вардарска Бановина-Скопје,кут.1 (1.1043.1.3/3).

[4] Исто,кут.1 (1,1043.1.4./4).

[5] Исто,кут.1 (1.1043.1.22/37).

[6] Исто,кут.1 ( 1.1043.1.31/49-50). Според овој список биле забележани пет случаи : четири пати се спомнувал Соломон Јосиф ( 11.03.1937г. -235 кг.отрови од група 1; 29.03.1937г. -304 кг. сулфур орпимен жолт ; 01.04.1937г. - 18 кг. сол на жива и 11.04.1937г. - 247 кг.отрови од 1 група - лековити тревки ) и еднаш бил забележан Ашер Франсевиќ -206 кг. сол на жива.

[7] Исто,кут.1(1.1043.1.20/33,документ бр.260 од 30.11.1937 година).

[8] Исто, кут.1 ( 1.1043.1.9/14-15).

[9] Исто, кут.1(1.1043.1.9/14-15).

[10] Д-р Бојаџиевски,”Здравството во Битола низ вековите”, Друштво за наука и уметност, Битола, 1992.

[11] Радмила Хрисохо, сеќавања, теренски истражувања  во 1996 год.

[12] Во Архивот на Македонија постои голем фонд на лични документи на Арсо Генов и неговиот син Милан.

[13] Александар Апостолов, Развиток на трговската куќа” Арсо и Милан Генови”,Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот - Скопје, кн.20, Скопје 1968, 245.

[14] .Архив на Македонија,Фонд 725. Аптекари Генови,кут.1,кн.1.

[15] .Исто,кут.3,кн.11.

[16] Исто,док.бр.1531 од 14.03.1921 г.

[17] .Исто,кут.3,док.5.

[18] Микица Марцекиќ, сеќавања, теренски истражувања во 1996 г.