topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Аптеки
Дрогерии
Хигиенската и здравствената култура на населението
Школска хигиена
  Школски санитарно-хигиенски услови
  Црвен крст
  Превентивна медицина
   

Дрогерии

Во Скопје постоеле и неколку дрогерии чиј асортиман бил разновиден: дрога, хемикалии, парфимерија.

Медицинската дрогерија на Владимир Соколов на главната улица “Крал Петар” продавала лекови, гумените производи, завои, парфимерија, козметика од познати  светски марки и др. [1]   Други  дрогерии во градот биле:  дрогериското складиште во аптеката на улицата  Цар Душан , дрогеријата “Зора” на Х. Ардити , дрогеријата на Лука Ѓ. Петровиќ , дрогеријата на Петар Нециќ и др. [2]

Во дрогериските складишта, аптеки и дрогерии, честопати, освен увозна стока имало и санитетски производи од фирмата за сапун и парфимерија на М. Петровиќ и фирмата за непечен сапун на Тодор Гребенаровиќ. [3]

Во Скопје се развивало и производството на медицински и хируршки инструменти, апарати, медицински помагала, алатки и слично. За изработка на овие производи се обучувал кадар. Според правилникот за изработка на практичните задачи за мајсторските испити на подрачјето на Санитетската комора во Скопје, испитната комисија барала да се изработи или да се поправи  медицински или хируршки инструмент. Била вклучена  и изработката на лекарски реквизити како кожна галантерија, торби, ковчези и специјални сандачиња. [4] Се обучувале и кадри за изработка на ортопедски помагала. Постоела комисија за полагање испити за изработка на вештачки раменици, раце, нозе со подвижни зглобови, прсти со помош на федери и др. Се изработувале и бандажи или корсети (ортопедски мидери  за корекции на грб, колк, колено, 'рбет и сл.) [5] Ваквите производи се продавале во дрогериите.

 


 

[1] Бладимир А.Рибин,”Пословни адресар”, 77-78.

[2] “Адресар трговачких и индустриских предузеће за Јужну Србију 1923-1925”, Скопље 1923,77.

[3] .Исто,89.

[4] Д-р Чеслав Никитовић,”Занатство Јужне Србије” ,Скопље 1934, 242-243.

[5] Исто, 250.