topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Аптеки
Дрогерии
Хигиенската и здравствената култура на населението
Школска хигиена
  Школски санитарно-хигиенски услови
  Црвен крст
  Превентивна медицина
   

Школска хигиена

Во периодот помеѓу двете светски војни власта водела определена сметка за здравствената состојба на децата. Во училиштата се спроведувале систематски прегледи организирани од страната на Школската поликлиника на Хигиенскиот завод. Резултатите од ваквите прегледи биле доста загрижувачки. Од вкупно 3.977 ученици во основните училишта,   само 42% од сите прегледани, или 1675 деца, биле здрави, а 52% или 2.302 имале определени здравствени проблеми. Од 1745 средношколци, 55% биле болни, т.е. повеќе од половина. [1] Според официјалните податоци на школските лекари, во основните училишта од вкупно 3.969 прегледани деца, само 841 или 24,4% во моментот на систематскиот преглед имале добра хигиенска состојба, 1888 или 47% биле средно чисти,  а 1248 или 31,6% воопшто не одговарале на тогашните санитарни норми, при што 898 деца или 22% имале вошки, односно секој четврти ученик. Во средните школи, исто така, телесната чистота на децата не била задоволителна: 24% не одговарале на елементарните санитетски норми, а 2,8% биле заразени од педикулаза (вошки). Во извештајот на една од школите постои записник во кој се наведува дека во школската амбуланта имало само 6 тушеви каде што во одреден ден на неделата се туширале до 100 ученици.  Голем број   деца биле заразени со кожни болести.

Двете скопски гимназии и Трговската академија имале своите амбуланти. Школските лекари во наведените установи лекувале 61% од вкупниот број  ученици. Учителската школа имала свој лекар кој вршел систематски медицински прегледи на учениците. Во лекарските записници, меѓу другото, било забележено дека Учителската школа има убава местоположба, со чист воздух, без прашина и врева и е оддалечена од сообраќајот. Зградата била  опкружена со прекрасен парк и чист школски двор кои придонесувале за нормални хигиенски услови. Зградата располагала со удобни и добро осветлени простории. На третиот кат се наоѓале големи и светли соби за спиење. Храната била добра. Освен три главни оброци, сите деца добивале ужина во 10 и 16  часот, а на слабокрвните храната им била збогатена. Според податоците, женските деца почесто се обраќале за лекарска помош отколку машките и тој сооднос бил 60 : 40. [2]

Се обрнувало внимание и на условите во училишните згради, бидејќи неадекватните школски згради негативно  влијаеле на здравјето на децата. Токму затоа, школската хигиена се развила како посебна наука и како таква учествувала во планирањето и проектирањето на училиштата, како и во  опремувањето на просториите.

Секое дете требало да има по пет квадратни метри од просторот со висина од четири метри. Тоа биле основни прописи. Постоечките училници биле со   ниски тавани, мали прозорци и биле слабо проветрувани. Школскиот мебел не бил соодветен на возраста и висината на учениците, а класните табли биле неквалитетни. Лошо проветрените  простории, слабата исхрана и ниското ниво на  хигиенски  услови  придонесувале  за  слабо  здравје  на  децата.


 

[1] .Д-р Хран.М.Јоксимовић, “Хигијенске социјалне и просветне прилике у скопским школама и Програм рада буду˚ности”, Београд,1932,17-18.

[2] .Исто, 20-22.