topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Аптеки
Дрогерии
Хигиенската и здравствената култура на населението
Школска хигиена
  Школски санитарно-хигиенски услови
  Црвен крст
  Превентивна медицина
   

Превентивна медицина

За лекување на одредени болести се користела лековитата вода на Катлановското Езеро. Тоа се наоѓало во близина на Скопје, на десната страна на р. Пчиња. Катлановската вода била позната уште од римско време, бидејќи  била алкална и кисела и богата со сумпур. Температурата на водата изнесувала  40-42 степени .

 

21.22. Катлановска Бања во 1937 год. - лековитите својства на водата на оваа Бања биле познати уште од римско време, МГС инв. бр. 262

 Заради своите карактеристики оваа вода лекувала голем број болести. Жителите од околните села во Катлановското Езеро ловеле риби, ракови и пијавици. Обично со тоа се занимавале жените. Тие облекувале   гаќи од дебело и густо памучно или конопено платно и чорапи и влегувале во вировите. Пијавиците се закачувале за гаќите и чорапите, а потоа ги собирале во затворени стаклени садови. Уловените  пијавици ги продавале во Виена и Трст, бидејќи се користеле во народната медицина. [1]

Можеби не била случајна изреката - “нема подобар лекар од пијавица”.

За лекување на очни болести се користело и рибјо масло кое жителите од поблиските села го добивале од Катлановското Езеро. Маста од цревата на рибата се ставала во шишенце да се стопи на сонце, а потоа се користела како лек. Жолчката од шаранот, на пример, се користела против болести на жолчната кеса, а истата, измешана со качамак, се употребувала против болки во грлото и вратот, како и при висока температура. Ако некој имал киселини во  стомакот, му давале да пие жолчка од оваа риба. Против секакви болести на кожата се употребувало масло од црева на мрена, смуѓ и други видови  риби од ова Езеро. [2]


[1] Историјата на лекување со пијавици потекнува од прастаро време (“гирудо-терапија”-од латинскиот збор “гирудо”-пијавица). Во втората половина на 19 век интересот за пијавиците нагло  опаднал, бидејќи се појавиле во употреба “стаклените тегли за цицање  крв”, а малку подоцна и аспиринот, нитроглицеринот и другите медицински препарати. Според мислењето на биолозите, пијавицата секогаш “се залепува” на заболените места, стимулирајќи ја работата на органот од кој се исцицува крвта. Второ, таа го регулира крвотокот. Трето, нејзините лиги, полни со многу биолошки активни супстанции, се спасоносни инјекции. Благодарејќи на овие суштества тешки два грама и долги од 8 до 12 сантиметри, кај пациентите исчезнува вознемиреноста. ( НаталÝÔ   Сметанина,ПиÔбку за ухо - и на бал,”Спутник” 7, иÓлÝ 1996, 61-62).

[2] .Теренски истражувања во село Катланово во 1988-1997 година. Соговорници: Славе Антоновски, Ангеле Ристевски, Трпе Стојановски, Константин и Благуња Андреевски, Ангеле Христовски, Таировски Шеќерија, Стојна и Иљо Стевковски.