topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Ветеринарен отсек

Ветеринарниот отсек бил формиран по 1929 год. и се состоел од еден ветеринар, двајца ветеринари-контролори, двајца кои ја дереле кожата на животните и еден ковач. Ветеринарниот отсек вршел надзор над прехранбените артикли од животинско потекло, вршел ветеринарно-санитетска служба на добиточните пазари, вршел превентива против беснило, се грижел за здравјето и лекувањето на добитокот и др. Бројната состојба на добитокот во градот, според Пописот од 1921 год., изнесувала 1148 грла говеда, 380 биволи, 816 коњи, 155 мазги, 190 магариња, 202 свињи, 2496 овци и 17 кози. [1]

 

22.1. Пелцување на добитокот од страна на ветеринарната служба, МГС вл. бр. 5170

 Во поглед на чувањето на добитокот  и живината, градскиот реон бил поделен на два дела. Границата на тесниот реон се протегала  на десната страна на реката Вардар, железничката пруга Скопје - Куманово, Ханриево, а на левата страна реонот се протегал од улицата Царица Марија, западно, преку улицата  Цар Душан  до Гази Баба на северната страна.

Во градот можело да се чува крупен добиток само за влечење и тоа најмногу четири грла во еден двор.

Во потесниот градски реон можеле да се чуваат свињи, но само две, за домашна употреба. Крупен и ситен добиток од кој се добивало млеко, за јавна или приватна потрошувачка, можело да се чува само во поширокиот реон на градот. Живината во потесниот реон на градот можела да се чува само во кокошарници и тоа: за хотели и гостилници до 50, а за останатите до 12 парчиња. Хигиената морала да се одржува, а дворот да биде ограден. Добитокот за колење не смеел да се чува во градскиот реон, а добитокот во ановите можел да се чува  најмногу 36 часа. Ситниот добиток можел да се коле само во станица, со задолжителен ветеринарен преглед. [2] Во периодот од 1929 до 1937 год. во градот бил изграден објект каде што се дерела кожата на животните.  Овој објект почнал со работа во 1936 год., а во негов  состав влегувал и просторот за закопување на мртвите  животни. Биле набавени и апарати за преглед на млекото и јајцата. За кланицата бил набавен и апарат за стерилизација на месото, микроскопска лабораторија, апарат за преглед на месото, а бил воведен  и водовод во сите сали за колење на добитокот. [3]

Во правилникот за работа на санитетско-полициската и ветеринарно- полициската контрола, издаден во 1936 год., под контрола биле ставени животните прехранбени производи, сите простории каде што се чувале и продавале тие производи, садовите, средствата за превоз и др. Под заштита и контрола на овие одделенија биле сите простории каде што се чувал добитокот кој давал млеко,  местата од каде што се земал мраз (бари, реки), каде што се произведувал фабрички мраз, целокупниот персонал кој приготвувал храна, сите преноќувалишта, хотели, работилници, фабрики, анови, меани, сите места каде што   престојувале гости, како и берберските работилници. Под заштита биле и  куќите со придружните  згради (клозети, бањи, дворови и др.) и сите јавни бањи, јазови и др. [4]

Сите граѓани кои чувале кучиња морале  да ги пријават во санитетското одделение, да достават  податоци   колку кучиња чуваат, од која раса се кучињата и причината заради која ги чува. Сите кучиња морале да се чуваат врзани со крпа на муцката, не смееле да се внесуваат во јавни простории, а во случај да се најде куче  на улица без сопственик, тоа било затворано. Сопственикот бил должен да го убие побеснетото куче или мачка.

 

22.2. За обележување на домашните миленичиња, на кучињата им ставале огрлици, Скопје 1920 год., МГС инв. бр. 4753

 

22.3. Мајката на Трајко Рибарев со своето милениче во дворот на својата куќа во Пајко маало, МГС инв. бр. 4664

 

22.4. Скопска фамилија во двор, фотографирана со своето куче

 

Ветеринарно-полициските мерки за спречување на беснило се состоеле во попишување и обележување на сите кучиња со значка на огрлицата.

Сите кучиња морале да бидат водени со ланци и корпа на брадата, а за убиените кучиња водела сметка Општината. [5]


[1] Ветеринарна служба, “Алманах Општине града Скопља 1918-1928 год.”, Скопље 1928 ,  53.

[2] Наредба о држању и клању стоке и живине, Скопски Гласник бр. 369, 1935 , 5.

[3] Ветеринарна служба, Алманах града Скопља 1918-1928 год., Скопље 1928 , 53.

[4] Правилник о санитетској и ветеринарно-полициској контроли у Скопљу, Скопски Гласник бр. 417, 1936, 5.

[5] Ветеринарно-полицијске мере за сузбијање беснила, Скопски Гласник бр. 369, 1936, 5, и иста наредба издадена во 1927 год. Наредба за сузбијање сточне заразе, Наша стара Србија, 1927 год.