topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Ветеринарна организација

Ветеринарите од Вардарска Бановина во 1930 год., во Скопје организирале конференција на која биле донесени заклучоци од кои произлегувало дека недостасуваат    ветеринари, ветеринарна заштита од добиточни болести, хигиена на животните продукти и др. [1] Ветеринарите издавале месечен весник за ветерина “Југословенски ветеринарен гласник”, чие издание од 1928 год. било посветено на Јужна Србија. Во овој весник со свои  теми учествувале и ветеринари од Скопје (д-р Јосип Јежиќ, ветеринар во Хигиенскиот завод во Скопје, И. Шлајпах, директор на ергелата во Душановец и др.) [2]

Во 1927 и 1928 год. во состав на “Земаљската текстилна изложба” имало и дел за ветерина што претставувало прва ветеринарна изложба. [3]

Со ветеринарната служба биле поврзани и  занаети од типот на  потковување на коњи,  месарски и колбасичарски занает. Потковувањето на  животните го правеле Циганите кои не биле доволно стручни и “налбанти” кои  ги потковувале воловите. Коњите се потковувале со ков како што  тоа го правеле Турците. За европскиот ков кој бил многу подобар за копитото на коњот и одговарал на неговата механика, не биле обучени. Банската управа испраќала ученици  во Нови Сад и Сплит, каде што имало курс за ковачи и каде што се стекнувало знаење за модерно ковање. Месарите и колбасичарите [4]   за својот занает полагале мајсторски испит пред ветеринар кои ги испитувал кандидатите за анатомијата и физиологијата на животните, ветеринарната хигиена, добиточните зарази,  инфективните болести и др. [5]

Во градот   имало неколку ветеринари  или марвени лекари: Константин Григоријев, воен ветеринар во Дебар маало, Јосиф Јежиќ, др. ветеринар на Хигиенскиот завод, Душан Марковиќ, обласен ветеринарен референт, Лудвиг Плашинка, ветеринарен потполковник, Павел Перехваљскиј, воен ветеринар, Марко Чолак, др. ветеринар на обласниот одбор, Михајло Шулц, ветеринарен полковник и др. [6]


 

[1] Конференција ветеринара у Вардарску Бановину, Скопски Гласник бр. 61 и 62, 1930, 2.

[2] Душан Ј.Марковић, Ветеринарство, 25-годишњица ослобођења..., Скопље 1937, 263.

[3] Исто

[4] Месарите ја славеле славата Свети Архангел Михаил.

[5] Исто како бр.34

[6] Ветеринари (марвени лекари), “Пословни адресар 1928”, 44.