topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Стар парк Ислахана (Ислаане)
Нов парк Идадија
Паркот на реката Серава
Паркот кај хотелот “Балкан”
  Стариот парк на улица “Караѓорѓева”
  Чаирски парк
  Скверови
  Цвеќето во градот
   

Нов парк Идадија

Првиот дел на овој парк заземал простор од 7600 м2. Според други податоци, овој парк бил подигнат во почетокот на 20 век, на површина од околу 113 хектари. [1] Паркот бил засаден со растенија во парцели кои биле направени според посебен план.

Алеите на паркот биле засадени со цвеќиња кои успевале на овие простори како и со  увозни цвеќиња. За одржувањето на паркот бил изграден модерен базен со моторна пумпа за црпење на вода од најблискиот јаз на р. Вардар.

Новиот дел на паркот бил на површина од 4800 м2. На овој простор, земјата се копала на длабочина од еден метар. Оттаму се вадел песок, а се ставало ѓубре за оплодување на почвата.  Тој дел бил плански поделен на парцели и засаден со дрва.  Било направено вештачко езеро и канали поврзани со јазот на р. Вардар и мост за пешаци.

Лево од ова земјиште, на простор од 28.000 м2 биле направени парцели. Земјиштето било култивирано и подготвено за расадник и други градинарски цели.

 

23.3. Паркот Идадија со ресторанот  во 1931 год., МГС инв. бр. 1541

Во овој дел на паркот бил изграден и модерен пат од 700 метри. Покрај патот биле засадени дрвја.

Посебна убавина на паркот му давала  куќата на управникот на паркот  која била изградена во швајцарски стил, а до неа стаклената градина од 200 м2 за расад на цвеќиња за потребите на паркот.

Покрај оваа стаклена градина, имало уште една помала градина од стакло со површина од  70 м2 за производство и одгледување на расад за цветните леи.

За потребите на паркот во оваа вила бил сместен и магацин, столарска работилница и друго.

Во стаклените градини и покриените леи се произведувале растенија во саксии (црепови) [2] , растенија за пресадување во саксии [3] , разновидни декоративни дрвја за пресадување, кисело дрво, јасен, шпанско дрво, багрем, дудинка (црница), американски јавор, ниски грмушки, четинари - вкупно 2.500 примероци.

Во расадникот на паркот Идадија имало 14.000 садници, 10.000 стебла багрем, 300садници на бела дудинка,  800 садници на шпанско дрво и јасен, 500 садници на гледичија, 1.000 садници на кисело дрво и по 200 садници на американски јавор, диви овошки и диви рози.

 

23.4. Дел од Градскиот парк-расадник за цвеќиња, МГС

 

Во овој парк, на 2.200 м2 во алеи биле засадени 750 дрва - 100 тополи,   200 кисели дрва,   250 багреми  итн. Посебен изглед на паркот му давала живата ограда.  Се водело  сметка паркот да биде на неколку висински нивоа. За таа цел биле засадени 267 корења високи дрва од разни видови, 500  ниски, 90 четинари, 50  тркалезни шимшири и 200 корења високи и ниски рози.

Во периодот 1918 - 1928 година во паркот биле засадени вкупно 25. 707 растенија.

Во паркот биле поставени 30 клупи за одмор и една стражарница за чуварот на паркот.

Првобитните граници на Градскиот парк  се гледаат и денес од засадените пирамидални тополи. Во овие граници паркот останал до 1923 година, кога отпочнала неговата реконструкција и проширување.

Паркот се проширил  на запад од старите граници, и во 1928 г. тој го опфаќал целиот денешен простор и Зоолошката градина. Проширувањето се одвивало и кон север од стариот парк. Во 1931 г. паркот го заземал целиот простор до каналот  покрај пионерската пруга. Останатиот парк Идадија од турско време значително се проширил и го добил името Градски парк. Во период од 10 години стариот  парк бил значително проширен.

Паралелно со уредувањето и проширувањето на Градскиот парк, отпочнале и работите за проширување на неговите граници до самото корито на реката Вардар. Пред изградбата и проширувањето на Градскиот парк пределите околу реката Вардар биле ставени под забрана за користење што придонело за непречена вегетација на самоникната крајречна дендрофлора.

Со   обликувањето на паркот, на брегот на р. Вардар биле  засадени голем број нови растенија - средноевропското дрво смрча, редок вид  јапонски ариш, бел бор, источноазиското дрво туја, кипарис,  врба ( бела и тажна) и др.

Во скопските паркови имало неколку вида тополи - бела, црна и пирамидална топола. Белата топола ја имало во Градскиот парк, а  долж брегот на р. Вардар природно била застапена црната топола.

Од увезените видови, тополата била најраспространета. Уште во записите на француските патеписци било забележано: “Вардар е широка река со бистри води која на  своите брегови има високи тополи”. [4]   Во 1933 година почнале да се уредуваат и патеки во паркот.

 

23.5. Дел од фамилија Кранго во Градскиот парк во 1932 год., МГС инв. бр. 4508

 

23.6. Сунчица Анастасова Чучук Петрова со роднините во Градскиот парк во 1928-29 год, МГС инв. бр. 3417


 

[1] Инж. Славчо Џеков, “Скопските паркови...”, наведен труд, 35.

[2] 10 големи и 200 мали палми зафатени од семе, 40 корени од јука, 30 корени рузмарин, два вида од аспарагус (70 + 10), два вида од фикус (10 + 2), по 20 корени примули, нане, 400 видови цвеќиња и др. Оваа група на растенија во саксии изнесувала вкупно 2.363 примероци.

[3] Вкупно 500 корени од бегонија, 50 од салвија, 3.000 компири од зумбули и лалиња, 200 компири од ѓеоргина и канна (цанна) и сл. Групата на трајно цвеќе броела 6.054 примероци.

[4] Љубиша Монев, Франсис Лебрен, “Скопје во записите на француските патници”, Скопје, Огледало, 1991,126.