topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Стар парк Ислахана (Ислаане)
Нов парк Идадија
Паркот на реката Серава
Паркот кај хотелот “Балкан”
  Стариот парк на улица “Караѓорѓева”
  Чаирски парк
  Скверови
  Цвеќето во градот
   

Скверови

Во периодот  1918 - 1928 година, освен споменатиот сквер на улица Караѓорѓева, во градот имало уште четири сквера - на плоштадот Крал Петар, кај Споменикот на солунските војници, кај Железничката станица и кај Машката гимназија. Првите три биле целосно уредени и засадени со грмушки и цвеќиња. Скверот кај Железничката станица бил одржуван од вработените. Скверот кај Машката гимназија, на простор од 600 м2 уште не бил дограден и неговото довршување се планирало во иднина.

Грижата за одржувањето на парковите и скверовите била очигледна. За иднина се планирало Градските гробишта кај Кумановскиот пат да бидат преуредени и засадени со дрва, грмушки и цвеќиња со цел овој простор да се претвори во голем, убав и модерен парк.

Во новиот дел на градот, во Буњаковец и Тафталиџе, според урбанистичкиот план била предвидена изградба на паркови и скверови кои заедно со старите скопски паркови би претставувале бели дробови на градот.

Општинскиот одбор за уредување на парковите и скверовите се грижел за стручниот кадар - градинари и инженери - агрономи кои придонеле за уредување на градот . [1]

Во првата половина на 20 век бил забележителен напредокот во изградбата на паркови во однос на минатото. Значителното било проширувањето на зелените површини, високиот степен на нивното уредување, проширувањето на теренот, поголемата застапеност на водни површини, богатството на флората и други   елементи, со што се збогатил естетскиот изглед на градот. Секоја нова установа  наоколу имала поголемо или помало паркче. Во 1923 година бил започнат, проширен, оформен и одржуван паркот на Воената болница. [2]

Почнувајќи од 1924 па сé до 1928 година било оформено и паркчето во Тутунската станица.

Паркчето во близина на Камениот мост од левата страна на Вардар, било создадено во 1924 година, а во 1928 година  било продолжено помеѓу Камениот мост и зградата на Народниот театар.

Во 1925 година Општината набавила од Расадникот 4.000 садници со цел да се пошуми Гази Баба. Истата година било извршено и садење на дрва на просторот околу тврдината Кале, на кејовите на р. Вардар и во скверот на улицата Караѓорѓева.

 

23.9. Скверот на ул. “Караѓорѓева” (потоа плоштад “Слобода”, денес не постои), 1939-1940 год., МГС инв. бр. 1623

 

Според својот дендро состав бил интересен и паркот во скопската Клиничка болница. Меѓу другото, во него растело и уникатно дрво за овие простори, Вајмутов бор.  Во Клиничката болница борот бил стар околу 25 години и висок 14 метра, со дијаметар на градната височина од 34 см. Паркот на Клиничката болница бил создаден во 1930 година, а во 1938 година тој бил проширен и збогатен со нови видови растенија. [3]

Поради сушната 1927 година, успехот на пошумувањето на градот Скопје бил минимален. [4]

Создавањето на булевари, скверови и други видови градско зеленило, како и зелените појаси во градот и околината, излетиштата, националните паркови сето тоа создавало нов вид градско и вонградско зеленило за масовно јавно користење. Со урбанизацијата на градот и современото планирање, озеленувањето претставувало задолжителен дел. Паралелно со создавањето на парковите и дрворедите  при изградбата на нови приватни станбени згради и при уредувањето на  дворните места, освен садењето  овошни дрва, се саделе и растенија со декоративен карактер. [5]

Новите паркови се снабдувале со расад од расадникот кој се наоѓал кај старата дизел електрична централа во Скопје. Расадникот бил голем, со површина од околу 4000 м2 каде што на добро обработените површини се одгледувале 200 корења   дрвја од разни видови, но и од разновидни шумски садници што ги 'ртеле од семе.

Во 1924 година Шумската управа во Скопје почнала со пошумувањето на падините северно од градот, на левиот брег на р. Вардар. Прво пошумување на ова место извршил стариот шумарски инженер Јован Јекиќ. [6]

Пошумувањето на околината на Скопје било од естетски, заштитни и здравствени причини. Падините на планината Водно биле предвидени    да станат најблиското и најчистото излетиште на граѓаните.  Бил пошумен и теренот околу војничките касарни од Скопје кон Бардовци, потоа голите и празни простори помеѓу селата Нерези и Долно Водно, бидејќи немале вегетација поради што  ветровите оттаму ја носеле прашината во Скопје. [7]

Се внимавало на изборот на дрвјата на местата каде што почвата била нестабилна. Било одлучено за садење да се употребуваат грмушки. Притоа, се пристапило и кон затревување на теренот, како важна противерозивна  мерка. [8]

Пошумувањето на Водно се одвивало со специјален метод -  на терасите се саделе фиданки  во редови или во триаголна форма. [9]

 Во овој период бил остварен голем дел од плановите за зазеленување на градот Скопје.


 

[1] Исто, 87.

[2] Инж. Славчо Џеков, “Скопските паркови...”, наведен труд, 37.

[3] Исто,36-37.

[4] Васил Мукаетов, Дрворедите, “Зелен ветар-подлисток за екологија” бр. 22, март 1996, 14.

[5] Скопјаните за  зеленилото велеле: “ На зеленилото крај тротоарите, на  зелените оази на улиците  си седиме со соседите. Сé е во мирисот на липите, на јаворите, багремите, костените. Под дрворедите  сенки и  тишина. Мајка ми вели: Имало спас од прашината! Дедо ми секогаш има право кога со дигнат прст ни вели: “дрворедов е нешто здраво! На сите е, и не се дели! Сите ако ги чувате, под  сенки ќе пладнувате”!

[6] Јанакије Поповић, Тахталиџе, “Јужни преглед”, бр. 3, Скопље 1931, 118.

[7] "Алманах Општине града Скопља”, наведен труд, 89.

[8] Исто, 88-89.

[9] Инж. Лазар Трајков, “Како да пошумуваме”, Сојуз на друштвата на љубителите на шумите на НР Македонија, Скопје 1961, 13-14.