topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Детски театар и балетски училишта

Во овој период во градот работел и Детски театар. Детскиот театар всушност  бил детското друштво “Пчеличка” кое работело во основното училиште “Света Богородица”. Во Народниот театар ова друштво приредувало детски концерти и претстави.

Еден од првите концерти на Детскиот театар бил приреден  во 1923 год. во Народниот театар со целовечерна програма  со повеќе точки.

Работата на Детскиот театар  била под раководство на  г-ѓа Бенсон, руска дама. Според критиките, работата на Детскиот театар била сериозна, со добра режија, костими и хармонија на игра. Костимите биле направени од шарени материјали во разновидни бои. [1] Најгледана претстава  на Детскиот театар била пиесата “Пчеличка” која ја напишала г-ѓа Бенсон.

Освен Детскиот театар, во Скопје имало и неколку балетски училишта во кои биле зачленети децата на побогатите семејства ( Лела Божиновска, Верица Шеќеринова и др.)

 

25.10. Детска балетска група под раководство на Софија Михолиќ, фотографија од претставата “Снежана и седумте џуџиња” од Монографијата “50 години од Музичкото училиште во Скопје”, МГС инв. бр. 4862

 

25.11. Плакат од претставата “Снежана и седумте џуџиња” одржана во Народниот театар во 1940 год.

 Во приватното балетско училиште часовите ги  одржувала Софија Михолиќ. Часовите се одржувале во голем стан на денешна ул. “Илинденска”, на паркет, со музика од грамофон.       Во групата биле зачленети 15 деца, од кои 3 машки. Се вежбало двапати неделно. Децата вежбале со “соколски патики” (подебела кожа на долниот дел, а од  горе потенка кожа), дресови, панталони и блузички. Оваа балетска група одржувала приредби во Офицерскиот дом и во Театарот.

На концертот во 1940 год. одржан во Народниот театар, во организација на  Женската гимназија,  учествувало и Балетското училиште  под раководство на Софија Михолиќ, со претставата за деца “Снежана и седумте џуџиња”.

 Балетското училиште го посетувала и Лела Божиновска. Облеката за претставата  била составена од фустанче од зелена свила и зелен органдин со четвртести деколтеа. Ракавите биле од потенок органдин, здолништата биле со два реда карнери, а  на нозете носеле  патики. Оваа облека ја користеле и за други претстави кога додавале сомотски елечиња во црна боја. [2]

 Верица Шекеринова, благодарение на стабилноста и економската положба на своето семејството, ја посетувала приватната балетска група во подрумските простории на хотелот “Бристол”. Балетската група била под раководство на педагогот Софија Михолиќ-Цветичаниќ, а вежбите се одржувале 2-3 пати неделно во попладневните часови.. [3]

 

25.12. Фотографии од претстави на детското балетско училиште, меѓу кои се: Лилјана Настасиевиќ, Вера Шеќеринова, Беба Михолиќ, Њања Милутиновиќ, Кока и Елена Патрногиќ, Радмила Попангова и Мира Вуќичевиќ.


 

[1] Из дечјег позоришта Пчелица, “Јужна Србија”, бр.29, 1923, 399.

[2] Елена Божиновска, сеќавања, теренски истражувања во 1994 г.

[3] Верица Шеќеринова, сеќавања, теренски истражувања во 1995г.