topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Детски игри

Најголемиот дел од детството малите скопјанчиња го поминувале во детски игри. Имало многу игри од кои најголем број биле групни и се изведувале со примитивни реквизити кои можеле лесно да се направат. Пандора Шатлова памети дека во нејзиното маало (Ново маало)  децата си  играле  прво-второ(игра со плочка), купче ораси, скокале на јаже и др.

Борис Маневски (1913 год.) и Драгица Крстева (1916 год.), жители на Маџир маало кажуваат дека децата играле со џамлии, стапови, кукли направени од партали, како и топки за машките деца. [1] Топките-крпеници, подоцна биле заменети со гумени топки купени во продавницата “Бата”. Со џамлии се играло на “мор” или “шлајка”. Џамлиите се ставале на аглите на мал нацртан триаголник и една се ставала во средина. Од овој триаголник на неколку метри оддалеченост се цртало линија на земјата. Од “морот” џамлиите се фрлале кон линијата и чие стаклено топченце било поблиску до линијата, тој прв фрлал кон “морот”. Топчето со кое се гаѓало се викало “картал” ако е големо и “џинка” ако е мало.

Со џамлиите “мавачки” се гаѓало “француски” кога топчето е во прстите во вид на “шипак” и на “српски” кога показалецот се наоѓал во средниот прст во хоризонтална положба на земјата. Се употребувале и термините “сујка” што значело дека џамлијата се задржала на некоја од катетите на триаголникот и ова било најспорна ситуација. Терминот “ренту апси” значел дека пред џамлијата има некоја пречка, камче, песок, дрвце и сл. Зборот “утка” значел дека ништо не си погодил. “Контрук” било гаѓање директно во спротивна џамлија без да се допре земјата.

Играње со семки: се ределе купчиња семки во една линија оддалечени околу една педа. Купчињата главно биле од 4 семки. Најважно било да се удри првото купче што се викало “баба”. Потоа,   семките кои се кршеле се киснеле цела ноќ да им излезе горчината во солена вода, потоа се печеле и биле познати како специјалитет “еврејска спорја”.

Игра “челик” или “бинек”: реквизити за оваа игра биле подебело тврдо дрво, долго околу половина метар и помало дрво, 15-20 цм, заострено на врвовите. Се копало дупка и со поголемото дрво се вадело помалото, а околу стоеле другарите кои требало да го фатат уште додека летало во воздух. [2]

Други игри биле: игра со сликички со тапкање, игра “нека бие, нека бие”, “жмурки-криенки”, “фанта” со метални пари, петка-круна, лизгање на снег, змаеви, летала-чучулиги, прачки-жили на чатал, “камај-индијанци” и сл. [3]

Поимотните семејства имале можност на своите деца да  им купат играчки кои се продавале кај Евреинот Јелезер Б. Јозеф во неговиот “Бечки Базар” на ул. “Крал Петар”. Во излогот имало играчка робот на која се менувале светлечки реклами со следниот текст: “Немој ићи на Пазар, док не свратиш у Базар” и “Квалитет прима француских парфима”. [4]

 

27.1. Жермен, ќерката на д-р Чохаџиќ, со својата ќерка Марија со играчка- мече, МГС инв. бр. 4475

 

27.2. Малата Олга Димитрова-Стојанова со кукла, МГС инв. бр. 4445

 

27.3. Групна фотографија на семејството Трпчановски со пријателите во Врњачка Бања, каде што се гледа дете со  детска играчка”обрач”, МГС инв. бр. 4625

 

27.4. Владимир Цветанов со кадифени мечиња, МГС инв. бр. 4565


[1] Теренски истражувања на Алла Качева

[2] Д-р Митко Панов,  “Хроника на едно детство и младост”, раскажувачки сеќавања, Скопје 1980, 40.

[3] Исто

[4] Боривое Градишки, исто