topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

 Матка и кањонот на реката Треска

До Матка можело да се дојде со воз. Но, поради скапите возни билети, патувањето со воз било ретко. Со намалувањето на цената на возните билети ќе се овозможело развивање на одредени излетнички места како на пр. во близината на железничката станица кај Генерал Јанковиќ каде што била пронајдена кисела вода позната под името “шарпланинска кисела вода”. [1]

Скопјани можеле да стигнат до Матка и на друг начин. Поимотните оделе со пајтони, за разлика од сиромашните кои се здружувале по неколку фамилии и  ангажирале шпедитерски коли.

За подобра организација на одморот на скопјани, во весникот “Скопски Гласник” се појавила иницијатива која требало да биде прифатена од  туристичкото друштво “Југ”, како и од други спортски и културно- просветни организации.

Со оваа иницијатива Матка и нејзината околина била преуредена. Во  1934 година на првата седница на Друштвото за уредување на Матка било разгледувано прашањето како најубавото излетничко место крај Скопје да се снабди со вода за пиење и да се одржуваат културните и природните врски. [2]

Иако во сосема мал број, излетничките места во околината привлекувале внимание и кај странските туристи. За тоа зборуваат бројните реклами во јавните гласила кои ја презентирале убавината на овие места за одмор.

На осумнаесет километри југозападно од Скопје, во клисурата на реката Треска, се наоѓа манастирската црква Св. Андреја. [3]

Втор по значење објект бил  Манастирот Св. Богородица - Матка. Тој е бисер на средновековната архитектура и уметност. Манастирската црква се наоѓа на левиот брег од реката Треска во с. Матка, близу до селото Глумово. [4]

Просторот околу Матка со грандиозноста на вертикалните страни на клисурата на реката Треска, богатата флора и фауна, чистата и бистра вода и културните споменици ја прават Матка единствена и неповторлива по својата убавина.

 

30.1. Излет на Матка, семејството на Панче Крстев со пријателите во 1938-39 год., МГС инв. бр. 3723

 

30.2. Скопскиот шапкар Панче Крстев со пријатели на излет во околината на Скопје, МГС инв. бр. 3722

 

30.3. Група скопјани со велосипеди на Матка во 1936 год., МГС  инв. бр. 4837

 Овој простор во кој има остатоци од неколку ранохристијански базилики, десетина средновековни цркви, манастири и тврдини (остатоци), бил центар со силно културно влијание низ вековите. [5]

Во 1933 година посебен интерес за Јужна Србија покажале Англо- Американците. Поради тоа биле испраќани покани за посета на  Скопје и запознавање со неговите убавини, особено  пештерите во Матка. [6]

На левата страна на реката Лепенец, во близина на  влевањето во р. Вардар, се наоѓа селото Бардовци, кое било распространето во низината на скопскиот воен логор Крал Петар. Тука се наоѓал беговскиот конак, изграден во ориентален стил. Камената ограда со голем број кули за одбрана, просторно поделеното дворно место, одделените станбени и стопански згради, извонредниот распоред на одаите, чешмите и хортикултурата, ги привлекувале посетителите. Над селото Бардовци се наоѓала црква што  се гледала од сите страни. Уреденото црковно место засадено со овошни дрвја и лозје, претставувало едно од најатрактивните излетнички места во околината на Скопје. Оттука се отворал прекрасен  видик.

Предградието на Скопје наречено Ханриево претставувало убаво место за излет. Скопјани тука доаѓале на празници, а најпривлечна била ханриевската плажа, веднаш до Железничкиот мост на р. Треска.

Ханриево не било привлечно место само поради неговата позната плажа или неговата извонредно пријатна околина, туку и поради тоа што ова место од сите страни било опкружено со брда, од каде се отворала   убава панорама на Скопје и на неговата околина. Во близина на Ханриево се наоѓал Античкиот театар. [7]


 

[1] M. Бабић, Потребе и могућности излета ван Скопља, Скопски Гласник бр.241 ,1933, 3.

[2] Уређење Матке и околине, Скопски Гласник бр. 326 од 1.09.1934, 4.

[3] Црквата била подигната уште во 1389 година. Црквата претставува комбинација од долговиден триканхос однатре и слободен крст од надворешната страна. Во внатрешноста таа е живописана во три хоризонтални зони.

Фреските се издвојуваат со своите стилски, уметнички и монографски квалитети. Во фреските   доминираат лица и фигури на светци и свети воини, прикажани во природен раст со животна, импозантна сила.

Зограф на манастирот Св. Андреја е митрополитот Јован од с. Зрзе (Прилепско). Метрополитот Јован и неговиот помошник, монахот Григориј, настојувале да го решат и проблемот на перспективата и создале природен однос на насликаната фигура со мотивите од заднината. Посебно внимание привлекуваат композициите: Тајна вечера, Симнување од крстот, Молитва во Маслиновата гора и др.

[4] Единствено црквата останала од некогашен манастир кој најверојатно бил подигнат во 14 век. Фреско-живописот во внатрешноста на црквата датира од 15 век и претставува вистински ликовен контраст со оној од црквата Св. Андреја. Црквата има форма на стеснет впишан крст. На централниот дел таа е осмоаголна купола со четири прозорци и четири слепи ниши кои се потпираат на пиластри. Олтарната апсида однадвор е тристрана.

Манастирот Матка е посветен на Богородица. Неговиот ктитор, велможот Бојко, син на властелинката Даница, е основач и ктитор и на други објекти во околината на Скопје. (Скопски Гласник бр. 241 од 14.01.1933, 2).

[5] Во Матка преовладува женскиот принцип претставен преку симболот на плодноста, влагата, водата, животворноста. Нејзиното име доволно кажува за тоа. Не случајно во околината има неколку цркви и манастири со имиња на жени светителки: Св. Недела, Св. Петка, Св. Богородица. И денес жените неротки  доаѓаат во црквата Св. Богородица да í се помолат на чудотворната икона на Мајката  божја, за да им дари род. Постојат преданија дека во шумите на Матка престојува Горската Мајка, женска митолошка појава кај старите Словени.

[6] Водата, цедејќи се низ варовничкото тло, создава таинствени пештерски форми кои воодушевуваат со својата убавина. Во внатрешноста на пештерите со таложење се формирале прекрасни украси, сталактити (тавански украси), сталагмити (подни украси), меѓу народот познати како боски, т.е. дојки, вимиња, женски, симболи на мајката  (Виктор Лелиќ, “Матка низ вековите”).

Зоран Стојковски, Пештерите-обележје на Матка, Зелен ветар (подлисток за екологија бр. 22, март 1996, 8-9.

[7] Според урнатините кои постоеле во тоа време, тој некогаш бил огромен, со мрежа од подземни коридори и со голем број на посебни простории. Влезната порта била огромна. Според остатоците од ѕидовите, може да се претпостави дека тоа некогаш било некоја тврдина или дворец со амфитеатар.( Ханриево и  ханриевци, “Глас југа” бр. 27, 1940, 4.)