topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Работата на Скопската Митрополија
Имотот на црквите
Верски добротворни старателства
Свештенички здруженија
  Црковен брак
  Црковна активност
  Католичка црква
  Еврејска синагога
   

Свештенички здруженија

Свештеничкото здружение на Православната  Скопска епархија било формирано во 1934 година  од страна на свештенството во Скопската епархија, и било под непосреден надзор  и покровителство на епархискиот архијереј. [1] Ова здружение имало за цел да се грижи за самообразование и самоусовршување на своите членови, општо и стручно богословско-пастирско образование, да го чува авторитетот на парохиското свештенство, религиозно-просветно да се унапредува црковниот живот и христијанскиот морал, да изнаоѓа средства за сузбивање на иноверни пропаганди, секташтво, суеверие и безбожништво во Епархијата и материјално да ги помага своите членови и сиромашни свештеници. За остварување на својата цел, Здружението формирало свештеничка и народна библиотека со читална. Здружението се интересирало и за однесувањето на своите членови, организирало молитвени состаноци, се печателе книги и брошури  , списанија и беседи и се одржувале предавања.

Членови на ова Здружение биле парохиските свештеници и свештениците кои биле во пензија. Органи на ова Здружение биле свештеничките братства.

Православното архијерејско намесништво се грижело за целокупниот живот на црквата, а со тоа и за животот на свештениците како претставници на црквата. Многу важен бил надворешниот изглед на свештениците. Тие морале да носат брада, прописно да се облекуваат, на улица не смееле да пушат, морале да читаат црковна литература и во своите домови морале да имаат своја библиотека со црковна содржина. По обиколката на Митрополитот на Скопската епархија,  Јосиф, во 1936 година, тој имал многу забелешки за изгледот и однесувањето на свештениците кои изгледале неуредно и  неправилно наплатувале за одредена црковна служба. Освен тоа, Митрополитот скопски Јосиф забележал  дека многу храмови не биле чисти, црковните книги не се одржувале, свеќите кои се палеле биле од смола, а не од восок, со што се оштетувале иконите. Парохиите немале изводи за забележување на раѓања,  умирања и венчавки. [2]


 

[1] 520. Исто

[2] Архив на Македонија 520. Архијерејско намесништво, кутија 2, 1935 год.