topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Работата на Скопската Митрополија
Имотот на црквите
Верски добротворни старателства
Свештенички здруженија
  Црковен брак
  Црковна активност
  Католичка црква
  Еврејска синагога
   

Црковна активност

Српската пропаганда најмногу се ширела преку црквата.  Затоа, таа особено се интересирала и водела сметка за прифаќањето на славење на крсна слава кај македонското население.  Митрополитот скопски, Јосиф, со своја одлука побарал од архијерејскиот намесник  да испрати писма до сите свештеници во Скопската епархија со кои се барало  извештај за славење на славите. Биле поднесени списоци од кои се гледало кои фамилии која слава ја слават, дали се прави колач, дали се подготвува пченица, дали се пречекуваат гости и дали се прават сите обичаи како кај останатите православни Срби.

Свештениците во секоја пригода морале да агитираат за значењето на крсната слава, а најмногу внимание се обрнувало на побогатите македонски семејства, кои биле следени од свештениците. Тие, за време на некоја слава , посетувале  семејства и го следеле текот на славењето. За  ширење на славењето на крсна слава биле печатени и памфлети со кои се пропагирало меѓу народот.

Митрополитот скопски Јосиф, им обрнувал особено внимание на свештениците да внимаваат на разни агитатори од други конфесии и секти, за сменување на верата. Сите оние кои поминале во христијанска вера биле прифаќани од свештениците и им било помагано да најдат работа. Во 1934 година сите свештеници биле известени за појавата на масонство. [1]

За време на верските празници, активноста на црквата била голема. Во сите цркви се одржувала литургија и богослужба.

За време на Велигденските празници, литургијата почнувала од Соборната црква “Света Богородица”, до Митрополијата, продолжувала преку Камениот мост на кејот “Крал Александар”, па до Железниот мост и  се враќала кај Соборната црква. Во црквата, по завршувањето на литургијата,  се читало евангелието.  Литургијата  имала свој ред на движење. На чело оделе бајраците и крстот, потоа иконата на Воскреснувањето која ја носеле двајца ѓакони,  воена музика, потоа пејачките друштва “Вардар” и “Мокрањац”, ученици од основните и средните училишта како и  од женското работничко училиште, железничка музика, рипиди, свештенството,  Митрополитот,  претставници на власта и претставници на разни здруженија, патриотски, просветни,  хуманитарни и на крај биле граѓаните. Сите свештеници  кои служеле во  литургијата ги  чистеле сите садови за вода од својата црква, по потреба и ги калаисувале и ги праќале во Митрополијата,  за потребите за време на службата.

Вакви литии биле организирани и за празникот Богојавление, кога се фрлал крстот во Вардар и 7-8 момчиња го фаќале. [2]

На Крстовден се разнесувала крстена вода  по куќите и сите литургии од црквите се собирале кај споменикот на Вардар каде што имало големо водоосветување.

За време на Врбици (Благовец), литиите од сите цркви по одредена маршрута се враќале во црквите каде што се оставале донесените врбови гранки кои другиот ден се осветувале и се делеле на народот. Овие гранки од врба ги набавувало градското поглаварство. 

Сите цркви си имале своја слава.

Првата недела по велигденскиот пост била “Недела на Православието” и тој ден била прославувана православната свест на христијанските верници. Овој празник се празнувал во Офицерскиот дом каде што учествувале пејачки друштва, хор и свештеници и целиот добротворен приход од тие духовни академии бил наменет за сиромашните и невработените. [3]

Црквата како верска институција имала удел во целокупниот живот на населението и со својата активност го придобивала народот кон себе.

 


 

[1] Архив на Македонија 520. Архијерејско намесништво, кутија 9, 1934 год.

[2] Највешт скопјанец за фаќање на богојавленскиот крст бил Антон Тасиќ, кој неколку години го фаќал крстот во реката Вардар.

[3] Недеља православља у Скопљу, Скопски Гласник бр.244, 1933,3.