Еврејската синагога се
наоѓала во Еврејското маало кое било сместено под тврдината Кале.
Оваа синагога се викала “Каал Хадаш” и “Мидрош Кадаш”.
Синагогата била во
центарот на маалото, спроти неа било Еврејското основно училиште
каде што биле сместени и Еврејската вероисповедна општина и
Еврејскиот хор.
Еврејските празници се
славеле во синагогата, каде што се вршеле и венчавките и опело на
мртвите. Во еврејската општина се организирало и колење на добиток
во присуство на “шохет”, а кога се раѓало машко дете, во
синагогата се вршело обрезување кое било многу свечено.
|