topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

 Христијански гробишта

Старите христијански гробишта се наоѓале до муслиманските гробишта на Гази Баба, на местото Клетник. Според кажувањата на старите скопјани, на овие гробишта луѓето биле закопувани сé до почетокот на 19 век. Северно од местото Клетник, на самиот врв на Гази Баба постоеле остатоци од стари христијански гробишта. Зад Гази Баба  се наоѓале мали гробишта што се нарекувале Болнички гробишта. Овие гробишта биле заградени со бодликава жица и чувар. Гробиштата биле одржувани во добар ред.

Христијански гробишта постоеле и во Чаир,  тие не биле парцелисани и уредено, но имале чувар и жива ограда. [1]

Старите гробишта на десната страна на Вардар се наоѓале зад Железничката станица. Пристапот до гробиштата не бил соодветен и до нив се доаѓало преку лозја. Според сеќавањата,  на овие гробишта луѓето биле закопувани уште кога се населиле на десната страна на реката Вардар.

Овие гробишта биле преполни.  Во почетокот, градската управа сакала да ги прошири.  Со одлука на општинскиот одбор која била донесена во 1929 год. било одлучено гробиштата да се прошират за 80 до 100 “дулуми”(стара мерка). Поради оваа одлука било откупено земјиште за проширување на гробиштата. Но, во 1925 година  општинската управа донела одлука да се експроприра земјиштето на Кумановскиот пат кое имало површина од 60.000 м2 и на тоа место да се направат нови гробишта. [2]

Гробиштата кај Железничката станица биле парцелисани,  и уредени со редови дрвја. Православните гробишта што се наоѓале на најниската долноводненска тераса,  јужно од Железничката станица, со градењето на околните населби во Долно Водно и Црниче, влегувале во градежниот реон на градот.  Гробиштата биле христијански и католички. [3] Поради ваквата состојба, како и поради непристапноста до нив, одделени со Железничката станица, се наметнала потребата за нивно преместување. Во 1926 година бил избран терен за нови гробишта,  лево од државниот пат Скопје-Куманово.

 

31.7. Гробиштата под Црниче, МГС инв. бр. 2067

Во текот на 1929-1933 год. Општината почнала да откупува одделни парцели на овој комплекс.  Градењето почнало постепено во 1935 година, а во 1936 год. земјиштето почнало да се оградува и биле направени главни и обични парцели. Во 1936 год. почнала да се гради и административна зграда. Било планирано во 1937 год. гробиштата да почнат да се употребуваат. 


 

[1] Гробишта, Ј. Хаџи Васиљевић, “Скопље и његова околина”, Београд 1930, 162.

[2] Општински гробишта,”Алманах  Општине града Скопља 1918-1928 год.”, Скопље 1928 год.

[3] Тихомир Цветковиќ, сеќавање, теренски истражувања во 1996г.