topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
   

Еврејски, муслимански и католички  гробишта

Над христијанските гробишта на Железничката пруга се наоѓале и еврејски гробишта. Овие гробишта биле оградени, имале свој чувар и биле добро одржувани.

Муслимански гробишта во градот имало во четири главни комплекси: на Гази Баба, Хинди Баба, Ајдар Баба и   на десната страна на реката Вардар.  Гази Баба била покриена со муслимански гробишта, а името Гази Баба доаѓа од  турскиот светец Гази Баба Мухамед Ефендија кој бил закопан на брдото.  Хинди Баба бил наречен нискиот северен дел на Гази Баба, каде  што постоело турбе со гроб на Хинди Баба. Турбето било чувано од чувар.

 

31.8. Панорама на Скопје од Гази Баба со муслиманските гробишта, МГС инв. бр. 97

 

31.9. Турбето на Гази Баба, МГС

 Ајдар Баба бил трет и најинтересен комплекс на гробови  кој се наоѓал во Топаана, на западната страна на градот. Гробишта завршувале до качаничкиот пат. Овие гробишта биле најсочувани и во нив биле закопувани угледни луѓе од муслиманска вера. [1]

До 1925 год. турски гробишта имало и   на местото на денешен “Жена парк”, во близина на подоцна изградената црква Цар Константин и Царица Јелена во Влашкото сокаче. [2]

Католичките гробишта во Скопје  датирале од втората половина на 19 век  и се наоѓале над Скопската пивара, до лозјата. [3]

Циганите  во Скопје си имале свои гробишта што ги нарекувале имоириа. [4]


[1] Гази Баба гробот  и турбето се наоѓале на самиот врв на брдото, североисточно од градот. Имало и текија која изгорела во 1893 год., а новата текија била изградена од Хаџи Гани-бег од Скопје. Тука останала камена плоча со старотурски натпис: “Хем Гази јим, хем кади јим, хем шејх шериф Мухамед” што во превод значи:” И газија сум и кадија сум и шејх сум од Мухамедова лоза”.Гробницата била изградена од камени плочи, а на левата страна од плочата се наоѓала кутија за сиромашни. Од десната страна на гробот била поставена камена плоча на која стоеле ибрик и леген, полн со вода и до него 20-30 камчиња. Овие камчиња посетителите ги поливале со вода, а еден од присутните го преполовувал купчето камења со дланка.  Во зависност од бројот на камчињата - парен или  непарен, зависело исполнувањето на желбата. На овие гробишта најмногу доаѓале турски жени кои седеле кај гробот, се молеле на Алах и  баеле. Најмногу доаѓале жени кои имале проблеми  со раѓање. (Ј. Хаџи  Васиљевић, “Скопље и његова околина”, Гробишта, Београд 1930, 162.)

[2] Тихомир Цветковиќ, сеќавања

[3] Ј.Хаџи Васиљевић, Скопље и његова околина, Гробишта,, Београд 1930, 162.

[4] М. С. Филиповић, Обичаји и веровања у Скопској котлини, Београд 1939, 477.