topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Основни училишта

Во 1918 год. во Скопје се отвориле 9 училишта: “Цар Душан”со 5 одделенија; “Владимир Кариќ” со 5 одделенија; “Св. Сава” со 5 одделенија; “Ѓура Јакшиќ” со 8 одделенија; “Св. Богородица” со 6 одделенија; “ Бранко Радичевиќ” со 5 одделенија;  “Вук Ст. Караџиќ” со 5 одделенија; “Ѓ. Даничиќ” со 3 одделенија;”Доситеј Обрадовиќ “ со 3 одделенија- вкупно 45 одделенија. [1]

Следната година било формирано и “Француско-српско училиште” под управа на Шал Доер.

Наставата во основните училишта се одвивала на државниот српско-хрватски јазик.

Основното образование   било задолжително со закон, а траело 4 години. Во првите години во училиштето, основен прибор на учениците им биле мали дрвени таблички на кои се пишувало со креда. Едната половина на табличката била чиста, додека другата имала хоризонтални линии. На аголот бил направен отвор низ кој се протнувал конец со сунѓерче. Во погорните одделенија учениците пишувале во тетратки. [2]

Хигиенските услови за работа, биле на многу ниско ниво. Во една ваква ситуација во која учениците требале да го поминуваат поголемиот дел од времето, да научат нешто и културно да се издигнат, поради лошите хигиенски услови тоа им било оневозможено. Во поглед на хигиената, состојбата од година во година  минимално се подобрувала, но процентот на подобрувањето бил резултат само на новоизградените училишта, додека старите останале онакви како што биле затекнати по завршувањето на Првата светска војна. Училишните надзорници преку своите извештаи постојано ја нагласувале лошата хигиенска состојба на училиштата и барале излез и средства за нејзино подобрување. Учениците требале да стекнат хигиенски навики и нив да ги пренесат во своите домови, меѓутоа немало од каде да видат, да научат и да пренесат.

И состојбата на училишните згради во Скопје не била задоволувачка. Основното училиште “Св. Богородица” (во Пајко маало) било подигнато покрај истоимената црква во средината на 19 век. Тоа имало 4 одделенија,  а под него се наоѓале канцелариите на Соборната црква. Како посебен оддел на ова училиште се смета основното училиште “Бранко Радичевиќ”, формирано веднаш по обновувањето на црквата “Св. Богородица”. Училиштето било реновирано во 1901 год. по иницијатива на некој Карајововиќ, а со прилог на граѓаните, се изградила доста цврста градба. Во 1921 год. ова училиште го добило своето име и била извршена преправка на неговата внатрешност, при што се формирале 6 одделенија. Во училиштето, покрај 4 класни одделенија постоело и забавиште. Училишната зграда и припаѓала на црквата и општината плаќала кирија.

 

32.1. Училиште “Св. Богородица”, МГС инв. бр. 177

 

32.2. Ученици од прво одделение при основното училиште “Св. Богородица”, Јанко Трпчановски во горниот ред во соколска униформа, МГС инв. бр. 4603

Основното училиште “Доситеј Обрадовиќ” се наоѓало во Чаир, а било изградено околу 1840 год. Првата зграда била од слаб материјал и била мала, па со помош на трговците Коста Клисаров, Трајко Сидовски и др. во 1919 год. било изградено ново школо. Во него имало 5 соби и долг ходник, а во дворот имало стан за служители.

 

32.3. Училиште “Доситеј Обрадовиќ”, МГС инв. бр. 83

Основното училиште “Владимир Кариќ” го подигнал таткото на некој загинат егзархист, праќајќи од Белград 500 дукати. Ова училиште се наоѓало во црквата Св. Константин и Елена ( во центарот на градот, кај денешен “Жена парк”). Имало неколку училници и стан за служители.

 

32.4. Училиште “Владимир Кариќ”, МГС инв. бр. 2133

“Француско-српското училиште” било формирано во 1919 год. Тоа било приватно училиште на Шарл Дер, француски офицер. Неговата сопруга Јел Дер одржувала курсеви по музика, везење и готвење и била надзорник на забавиштето за деца. Се наоѓало меѓу ул.”Принц Павле” и “Кнез Арсен”, во близина на познатиот Пасаж Ароести (пред самото Дрвено мовче на местото на денешната Влада на Република Македонија). Училиштето имало две големи згради опкружени со многу убаво уредена бавча. Едната од нив служела за училници на  учениците, а во другата имало разни одделенија на интернатот.

 

32.5. Полугодишно уверение за успешни ученици од Француско-српското училиште, доделено на Марија Димитријевиќ Алексовска, внука на др. Чохаџиќ  во 1938 год., МГС

 

32.6. Хор и виолински оркестар на Француско-српското училиште, МГС инв. бр. 4469

 

 Родителите на Надежда и Елена Шеќеринови, биле угледни скопски интелектуалци. Мајката била учителка, а таткото, по завршувањето на Експортната академија во Солун, бил книговодител со познавање на францускиот јазик. Школувањето во Солун, секако, за неговата фамилија чинело многу пари, но тој добил соодветно образование. Во 1929 година Надежда завршила Француско школо во Скопје кое во овој  град постоело уште од 1919г. По завршувањето на ова школо, сестрите  добро го познавале францускиот јазик, како и нивниот татко. Дома комуницирале на француски јазик. Според приложените уверенија за завршување на спомнатото школо, се гледа дека во школската програма имало   етика, веронаука и женски труд. Кај голем број ученички  последниот предмет за женски труд играл значајна улога во натамошниот живот. Така, Надежда со своите шнајдерски способности  шиела за целата фамилија. [3]

Училиштето “Вук Караџиќ” се наоѓало во ул.”Краљевиќ Марко”, а било сместено во општинска зграда со сутерен и еден кат. Имало 6 училници, 1 канцеларија, 2 соби и кујна. Училиштето “Цар Душан” било сместено во зградата на Католичката црква, односно во црковна зграда со една училница во приземјето и ходник. “Св. Сава” се наоѓало во ул.”Вилзонова”, сместено во општинска зграда со висок подрум и приземен кат со 4 училници, 1 канцеларија и ходник. [4] До 1926 год. Скопје имало грчко и католичко училиште што биле во Пајко маало но биле затворени претходната година.

Податокот дека толку многу  згради кои биле во приватна сопственост    биле ѕидани и приспособувани за други потреби, јасно укажува на нивната несоодветност, на нивната лоша хигиенска состојба и нивното штетно влијание на ученичкото здравје - телесно, душевно и морално.

Учениците според законот за здравствена заштита, требало да имаат по 5 метри кубни простор на ученик, а имале просечно по 3. Влезните скали биле обично однадвор и изложени на временски непогоди. Прозорците биле прости и не овозможувале нормално проветрување. Имало училници без оџак, па ќумците биле спроведени низ прозорецот. Печките биле од плех. Меѓу даските на подот имало пукнатини низ кои допирал студен воздух од подрумите. Клупите биле стари, направени од материјал што во тој момент им се нашол на мајсторите кои пак многу не се разбирале од столарство. [5] Тие биле од различен тип, разна големина и висина и непогодни на возраста на учениците. Таваните биле од даски, а подот бил премачкуван со маст за заштита од прашина која паѓала од таванот. [6]

Најчесто училниците биле покрај самата улица, па уличната врева и прашина лесно се пренесувале во училниците. Според бројот на учениците, училниците биле многу тесни. Водата за училиштата се црпела од бунари кои се наоѓале во дворовите кои ако воопшто ги имало  биле многу мал, па за одмор се користела улицата. [7]

Од сите овие податоци очигледно е дека хигиенската состојба во скопските основни училишта во споменатиот период била многу лоша. Бидејќи со закон државата налагала секое дете да помине на училиште од 4 до 8 години, оправдано било барањето на родителите, училишните власти преку училишните простории, наставата и уредувањето на училиштата да обезбедат основни услови за здравјето на децата во училиштата. [8]

Поради овие факти, голем број од децата боледувале од разни болести. Најмногу ученици биле заболени од анемија, рахитис, лошо држење на телото, расипани заби, зголемени жлезди и др.

Сепак, со време, состојбата постепено се доведувала во ред, полека се враќала на предвоените прилики. Бројот на училиштата и учениците постојано се зголемувал. Така, во 1929 г. Скопје имало 15 основни училишта со 4180 ученици. На десната страна на Вардар имало 6 училишта со 2100 ученици. Тоа биле училиштата: “Његош”(во Железничка колонија), Вежбалната на Учителската школа, “Цар Душан”, “Владимир Кариќ”, “Св. Сава”(во Ново маало), “Ѓура Јакшиќ”. На левиот брег на Вардар имало 9 училишта со 2179 ученици: “Св. Богородица”, “Кралица Марија”, “Јован Скерлиќ”, “Мехмед Соколовиќ”, “Осман Ѓиќиќ”, “Вук Караџиќ”, “Доситеј Обрадовиќ” и Српско-еврејското основно училиште.

На десната страна на Вардар, поради големиот број на ученици, наставата се одвивала во две смени. Соодносот на машки и женски ученици  бил 2:1 во полза на машките.

Иако сите деца биле обврзани да   посетуваат основно училиште, сепак тоа не било така. Според Законот за основни училишта, децата требало да тргнат во прво одделение  на 6-годишна возраст. Но, поголем  дел од учениците тргнувале на училиште подоцна.

Училишните власти работеле на собирање на сите нешколувани деца

 кои ја надминувале границата. Во одредени класови имало ученици со различна возраст, па според тоа и различна висина и зрелост.

Не постоела ниту усогласеност на претходното подготвително знаење. Повозрасните имале повеќе искуство и биле поподготвени за интелектуална работа. [9]

Во учебната 1929/30 година, според Законот, основното училиште се зголемило на 8 одделенија и се делело на ниже и више , а секое траело по 4 години. [10]

Во периодот   1929/33 година општинската управа работела во две насоки во поглед на училишните згради: ги поправала старите и подигнала нови.

Во тој период општинската управа отворила и училишна амбуланта, училишни млечни кујни, ученичка трпеза и изградила ученичко одмаралиште на Водно. [11] Во 1931 год. во училиштето “Његош” се отворило и првото детско забавиште во Скопје, по углед на големите градови и индустриски центри на Запад, а како последица на економско-социјалните проблеми. Потоа се отвориле забавишта и во училиштата “Бранко Радичевиќ”, “Француско-српско училиште” и една паралелка при вежбалната на  Учителската школа.

 

32.7. Свидетелство од основното училиште “Бранко Радиќевиќ”, МГС

Во 1933 година бројната состојба на учениците се зголемила и претставувала 8% од вкупниот број   жители на Скопје.

Во истата година бил забележан и голем напредок на школството, со отварање на 2 модерни училишни згради:”Цар Душан” и “Ѓура Јакшиќ”. Од сите стари училишни згради во Скопје, на најнизок степен била зградата на основното училиште “Цар Душан” [12] (која се наоѓала близу до плоштадот каде што денес се наоѓа “Македонија проект”). Старото училиште по својата трошност, неудобност, со тесен  и лош двор, можело да послужи за сé друго, освен за училиште.   Во исто време, според бројот на учениците, тоа било и најголемо основно училиште во Скопје со 591 ученик и 6 училници. Оттаму произлегувала и потребата   ова училиште да добие нова училишна зграда. Новата зграда на училиштето била пуштена во употреба во јануари 1933 година. Зградата во сé ги задоволувала потребните услови за хигиена. Имала висок сутерен , приземје и кат. Во сутеренот имало гимнастичка сала со бања и соблекувална, кујна и трпезарија. Во приземјето биле училниците, а на катот сала за свечености со бина. Под салата, со посебен влез од улица имало простории наменети за јавна библиотека. [13]

 

32.8. Училиште “Цар Душан”, МГС инв. бр. 45

 

Истата година била осветена и училишната зграда “Ѓура Јакшиќ”. Била изградена откако изгорело  истоименото училиште, а зградата се наоѓала близу до Железничката станица “Војвода Путник” (бавчите во населбата Пролет) и  од сите страни била опкружена со зеленило. [14]

 

32.9.  Старото училиште “Ѓуро Јакшиќ”, МГС инв. бр. 2135

 

Овие две нови училишни згради имале капацитет од 25% од вкупниот број на ученици од основните училишта. Со тоа се направил голем чекор напред во решавањето на проблемот со училишни згради во Скопје.

Во тие училишта во 1933 година биле отворени 2 помошни одделенија - за дефектни и глувонеми деца. Со нив раководеле посебно оспособени наставници со специјална програма донесена од Министерството за образование. Во овие паралелки биле запишани деца кои поминале на лекарски преглед пред специјална комисија составена од: лекар, стручен наставник, управител и училишниот надзорник во училиштето. Овие одделенија биле корисни за заостанатите деца и за правилната работа на основните училишта, бидејќи на тој начин немало застој во редовната настава. [15]

Што се однесува до религиозниот и националниот состав на учениците, најголем број ученици биле регистрирани како православни Срби. И покрај тоа што всушност најголем број биле Македонци, не постојат регистрирани податоци за тоа. Муслимански ученици имало најмногу во основните училишта, а помалку во средните, но бројно биле помалку од христијаните. [16]

Од вкупниот број на ученици, поголемиот број биле машки. Помалиот број   на женски деца во училиштата има свои оправдани причини што влечат корени од  минатото. Во тешката акомодација на поранешното вековно ропство, животот на женскиот свет станувал сé повеќе затворен и ограничен на куќата, со оглед на тие тешки прилики. Од колено на колено тоа се пренесувало и конзервирало, па бил потребен подолг период тој затворен живот на женскиот свет посилно да влезе во струјата на државниот и општествениот живот. [17] Во подоцнежните години, бројот на женските деца се зголемувал, заедно со зголемената национална свест дека сите деца, без разлика на нивниот пол, морале да се школуваат.

И соодносот на учителите и учителките од година во година се менувал на штета на машкиот пол. За одбележување е податокот според кој се намалувал бројот на машките лица кои се школувале во учителските школи. Причини за тоа биле малите плати во споредба со другите професии, тешките и лоши услови за работа, постојаното преместување, употребата на разни мерки за превоспитување и србизирање и др. [18] Каква била положбата на учителите во ова време на просторот на тогашна Јужна Србија, може да се види и од заклучоците донесени на конференцијата на секциската управа на Учителското здружение за Вардарска Бановина, одржана на 8.03.1937 година во основното училиште”Ѓура Јакшиќ”. [19]

Младите  учители кои останувале во овој крај постојано се судрувале со  отвореното прашање на училишен надзор. Тие немале никакво упатство за нивната работа, а немале ниту авторитетен старешина кој би можел да ги суди, но и да ги штити. На своите седници и собранија и преку својот печат, учителите залудно укажувале дека училиштата во Јужна Србија се особено погодени од тоа што надзорничката функција, едно од најосетливите и најодговорни места, се добивала не по заслуга за книга, училиште и сталеж, туку заради услугите на оваа или онаа владејачка партија. Безуспешно се барало со правилно решение на тоа прашање, на надзорничката работа да í се обезбеди повеќе авторитет, да í се даде повеќе самостојност и да í се прошири просторот на дејствување. Наместо сето тоа, бил донесен  Закон за управна власт кој го избришал и она малку авторитет што дотогаш можел да го има некој училишен надзорник. Оттогаш, надзорничката работа станала подредена. Тој период е одбележан со многу предлози за преместување на учители во оваа област, како непогодни. [20]

Овде не завршувале тешкотиите во образованието. Нерешеното прашање на учебници постојано било присутно во  основното образование. Прашањето на недостиг на учебници  било најосетливо со оглед на верските и други прилики. Не бил редок случај да се добиваат расписи за забрана на употреба на овој или оној учебник - но истовремено не се укажувало на учебници кои би биле погодни за настава. Учителот морал да се снајде сам, да биде досетлив, особено на часовите по историја и Српско-хрватски јазик во муслиманските одделенија, бидејќи учебниците по овие предмети биле полни со статии и лекции кои можеле да ги навредат верските чувства. [21]

Сепак, просветната политика на Градската општина на Скопје се развивала постојано, со бавни, но значајни чекори. Во 1937 година било изградено ново основно училиште “Доситеј Обрадовиќ” на 1200 м2 во центарот на Топаана и Чаир. Со оглед на тоа што во зградата имало воведено електрична енергија, водовод, најсовремени печки, под од линолеум и сл. , таа ги исполнувала најпотребните услови за модерно училиште. Истата година било осветено и основното училиште “Његош”( кај денешното училиште “Ј. Х. Песталоци”), во центарот на Буњаковец кое според квадратурата и опременоста било речиси идентично на претходното. [22]

Во 1938 година во Скопје било формирано експериментално основно училиште, во кое се применувал поинаков наставен метод од дотогашниот. Овој метод се базирал на детските интереси и формирањето на подмладок врз основа на сопствената активност. Наставата почесто се изведувала во природа , каде што децата директно црпеле сознанија и искуства, потоа  посетувале фабрики и, распределени во групи, секој од нив имал одредена задача што морал да ја реши. По решавањето на  задачите следело заедничко средување на граѓата, изведување на решенијата и заедничка дискусија. [23]

До почетокот на Втората светска војна, Скопската градска општина изградила уште три нови основни училишта. Првото во с. Бардовци, во Долно Водно и во населбата Црниче. Сите три биле изградени во 1939 година. Со отворањето на голем број училишта, процентот на неписменоста се намалил, а народот културно се издигнал. Но, и покрај сé, потребите на основното образование не биле задоволени, а и понатаму бројот на неписмените бил доста голем.


 

[1] “Алманах Општине града Скопља 1918-1928 год.”, Скопље 1928 , 112.

[2] Тодор Стојановиќ, сеќавања, теренски истражувања  во 1994 год.

[3] Верица Шеќеринова-Битољану, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[4] Историја школа у Скопљу,”Скопски Гласник”, бр. 355-359, 1935 год.

[5] Стање зграде основних школа у Скопљу,”Ск. Гласник”, бр.2, 1929 год.

[6] Услови под којима ради учитељ у Вардарској Бановини,”Учитељски покрет”, Скопље 1933 год.

[7] д-р Хранимир М. Јоксимовић, “Хигијенске, социјалне и просветне прилике у скопским школама”, Београд 1932 , 26.

[8] Исто, 17.

[9] Исто, 10,11.

[10] Помошна одељења у основним школама,”Вардар”, бр. 52, 26.01.1933, 4.

[11] Освећење нове школе”Цар Душан,” Ск. Гласник”, бр. 244, 1933 год.

[12] Лела Божиновска учела во основното училиште “Цар Душан”. Во 1933 год. Никола Божиновски бил член на Управниот одбор на училиштето и тој покренал акција за бесплатна кујна за сиромашните деца во училиштето, а од побогатите деца собирале доброволен прилог за облека. За оваа иницијатива Никола Божиновски добил орден. Никола бил и еден од иницијаторите  за отворање на Трговската академија, каде што работел и бил класен раководител. Трговците основачи на Академијата биле и финансиери и помагале во купувањето на школски прибор за учениците. За симпатиите на учениците кон Никола Божиновски зборува и фактот што Никола на многу од нив им бил кум.Елена Божиновска во 1937 год. посетувала и балетско училиште под раководство на г-ѓа Микулчиќ, а потоа две години го посетувала музичкото училиште “Мокрањац”, каде што учела клавир во класата на професорката   Алиса Шајбер која била Еврејка. Сеќавање на Лела Божиновска, теренски истражувања во 1995 год.

[13] Исто,

[14] Нова школа “™ура Јакшић”,”Вардар”, 9.03.1933, 8.

[15] Помошна оделења у основним школама,”Вардар”, бр. 52, 26.01.1933, 4.

[16] “Хигијенски, социјални...”, 11.

[17] “Споменица 25-годишњице...”,  921.

[18] “Просветно-политичките...”, 204.

[19] “... Не може лесно да се преминува преку појавата на преместување на учители на сред учебна година по сечија волја. Каква сé власт на себе не си препишувале и надлежни и ненадлежни во однос на грешни учители, изложени на сите политички ветрови. Со тоа е прекината учителската постојаност. Тоа е причината што за нечија “политичка”сметка, учителот се одвојува од фамилијата, или во најголема зима се бори за ново место. Но, ова не е единствен проблем. Темна слика дава и прашањето за издржување на училиштето кое е бедно. Училишните служители не примаат плата ни преку целата година, децата се без учебници и основни средства и др. И учителите имаат мизерни плати (почетниците имаат 900 динари плата) кои ги добиваат нередовно..., Положај јужносрбијанских учитеља и стање наших школа, “Ск. Гласник”, бр. 485, 13.03.1937 , 1.

[20] Услови под којима...., 262,263.

[21] Исто,  259.

[22] Градска просветна политика, “Ск. Гласник”, бр. 504, 29.01.1938 год.

[23] Огледна основна школа у Скопљу, “Ск. Гласник”, бр.514, 1938 год. , 1.