topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Средни училишта

Состојбата на средните училишта по завршувањето на Првата светска војна била слична како на основните училишта. Веднаш по завршувањето на војната биле направени само  најнеопходните поправки на училишните згради кои ги изведувале општинските и окружните самоуправи и  наставата започнала.

Проретчените редови во наставничкиот кадар биле исполнети со неколку наставници-бегалци и други  интелектуалци од Русија, како и наставници од краевите преку Сава и Дунав. Бегалците-наставници од Русија предавале    француски јазик. Недостигот на наставен кадар бил надоместен со ангажирање на хонорарни наставници од други струки и апсолвирани студенти по филозофија.

Во втората половина на учебната 1918-1919 година, со мали исклучоци, сите поранешни гимназии отворени во 1913-14 година, веќе отпочнале со работа, а некои и порано што зависело од локалните прилики. [1]

Првата гимназија   била формирана кон крајот на 1894 година. [2]

По Првата светска војна зградата на Скопската гимназија била руинирана. Влезот во дворот бил во урнатини, а дворот бил претворен во автомобилски парк. На ѕидовите во училниците сé уште стоеле броевите кои ги означувале болничките кревети. Прозорците биле без стакла. Целокупниот мебел бил растурен по куќите во градот, па во текот  на целата 1919 година се собирал и пренесувал   во гимназијата. [3]

Со присобраниот и обновен инвентар, работата започнала во април 1919 година по курсеви. Првиот курс завршил во јули истата година. Поради недостигот на наставници за одделни предмети биле ангажирани луѓе од најблиски струки, често и со пониски квалификации. На пример, математика и физика предавале инженери, српски јазик и народна историја, во пониските класови, предавале наставници од народните школи и сл.

Веќе наредната 1919-20 учебна година во гимназијата се зголемил бројот на ученици, за  во учебната 1924-25   година да се формираат 29 одделенија.

Веднаш било поставено прашањето за проширување на зградата и отворање на нова гимназија. [4] Тие две прашања биле решени веќе во 1925 година. Истата година се отворила Женската гимназија, а на старата зграда бил дограден еден кат. Женската гимназија била сместена во зградата на поранешната Команда, на местото каде што денес се наоѓа “Автомакедонија”. Директор бил г. Докчевиќ. [5]

Во Скопската гимназија останале само машки ученици, а името било променето во Прва машка гимназија. Зградата имала само училници, без сала за вежбање, а немала ни посебни кабинети. Директор на Машката гимназија бил Васил Иљоски (Василије Илиќ).

 

32.10. Машка гимназија, МГС

 

32.11. Јанко Трпчановски во „V клас  на Машката гимназија, МГС инв. бр. 4605

 

32.12. Матуранти од Првата машка гимназија, генерација 1940 год., МГС инв. бр. 2411

 

Женската гимназија имала само женски ученици, а наставниот персонал бил составен главно од жени. Наставата по одредени предмети била прилагодена на биолошките особини на женскиот пол. Карактеристично за Скопската женска гимназија била училишната униформа. Неа задолжително ја носеле сите ученички, без разлика на класот или социјалната припадност. Униформата била црна, со долги ракави и бела крагна. На главата носеле беретки со амблем на училиштето и број на класот. [6]

 

32.13. Униформа на учениците во Женската гимназија, МГС

 

32.14. Радмила Шеќеринова како ученичка во Женската гимназија, МГС инв. бр. 3766

 

32. 15. Ученички од „„ Женска гимназија сликани со униформи со бели крагни,  меѓу  кои е и Лела Божиновска, МГС инв. бр. 4675

 

Гимназиите покрај образовната, одиграле уште една многу важна улога во развојот на младите - воспитната. Во нив дисциплината била на високо ниво. Училишната униформа се носела и надвор од училиштето, а оние ученици кои ќе биле забележани од своите професори надвор од домовите во подоцнежните вечерни часови, биле казнувани со укор.

Според статистиката правена во 30-тите год., во Женската гимназија две третини од  ученичките биле од  фамилии истакнати по имотност и образование. Слабо биле застапени сталежите кои според стопанската и социјална моќ и положба се наоѓале на најнискиот степен на општествената скала. [7] Поради таквите социјални, стопански и финансиски прилики, голем број ученички ја напуштале гимназијата, а само незначителен број матурирале.

Најголем број ученички биле со православна вероисповед, потоа следеле мојсиевци,  а на последно место биле муслиманите. [8]

Во 1934 год. се изградила нова зграда на Женската гимназија кај денешната Влада.

Со отварањето на Женската гимназија бројот на учениците во Скопската гимназија се намалил. Покрај учениците кои редовно посетувале настава и регуларно ја завршувале училишната година  во Машката и Женската гимназија, постоела можност и за приватно полагање на испитите.   Покрај молба и други документи, се поднесувало и уверение за завршен претходен клас, како и кратка биографија, во која било изнесено што и каде учел молителот и зошто сака  да полага испит. Со таков испит можело  одеднаш да се  полагаат испити и за два класа, за што се поднесувале две посебни молби. [9] Покрај редовните предмети, во Скопската гимназија се изучувал и странски јазик.  Во Скопската гимназија францускиот јазик бил задолжителен на штета на германскиот кој дотогаш бил прв по значење. Најпрво странскиот јазик се изучувал од втори клас, а од 1930 година од први клас, по 3 часа неделно. Успехот бил незадоволителен. [10] Други јазици кои се изучувале во гимназијата биле латински јазик кој се изучувал уште од 1910 год., потоа германскиот, а во 1930 год. бил воведен  и руски јазик кој во учебната 1920-21 се предавал факултативно.

 

Стариот скопјанец Ефтим Гашев памети дека францускиот јазик го изучувале од први до осми клас, така што учениците многу добро го владееле и на одморите меѓу два часа зборувале француски. Тој памети дека во Првата машка гимназија каде што се школувал, покрај Срби имало и професори Македонци. Така, Ѓорѓи Шоптрајанов му предавал француски јазик, Лазо Алексов германски јазик, Трајко Никуљски математика и сл. Тодор Маневски бил професор во „„ Машка гимназија, а бил и уредник на весникот “Глас Југа”. [11]

 

При машката гимназија постоеле ученички друштва: “Трезвеност”,  “Јединство”, литературното друштво “Дојчин”, Феријален сојуз и Подмладок на Црвениот крст. Во Женската гимназија работела и литературната дружина”Јефимија” и Феријален сојуз. [12]

Во овие ученички здруженија се негувала книжевноста, социјалната и здравствената работа, со што учениците го дополнувале и заокружувале своето општо и стручно знаење, ја развивале моќта на критика и самокритика и сл. Оваа работа на учениците била по избор, но со знаење и под надзор на училишните власти.


 

[1] “Споменица 25-годишњице...”, 933.

[2] Тоа се гледа од зачуваната пријава за запишување на која се наоѓаат оценки за двомесечјето ноември-декември. Во текот на својата историја таа била повеќепати затворана. За време на Првата светска војна 1914-1918 година, гимназијата повторно престанала со работа, а училишната зграда била користена како болница (на просторот на денешниот Градски трговски центар).

[3] “Споменица 40-годишњице Мушке гимназије у Скопљу 1894-1934”, Скопље 1934 , 70.

[4] Скопска гимназија,”Јужни Преглед”, бр.2, 1929 год.

[5] Свечано отварање Женске гимназије у Скопљу, “Наша Стара Србија”,бр. 147, 1925 , 2.

[6] Марија Алексовска , сеќавања, теренски истражувања во 1994 год.

[7] Женско образовање и Женска гимназија у Скопљу, “Ск. Гласник”, бр. 402, фебруар 1936, 2.

[8] Исто, бр.403, 5.

[9] Полагање приватних испита у гимназију,”Ск. Гласник”, бр.11, 11.05.1929, 3.

[10] "Споменица 40-годишница Државне Мушке гимназије”, Скопље 1934, 90.

[11] Ефтим Гашев, сеќавања, теренски истражувања во1994 год.

[12] Просветни преглед,”Алманах општине...”, 107.