topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Средни стручни училишта

Освен двете гимназии, во Скопје работеле и стручни училишта. Учителската школа требала да ги задоволи потребите од учителски кадри кои  недостасувале во првите повоени години. Таа била формирана во 1898 година. [1] По војната  работела во својата зграда, а во 1931 година е основан петти клас на Учителската школа. Таа била интернат. Учениците го плаќале своето издржување од 300 до 500 динари месечно. Женските ученици биле одвоени од машките. [2]

 

32.16. Учителска школа, МГС вл. бр. 9478

Д-р Хранимир Јоксимовиќ во 1932 година вака ја опишал зградата на Учителската школа:”...Учителската школа е на многу убаво место, оддалечена од сообраќај, прашина и врева. Самата зграда е опкружена со убав парк и простран училишен двор, потполно одговара на хигиенските услови. Таа располага со многу пространи и светли одделенија употребени за разни потреби. На третиот кат на зградата се наоѓаат здрави, пространи и сончеви простории (спални). Храната е многу добра. Покрај трите главни оброци, сите деца добиваат ужина, а слабокрвните деца добиваат и една шницла....” [3]

Училиштето имало и уредена амбулантска соба и тушеви во бањите. Од изнесеното се гледа дека имало задоволителни услови за целосен интернатски живот. Сите ученици во интернатот, како и во останатите интернати, имале еднообразно одело (униформа) која била бесплатна за многу ученици.

Наставата ја одржувале 14 наставници кои предавале српски, руски и француски јазик, географија, христијанска наука, природни науки, математика, нотно пеење, женска рачна работа, цртање, гимнастика, црковно пеење и полско стопанство. [4]

Покрај редовната настава во ова училиште, тоа вршело и  поширока културна акција во цела Вардарска Бановина. Оваа школа ги собирала бившите учители и организирала културна работа за народот. Поради заостанатоста на селото во споредба со градовите, најголемо внимание се посветувало на издигањето на селото и зближување на школската младина со селото. Управата на школото секоја година организирала бесплатни народни концерти по селата и градовите во Вардарска Бановина. Целта на овие концерти била на учениците уште во текот на школувањето да им се пружи можност да се подготват за својата идна професија. [5]

Во Учителската школа подмладокот на Црвениот крст приредувал практични курсеви по рачна работа за учители и учителки. Со помош на овој курс младиот учителски кадар практично се запознавал со принципите на новиот начин на учителската работа. На тој курс биле застапени практични предмети: плетарство, картонажа со укоричување на книги и моделирање и др. [6]

Бројот на учениците од година во година се зголемувал, а соодносот меѓу учениците и ученичките одел во прилог на ученичките бидејќи  учителскиот позив бил поинтересен за женскиот пол. Квалификационата структура на кадарот во Учителската школа не задоволувал, бидејќи најмалку биле застапени професори, а најмногу учители, супленти и др. [7]

Државната трговска академија во Скопје била формирана во 1913 година, а продолжила со работа по војната, во 1919 година. Трговската академија не ги задоволувала потребите на државата, и на барање на стопанските организации од Скопје, во 1925 година ова училиште било претворено во четворокласна Трговска академија. [8] Директор на академијата бил Панта Јовановиќ-Коњ кој бил и градоначалник.

 

32.17. Трговска академија, МГС инв. бр. 1252

 

32.18. Матуранти од Трговската академија, генерација 1930-31 год., МГС инв. бр. 4541

Во 1930 година била изградена нова зграда на Трговската академија со интернат. Зградата имала одлично опремени кабинети. За практично оспособување на учениците во главните комерцијални предмети била основана штедилница на учениците која имала и свое стоковно одделение и вршела снабдување на учениците со книги и друг училишен прибор. Во рамките на Академијата постоела ученичка дружина”Зора” со повеќе секции преку кои учениците се навикнувале на самостојно работење. Заради плодната работа на секциите, академијата често распишувала конкурси на разни теми кои потоа биле наградувани.

Трговската академија овозможувала солидно образование. Нејзиниот директор,  Панта Јовановиќ, истовремено бил и предавач во училиштето, заедно со својата сопруга Драга. Тој на часовите предавал исклучиво на германски јазик, а Драга на француски и германски.  Со нивна заслуга студентите ги учеле двата јазика. Образованието кое се стекнувало во Академијата може да се спореди со образованието на денешниот Економски факултет. [9] Интересен е податокот што во Трговската академија, како во ретко која друга образовна институција во тоа време имало професори кои биле Македонци. Причината за тоа е што таа била формирана нешто подоцна, кога српскиот еуфоричен национализам спласнал.

Трговците-основачи биле и финансиери на Академијата. Меѓу нив бил трговецот Никола Божиновски кој тргувал со бои и лакови и бил еден од класните раководители на Академијата. [10]

 

32.19. Никола Божиновски сликан со ордени, МГС инв. бр. 4674

 

Во Скопје работело и Ѕидарско-каменорезачко училиште, а во 1922 година започнало со работа и Средното техничко училиште.

За образование на женската младина која немала материјални можности да го продолжи школувањето, се формирале женски занаетчиски училишта, по иницијатива на женските културни и хуманитарни друштва.Тие биле наследници на предвоените домаќински училишта, а тоа биле: Женското занаетчиско училиште при здружението “Жене Јужне Србије”  и Женското занаетчиско училиште при здружението “Коло Српских Сестара”. Првото било формирано во 1920 година, со задача да им даде на учениците потребна општа и стручна подготовка и да ги оспособи за самостојна работа дома и за стопанисување.Се делело на ниже и продолжено занаетчиско училиште. Покрај рачна работа, се изучувале и теоретски предмети. Школото се наоѓало веднаш до факултетот (денес МАНУ), а броело околу 200 ученици. Другото Женско занаетчиско училиште во Скопје било под патронат на”Коло српских сестара”. Се формирало во 1916 година, а дури во 1925 година се сместило во нова зграда која ја изградило Друштвото. Во првиот и вториот подготвителен клас се учеле основи на женската рачна работа и кроење на детска облека, а во првиот и вториот стручен клас - кроење и шиење на облека за возрасни. [11]

 

32.20. Свидетелство од Женското занаетчиско училиште, МГС

 

32.21. Ученички од Домаќинското  училиште, МГС  инв. бр. 4488

Напредокот на градежните занаети и рационализацијата која била извршена во последните години наметнала неминовна потреба занаетчискиот кадар да се пополни со нови стручни сили. Државното стручно занаетчиско училиште било отворено во 1931 година во зградата на ливницата “Орел”. [12] Целта на ова училиште била на занаетчискиот подмладок да му се даде теоретска и практична стручна подготовка и на тој начин да се оспособат добри мајстори кои ќе ги задоволуваат не само локалните потреби, туку   со успех ќе им конкурираат на странските занаетчии. Во 1932 година бил формиран вечерен мајсторско-деловоден курс кој траел 3 години и за тоа време помошниците, калфите и мајсторите стекнувале исто образование како и учениците на Нижото занаетчиско училиште.

Занаетчиското училиште имало 2 одделенија: електромашинско и градежно, а во нив биле застапени модерни технички занаети. Наставата била теоретска и тоа толку колку што можело да се применува во пракса. Во првите години во наставата биле  опфатени само општите предмети за научно и техничко образование, а во последните години се работело на стручните предмети како машински конструкции, градежен армиран бетон и сл. Завршените ученици добивале звање дипломирани мајстори со положен испит кој се полагал по една година помошна работа. Во фабриките и работилниците тие имале улога на раководители, а во државната и самоуправната служба имале ранг на ученици со положен нижи испит на курсот. [13]

Во Скопје во 1920 година била формирана Трговска младина. Во 1922 тие формирале свое училиште и тоа прво како четиригодишен нижи курс, а подоцна како двогодишен виш курс. Задача на школото била да ги оспособи трговските помошници за книговодство и кореспонденција. Наставата во школото се одржувала според програмата и учебниците на Трговската школа на Трговската младина од Белград. Наставниците биле од редот на скопските наставници и други квалификувани стручњаци. Завршените ученици се вработувале  како книговодители.

Училиштето се издржувало од школарина, младински приходи и помош што ја добивало од Трговското здружение и Трговската комора.

Првите три години младината го издавала својот дневен весник “Привредни гласник”, кој поради материјалните прилики престанал да се печати.

Во 1927 година, по иницијатива на тогашниот раководител Чеде Мисаљевиќ ,била основана  и школска банка под име “Економат А. Д. на Трговската школа на Скопската трговска младина”. Тоа била банка во минијатура во која самите ученици на школата, запишале капитал од 5000 динари поделен на 500 акции. Економатот од учениците на школото примал влогови на штедење, давал заеми и своите членови-ученици ги снабдувал со потребните книги и учебници по поволни цени. Управата на школото пропишала и правилник на штедење, врз основа на кој секој ученик добивал и оценка за штедење. Работите на Економатот ги вршеле ученици од последната година  на вишиот курс и на тој начин своето теоретско знаење го дополнувале со практично. Претседател на Младината бил угледниот  трговец  Димитрија Мацура. [14] Трговската младина имала своја слава Спасовден, на 18 мај, која ја прославувале во својот дом со сечење  славски колач и со пригоден говор на претседателот на Младината. [15]

Муслиманското население барало отворање на турски верски училишта. Своите барања тие ги остварувале преку организацијата “Џемиет” и нејзините пратеници. По многубројните барања, во 1924 година во Скопје било основано средно стручно училиште,  Голема  Медреса. [16]

Таа била стручна муслиманска теолошка школа во ранг на гимназија, а се финансирала од државни средства. Наставата траела 8 години. Сиромашните и добри ученици се примале по предлог на Професорскиот совет, на државен и сопствен трошок. Школото било со интернат и било сместено во 4 приватни згради, а учениците плаќале од 300 до 500 динари месечно. Директор на училиштето бил Ахмед Мехмедбашиќ. [17]

Наставниот план претставувал комбинација на  теолошки стручни и гимназиски предмети. Наставата од областа на  верските предмети била приспособена за образование  на муслиманскиот подмладок со високо свештеничко звање. Наставен јазик за сите предмети бил српскиот. Во училиштето постоеле повеќе друштва меѓу кои:” Друштво на подмладокот на Црвениот крст”, друштво “Трезвеност”, литературно и спортско друштво и др. [18]

Ако апсолвентите на Медресата не се определувале за верски позив, имале право да продолжат на друг факултет. По завршувањето на училиштето учениците не биле специјализирани за одредена служба и тие можеле да работат секаква работа. [19]

 

32.22. Големата медреса Крал Александар, МГС инв. бр. 1981

 

Посебно треба да се издвојат две средни училишта: Училиштето за негувателки и Училиштето за бабици. Училиштето за негувателки било формирано во 1931 година по иницијатива на д-р Марија Вујиќ. Ученичките простории привремено биле во бараките на Хигиенскиот завод, а во 1933 година била изградена зграда на училиштето. Задачата на ова училиште била да ги научи ученичките како да го чуваат народното здравје. Во ова училиште биле примани ученици со најмалку 4 класа гимназија или граѓанско училиште. Првенствено биле ученички со повеќе класа гимназија, а целокупното школување траело 3 години. Предметите биле медицински, само во скратен обем. Испитите се полагале 2 пати годишно. По завршувањето ученичките можеле да работат во хигиенски заводи, болници и домови за народно здравје. Училиштето имало интернат во училишната зграда. [20]  

Второто училиште било за бабици.  Било основано во 1930 год. со интернат, а се наоѓало во близина на Државната болница и Хигиенскиот завод. Во него ученичките се подготвувале за бабици при породување и нега на  новороденчиња. Школото траело 18 месеци и тоа 12 месеци пракса и 6 месеци теоретски дел. Предност за запишување имале  ученички од места каде што немало бабици. [21]

Во Скопје постоеле два модерни интерната за средношколци. Тоа биле ученичкиот дом “Крал Александар „ “ и “Кнегиња Зорка”. Тие биле наменети за средношколци кои не биле од Скопје. Во нив се добивала храна и сместување по минимална цена. За сиромашните деца, како и за оние кои покажувале исклучителен успех,  интернатите биле бесплатни.

По отворањето на повеќе средни училишта, природно било отварање на висока школа во Скопје со што делумно би се задоволила потребата од таков тип на школи, а истовремено Скопје би станал највисок просветен и културен центар на овие простори.


 

[1] Д-р Марија Јовановиќ, “Просветно-политичките...”, 226-231.

[2] Историја школе у Скопљу,”Ск. Гласник”, бр.353, 1935, 5.

[3] “Хигијенске, социјалне...”,  21.

[4] Извештај Скопске Учитељске Школе,”Јужна Србија”, бр.10, 1922 год.

[5] Народне концерте Скопске Учитељске Школе,”Ск. Гласник, бр. 43, 1929, 4.

[6] Течај ручног рада у Учитељској Школи у Скопљу,”Вардар”, 21.08.1932, 4.

[7] “Просветно-политичките..”, 226-231.

[8] Мил. Р. Гавриловић, Културно-привредне установе, Привреда Јужне Србије, Скопље 1936 год.

[9] Тодор Стојановиќ од Скопје, сеќавања, теренски истражувања во 1994 год.

[10] Елена Божиновска, сеќавања, теренски истражувања во 1994 год.

[11] Женска Занатска школа Кола српских сестара у Скопљу,”Вардар”, бр.517, јануар 1936 год.

[12] Државна стручна занатска школа,”Вардар”, 10.07.1932 год.

[13] Историја школа у Скопљу,”Ск. Гласник”,бр.355, 1935 год.

[14] Скопска Трговачка Омладина,”Алманах општине...”, 107.

[15] Слава Трговачке омладине у Скопљу,”Ск. Гласник”, бр.573, 1939, 3.

[16] “Просветно-политичките прилики...”, 293.

[17] Историја школа...,”Ск. Гласник”, бр.354, 1935 , 4.

[18] Просветни преглед,”Алманах општине...”, 107.

[19] Матура у Скопској Великој Медреси,”Ск. Гласник”, бр. 265, 1.08.1933, 3.

[20] Историја школа...,”Ск. Гласник” бр. 355, 1935 год.

[21] Исто, бр. 356, 5.