topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Филозофски факултет

Филозофскиот факултет во Скопје бил основан со Кралски указ на 2.02.1920 година. Главен иницијатор за негово формирање бил Јован Цвијиќ, ректор на Белградскиот универзитет.   Иако според уредбата, овој факултет требало да биде автономен, тоа право не му било дадено. Тој бил под патронат и управа на Белградскиот универзитет. Затоа, факултетот не можел самостојно да избира наставници, не можел  да учествува  во изработката на универзитетскиот закон, ниту пак на факултетските уредби  и воопшто не можел да решава за своите потреби.

По формирањето на факултетот се јавиле разни потешкотии во работата. Факултетот немал соодветен третман од страна на вишите институции кои по функција биле повикани да се грижат за него. Така на пример, зградата во која бил факултетот í била доделена на Учителската школа во Скопје, а тој бил преселен во помала зграда. [1] Поради недостиг на стручни кадри, работата се одвивала со недоволен број наставници, поради што трпела наставата. Недостигот на материјални средства потребни за научна и наставна работа, уште повеќе ја влошувал ситуацијата. Но, и покрај сé, факултетот успеал да ги совлада многубројните пречки. На факултетот работел историско-филолошки отсек со следниве предмети: класична филологија, југословенска книжевност,  историја на Србите,  Хрватите и Словенците, византологија, српски јазик и словенска филологија, германски јазик и книжевност, географија и антропогеографија, општа историја, етнологија и етнографија и курсеви по француски јазик. [2]

 

32.23. Филозофски факултет, МГС инв. бр. 274

Работата на факултетот била научна, јавно-културна и школска. Особено внимание í било посветено на научната работа.  Во тој поглед наставниците на факултетот во Скопје обрнале посебно внимание на проучувањето на земјата и народот на Македонија (Јужна Србија). Покрај ораганизирањето семинари, тие формирале разни научни здруженија. Меѓу нив  треба да се истакне Скопското научно друштво кое го издавало списанието  “Гласник на Скопското научно друштво”.  Постоел и отсек на Географското друштво кое одржало голем број стручни состаноци на кои членовите ги соопштувале резултатите од своите географско-етнографски проучувања. Подоцна биле формирани и Отсек за српски јазик и книжевност и Отсек на Етнографското друштво. Во состав на Филозофскиот факултет во 1920 год. била формирана библиотека. По нејзиното формирање, Српската Кралска Академија í подарила дел од нејзините изданија. За кусо време библиотеката била опремена со многу изданија кои биле испратени како дупликати од разни научни институти од сите краишта на Кралството СХС. Библиотеката содржела голем број откупени или подарени книги од приватни лица од целата земја, како и книги од музеите во Загреб, Оксфорд, Лајпциг, Варшава, Париз и Прага. Се вршеле и позајмици на книги од други универзитетски библиотеки од Загреб, Падова, Рим и Белград. До 1940 год. библиотеката броела 3818 инвентарни единици, 131 списание и 16.724 брошури. [3]

Студентскиот живот на факултетот бил многу развиен. Освен  Академското потпорно друштво и Литературно-уметничката секција “Његош”, постоеле и стручни друштва со семинари, а работеле и неколку спортски друштва. Посебно се истакнувало Академското пејачко друштво”Обилиќ”. [4]

Бидејќи поголемиот број студенти биле сиромашни, школувањето било олеснето со отворањето на студентскиот дом “Крал Петар „“ во 1931 година. Студентите во домот плаќале од 50 до 150 динари месечно, а за најсиромашните било бесплатно. При приемот во Домот се водело сметка за материјалната положба, знаењето и трудољубивоста на студентот.

Домот имал приземје во кое биле сместени кујната, терпезаријата, бањите и другите помошни простории  и два ката со  15 простории, одделно момчиња и девојки. Двете крила биле поврзани со влезот. Собите биле чисти, светли и скромно наместени. Секоја соба имала по два кревета, маса, два стола и двокрилен орман. Секое крило на зградата имало своја бања со тушеви и када. Во Домот постоел  утврден куќен ред. Претпладне студентите оделе на предавања или времето го минувале во терпезаријата или библиотеката, а попладнето било резервирано за слободни активности.

Студентскиот дом се финансирал од сопствени приходи. Оваа институција   овозможила  многу подобри и похигиенски услови за студентите отколку оние во кои живееле. [5]         

Факултетот активно учествувал и во јавно-културната работа. Веднаш по формирањето на Факултетот започнале да се организираат  јавни предавања за народот. Во 1925 година, по иницијатива на наставниците на Факултетот бил формиран Народен универзитет, каде што биле собрани сите културни и просветни работници. [6] Активноста на Извршниот одбор се состоела во редовни предавања во Скопје, организација на народните универзитети по градовите во Јужна Србија каде сé уште  немало народни универзитети и одржување на врски со оние    кои веќе постоеле, како и  печатење на одбрани предавања. Во првите години предавањата се држеле еднаш или двапати неделно. Предавањата биле од разни области на културниот живот. Како новина во овој поглед биле книжевните и камерно-музичките вечери. [7] Некои од предавањата биле наплатувани, а некои биле бесплатни. Задача на Народниот универзитет во Скопје била ширење на теоретски и применети знаења кај граѓанската класа. Во 1934 година Скопската општина на Народниот универзитет му ја ставила на располагање  свечената сала во основното училиште “Цар Душан” заедно со мебелот, огрев, осветлување и проекциони апарати. [8]

Во годините што следеле предавања се одржувале 5 пати неделно, а во вторник и четврток тие биле бесплатни. Во вторник предавања држеле разни организации, а во четврток Хигиенскиот завод, од областа на народната хигиена. Предавањата биле во циклуси. Покрај предавањата, се одржувале и курсеви по српски, француски, англиски и руски јазик. [9]           

Поимотните граѓани ги праќале своите деца на студии во големите западни центри - Виена, Цирих, Белград, Загреб и други.              

И покрај напредокот на школството во периодот меѓу двете светски војни во Македонија, сепак процентот на неписмено население бил многу висок. За намалување на овој процент, просветните власти преземале активности за народно просветување што се одвивале по правила донесени од страна на Министерството за просвета. Ширењето на писменоста се одвивало преку курсеви за неписмени,  предавања за народот, народни библиотеки, читални и др. [10]


 

[1] “Значај Факултета у Скопљу”, Београд 1928 год.

[2] “Просветно-политичките...” 265.

[3] Архив на Македонија, Фонд 336. Библиотека на Филозофскиот факултет 1920/1941 год.,

[4] Просветни преглед,”Алманах Општине..”, 107.

[5] Јурај Букша, Једна нова културно-социјална установа, “Вардар”,бр.302, 1934, 4.

[6] “Значење Факултета”, Београд 1928 год.

[7] Рад Скопског Народног Универзитета у 1927/28 год., “Јужни Преглед”, 1928 год.

[8] Народни Универзитет града Скопља, “Ск. Гласник”, бр.336, 10.11.1934 год.

[9] Народни Универзитет у Скопљу,”Јужни Преглед”, јуни/јули 1936 , 249.

[10] “Просветно-политичките...”, 295.