topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Градска библиотека

За задоволување на  просветните и културните потреби на населението на Скопје, во октомври 1935 година била отворена јавна Градска библиотека. Таа била сместена во специјално за таа цел изградени простории во училиштето “Цар Душан”. Библиотеката имала две големи и една мала читална.

За правилата во библиотеката бил задолжен Општинскиот суд, а управата се состоела од управник и два библиотекара. Главен библиотекар била Гроздана Добричанин. Набавката на книги одела многу бавно. Првиот фонд на книги бил набавен во книжарницата на “Славија”, а останатите биле добиени по пат на донација од приватни лица. Имало и збирки на списанијата “Политика” и “Време” кои биле подарок од г-ѓа Љотиќ, професорка во пензија, како и бројни подароци од Скопското научно друштво. Комплетно биле набавени списанијата “Скопски Гласник” и “Цариградски Гласник”. Библиотеката работела двократно,  а книгите не се издавале надвор од библиотеката, освен со кауција. Пристап во библиотеката имале само лица постари од 14 години. [1] Во првата година од работењето, библиотеката добила донација од угледниот трговец Тома Папатеодоси -  25 наполеони во злато, со што тој станал нејзин голем добротвор. До 1936 год. библиотеката имала набавено голем број  списанија, вкупно 5364 книги, лексикони и дневни весници. [2] Најмногу се читале изданијата на библиотеката “Нолит”, а најчитана книга во 30-тите години била “Совршен брак” од Ван де Велд. Најдолг рок за задржување на книгата бил 15 дена, а за секој ден доцнење се плаќало по 1 динар казна.

Рекорд во посета на библиотеката постигнале средношколците и студентите, а други  посетители, но во мал број, биле офицери, чиновници и занаетчиски помошници. [3] Работниците имале своја библиотека во Работничката комора.

Може да се заклучи дека освен учениците и студентите, библиотеката не била многу посетувана од граѓаните. Таквата незаинтересираност од страна на граѓаните можела да се објасни со работното време на библиотеката кое било одредено според потребите на студентите. [4]

Во состав на Гази Исабеговата Медреса во 1936 година била отворена Централна вакувска библиотека со план да организира аналфабетски курсеви преку кои би се описменил поголем дел од муслиманското население, особено муслиманските жени кои во најголем процент биле неписмени. [5] Библиотеки  имале и Филозофскиот факултет, Францускиот клуб и Свештеничкото здружение на Скопската епархија.


 

[1] Јавна библиотека Градске општине-Скопље,”Ск. Гласник”, бр.386, 1936, 2.

[2] Јавна библиотека града Скопља,”Скопски Гласник”,бр.440, 1936, 5.

[3] Правила Јавне библиотеке у Скопљу, “Скопски Гласник”, бр.310, 1934, 4.

[4] Улога јавних библиотека у просветном и културном васпитању народа,”Скопски Гласник”, бр 387 , 1935 , 1.

[5] Значај и улога Централне вакуфске библиотеке,”Ск. Гласник”, бр.435, 1936, 1.