topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Основни училишта
Средни училишта
Средни стручни училишта
Филозофски факултет
  Градска библиотека
  Книжарници и печатници
   

Книжарници и печатници

Во градот постоеле неколку  книжарници - книжарницата на Васил Димитриевиќ на главната улица “Крал Петар”, книжарницата на Димитриевиќ и Прелиќ пред Ристиќева палата која ја вршела целата работа од печатницата “Вардар”, а на истата улица била и книжарницата на Коце Зекмановиќ, “Крајничанец” и книжарницата на Милан Стојковиќ која била главно застапништво на првата југословенска фабрика  за мастило на Венцислав Пех. Сабри Јакуб имал турска книжарница. Во јуни, 1932 година во Скопје била отворена првата книжарница на “Просвета” која била сместена во училиштето “Доситеј Обрадовиќ”.

 

32.24.  Дописна карта со каталог на книги од книжарницата “Крајничанец”, МГС

Покрај повеќето книжарници, во градот работеле и печатници. Тоа биле: “Крајничанец” каде што се печателе поважните дневни весници како “Вардар”, “Скопски Гласник”, списанието “Хришчанско дело”, билтени од министерствата, извештаи од училиштата и друго. Печатниците на Васил Пупков, В. Галиќ, А. Ташковиќ, Х. Ѓазим, Д. Костиќ, Ј. Коен, Банската задужбинска штампарија “Немања” ( денешна “Гоце Делчев”) и други го снабдувале градот со книжарски материјал.  Печатницата “Немања” датира од 1930 год. и во неа се печателе сите позначајни дневни весници во периодот 1930-1941 год.

Во приватните печатници работеле 130 графички работници.

Незахет Бајрам потекнувал од многу старо турско семејство кое се спомнува уште во тефтерите на властодршците на Отоманската империја. Поточно, неговиот прадедо Јакуп, , некаде во средината на минатиот век  бил заповедник во царските штали во Цариград и  заради  работата,  тој ги уживал благодетите на султанот.

Еден од синовите на Јакуп, Фаик, околу 1860 год. се доселил во Лесковац, каде што се оженил со Турчинката од Врање, Ајша. Кога избиле Балканските војни, Фаик со својата жена Ајша го оставил целиот имот во Лесковац и се иселил во Прокупље, па во Приштина и на крај се доселил во Скопје. Фаик и Ајша родиле девет деца, од кои осум умреле, а деветото, според турскиот исламски обичај, за да остане здраво и живо, му се доделило  пупачко име. Малото бебе го изнеле на улица  и првиот минувач му дал  пупачко име.  Така, деветтото дете го добило името Ферид. Според исламскиот обичај, за време на бременоста на нероденото дете му се става име, по претпоставка дали е машко или женско и секое дете кога ќе се роди, мора да има име, за ако не остане живо да се памети по името. Детето го добило името Фаик Ферид Бајрам и тој доживеал 86-годишна старост.

Фаик работел како кожарски работник во табакана  и кога неговиот син Ферид Фаик Бајрам имал 5 години тој починал.  Мајката Ајша останала без средства за живот и морала да работи за да му овозможи на својот син школување. Ајша имала примитивен разбој, купувала конци, ткаела и продавала на пазар, за повторно да купи конци и на тој начин заработувала. Живееле во Маџир маало во скромна куќа, а кога Ферид пораснал, тој почнал да работи како помошник во бакалница.

Доселените Турци кои најмногу се населувале во Маџир маало,  доаѓале од Белград, Ниш, Ќуприја,  Лесковац, па  дури и од Виена, Унгарија (Маџарска) по што и маалото го добило името. Тие биле посовремени, поеманципирани, поотворени и пообразовани (лекари, воени лица, аптекари) за разлика од Турците на левата страна на реката Вардар кои биле патријархални, затворени и не сакале никакви контакти со новодојдените Турци. Староседелците Турци, новодојдените ги нарекувале со погрдни имиња - неверници-Ѓаури. Ваквото мислење за новодојдените Турци било последица на нивниот отворен начин на живот, поради  што тие сметале дека не веруваат во исламот.

Ферид Фаик Бајрам завршил учителска школа и предавал во Првата учителска школа. Како напреден младинец, во 1905 год. станал член на Социјалдемократската партија, заедно со Душан Цекиќ, Роза Плавева, Петар Георгиевски, Стојан Дивлев и биле основачи на партија која се борела за правата на работниците.

Ферид Фаик Бајрам, работејќи како школски инспектор, ги обиколувал училиштата и на тие патувања ја забележал убавата Турчинка Накија од семејството Карабаџаци која живеела на левата страна на градот. Двајцата не обрнувале внимание на спротивставувањата на Турците и тоа бил прв брак со мешање на Турците од двете страни на градот, што во тој период претставувало вистинска  храброст.

Накија и Фаик  купиле куќа во Маџир маало од турски учител. Куќата била изградена во стар турски стил, на три ката со двор заграден со ѕидови, а во дворот имало ниски куќички каде што чувале добиток. Во куќата имало посебен дел, бања-амамџик поплочена со мермер и секија во која се ставала топла вода.  Се употребувала козметика  што можела да се купи во дуќаните. Секој од семејството употребувал сапун, имал своја четка за заби, своја крпа за бришење  и прибор за јадење.

Мебелот во куќата бил типично муслимански. Во аглите имало канабиња, собите биле послани со килими, а во куќата имало и гостинска соба. Секој член од семејството имал своја соба. За хигиената на куќата   се грижела жена,   перењето на алиштата било примитивно, со пепел, а подоцна со сапун во корито.

Дворот бил грижливо уреден со разновидни цвеќиња. Во семејството владеела атмосфера на разбирање и почит. Родителите живееле во љубов и разбирање, а Бајрам на својата сопруга многу често í  приредувал пријатни изненадувања. [1] И двајцата работеле, па така нивниот стандард бил поголем.

Првото дете на Накија и Фаик   умрело, а второто дете се родило во Истанбул во 1918 год. , во текот на посетата на Накија на нејзината мајка.  . Детето го нарекле Незахет, а пупачко име  í било Бурија. По неа се родиле уште две деца,  Супхи (Хамдула) и Наџи (Менсур).

Сите деца учеле во училиштето “Ѓура Јакшиќ”, а мајката Накија работела во Турскиот лицеј, а потоа во турското училиште “Краљица Марија”, каде што децата посетувале турска настава.

Накија Бајрам била управник на училиштето и му го дала името “Краљица Марија”, а при една посета на делегација во училиштето заради проверка на неговата работа, тоа име било усвоено со акламација. Училиштето било народно и се наоѓало до Стара-нова бања. Поради дотраеноста на зградата ова училиште било пренесено кај Султан Муратовата џамија.

 

32.25. Училиште “Кралица Марија”, МГС инв. бр. 4457

 

Во 1928 год. била донесена Обзнаната, со што се укинале сите турски училишта и наставата на турски јазик. Со оваа мерка околу 800 турски учители останале без работа, меѓу кои и Накија и Бајрам.

Бајрам како угледен и влијателен човек во 1920 год. бил избран за кмет на Скопската општина, а кратко време бил  и  народен пратеник во Собранието во Белград. Подоцна, Ферид Бајрам бил  главен уредник на “Социјалистичка Зора”, списание што излегувало на турски јазик во Скопје.

Поради воведувањето на Обзнаната во 1928 год., Ферид Бајрам отишол во Белград на разговор со тогашниот министер за просвета  и успеал да издејствува наставата на турски да се одвива паралелно со наставата на српски.  Накија станала заменик на училиштето, а управник била жена-Србинка..

По враќањето од Белград, Ферид Бајрам бил уапсен и затворен три години, а по ослободувањето, тој продолжува да учителствува во Првата машка гимназија и станал вонреден професор на Големата Медреса  Краљ Александар која имала за цел да ги школува сиромашните деца.

Незахед  Бајрам, по завршувањето на малата матура (четири одделенија), се запишала во Втората машка гимназија. Турците ретко го продолжувале своето образование во гимназија, а оделе само оние чии родители можеле тоа да им го овозможат. Турските ученици полагале и веронаука и историја на исламот и ако не го положеле тој предмет не можеле да го запишат класот.

Ферид Бајрам со својот пријател од Великата Медреса Краљ Александар, Мухамед Хаџи Бекиќ, организирале отворање на женско работничко училиште. Бидејќи во тој период во градот имало само две работнички училишта, Бајрам отворил ново училиште “Шевкет”кое се делело на две групи, килимарство и везење и шиење. Мухамед Хаџи Бекиќ бил управник на училиштето, а Накија заменик. Училиштето работело пет години пред војната. Во ова училиште учеле муслимански девојки, кои освен учењето имале и други активности.

Во договор со киното “Вардар” , Ферид Бајрам секој петок организирал посета на кино- претстави.

Ферид Бајрам  основал и хуманитарна организација “Разбибрига” во која можел да се зачлени секој поединец со цел помош на сиромашните луѓе.

Поистакнати турски фамилии во градот Скопје меѓу двете светски војни  биле фамилијата на Халил Ќазим кој имал печатница и неговата ќерка Дидаре Ќазим која завршила студии по виолина на  Конзерваториумот во Париз и во градот претставувала пример за модерна и прогресивна Турчинка, а  ниеден концерт во Офицерскиот дом не можел да се замисли без неа. Таа се истакнувала и со својата убавина. [2]


 


[1] Незахет се сеќава на една пријатна случка за празникот Рамазан. Таткото Бајрам подготвил свечена вечера и ја поставил во трпезаријата.  На својата сопруга и рекол убаво да се дотера бидејки ќе одат на вечера во ресторан. Кога Накија била готова, Бајрам ја однел во трпезаријата и ја поканил на рамазанска вечера.

[2] Незахаат Бајрам, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.