Етнолошкото друштво во
Скопје било формирано во 1939 год. на основачкото собрание на
етнолошкиот семинар. За претседател на друштвото бил избран Миленко
С. Филиповиќ, а членови на друштвото биле д-р Душан Недељковиќ, д-р
Војислав С. Радовановиќ, д-р Атанасије Урошевиќ и други членови -
професори, лекари, хемичари.
Во Скопје, во 1930 год.
бил одржан конгрес на словенски етнографи и географи. Овој конгрес
за градот претставувал вистинска културна манифестација. Во чест на
конгресот, во Офицерскиот дом бил одржан свечен банкет, а иницијатор
на конгресот бил Јован Цвииќ кој бил и иницијатор за отворање на
Филозофскиот факултет во Скопје.
Во 1933 год. во Скопје
гостувале 65 конгресисти, поети, есеисти, новелисти кои по
завршувањето на конгресот на Пен-клубот во Дубровник, допатувале во
Скопје. Меѓу посетителите биле и Толер, Жил Ромен и др. Ова
гостување за градот значело поврзување со светски познати литерати.
|