Зоолошкиот музеј во
периодот 1927-1938 год. провизорно бил сместен во зградата на
тогашниот Просветен дом каде што располагал со две простории.
Во 1938 год. Музејот
бил сместен во куќата на стоматологот Рубен која се наоѓа веднаш до
Градскиот парк.
Задача на Зоолошкиот музеј била собирање на зоолошки материјал од
Македонија и научно обработување на богатата фауна. Со
основањето на Зоолошкиот музеј во Скопје можело да се пристапи кон
систематско проучување на фауната.
Зоолошкиот
музеј во прв ред собирал материјали од оние групи на животни на кои
им се заканувало исчезнување. Таму спаѓале покрупните животни -
мечки, рисови и елени, орли и сл., но многу поголема опасност од
исчезнување им се заканувала на некои групи водени животни, особено
по асанацијата на Скопско Поле.

33.4. Зоолошката
градина во Скопје, Водич кроз Скопље и околину, Скопље 1937 год.
Зоолошкиот
музеј имал уште една задача. Музејот требало да ги снабдува сите
училишта во Македонија со зоолошки материјал за нивните училишни
збирки. Директор на Зоолошкиот музеј кој истовремено бил и директор
на Зоолошката градина бил д-р Караман.
|