topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Друштво на пријателите на Франција
Музички живот
- Пејачко друштво “Вардар”
- Пејачко друштво “Мокрањац”
  - Музичкото училиште “Мокрањац”
  - Скопската музичка заедница
  - Училиште за модерни танци “Академски серкл”
  - Музика од грамофони
  - Радио
   

Друштво на пријателите на Франција

Во 1921 год. во Француско-српското училиште во Скопје било формирано Друштво на пријателите на Франција. Иницијатори за формирање на друштвото биле видни граѓани како Василије ›ерић, професор на Универзитетот, Ристо Огњановиќ професор, Филип Поповиќ директор на Поштата и телеграфот во Скопје, Панта Јовановиќ, директор на Трговската академија, англискиот конзул во Скопје, Де Мајо, директорот  на Француско- српската банка, Шарл Дер со сопругата,  управителот на Француско-српското училиште, Милан Чемериќиќ и др. [1]

Друштвото со својата работа особено се истакнало во времето кога негов претседател бил Панта Јовановиќ. Тој организирал разновидни предавања и бил првиот конферансие "J. J. Rous seau et le theatr".  Покрај предавања, членовите на Друштвото подготвувале и театарски претстави на француски јазик кои се изведувале на попладневните состаноци и матинеа. [2] Кога претседател  бил Милан Чемериќиќ, директор на банка и началник на банското одделение, друштвото  успеало да се афирмира и околу себе да ја собере елитата на градот која се дружела во просториите на Друштвото. Просторот на Друштвото бил уреден со сопствени средства, а се состоел од салон со мебел и клавир. Друштвото постепено го зголемувало бројот на своите членови и симпатизери. Друштвото организирало  тениски натпревари и курсеви за француски јазик. Поради зголемениот број на членови, во 1928 год. Друштвото се преселило на улицата “Цар Душан” во поголеми простории, а во 1930 год. на главната улица “Крал Петар”. Бројот на членовите на Друштвото од 65, достигнало максимален број од  265 членови. Многу од членовите на Друштвото го усовршиле францускиот јазик на курсевите што ги организирало Друштвото. Во неговата библиотека   имало 4000 книги, списанија и дневен печат. За користење на  литература од библиотеката се наплатувало од 5 до 15 динари.

Членови на Друштвото на пријателите на Франција биле видни граѓани од градот како Панта Јовановиќ, Милан Чемериќиќ, Петар Шкодриану, Агаменон Димон, Хелен Шарл Дер, д-р Коста Чохаџиќ и др.


 

[1] Друштво пријатеља Франције, Скопски Гласник 1929, 2.

[2] Дом пријатеља Француске, Скопски Гласник 1936 год.