Музиката како составен
дел од животот на македонскиот народ, во вид на музички групи се
појавила уште во времето на Отоманската империја. Музичките групи се
појавиле пред пејачките. Многу млади луѓе, талентирани за музика,
свиреле на некои музички инструменти. Свирењето било без ноти, со
природен талент, но со забележливи резултати. Во неделите и на
празниците музичките групи свиреле по маалата каде што луѓето
славеле. Ваквите музички групи свиреле и на свадби каде што од
гостите биле наградувани со бакшиши. Најмногу се свирело на виолини,
кларинети, хармоники и дајриња. Оттаму се појавила и потребата за
формирање на музички здруженија и оркестри.
Во периодот помеѓу
двете светски војни работеле многу музички и пејачки друштва. На
музичкиот живот посебен печат му давале скопските пејачки друштва
“Вардар”, “Мокрањац”, “АД Обилиќ”, “Абрашевиќ”. Најголем придонес во
развојот на вокалната музика на уметничка основа дале и Еврејското
пејачко друштво, Монополското пејачко друштво и свештеничките
хорови.
|