topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Друштво на пријателите на Франција
Музички живот
- Пејачко друштво “Вардар”
- Пејачко друштво “Мокрањац”
  - Музичкото училиште “Мокрањац”
  - Скопската музичка заедница
  - Училиште за модерни танци “Академски серкл”
  - Музика од грамофони
  - Радио
   

Музичкото училиште “Мокрањац”

Поради културната потреба на градот за правилно образование на млади кадри, во 1934 год. било отворено музичкото училиште “Мокрањац”. [1] Првото музичко училиште во Скопје било отворено уште во 1928 год. и било сопственост на Сара Арсиќ.        

Главни иницијатори за отворање  на музичкото училиште биле долгогодишниот претседател на пејачкото друштво “Мокрањац”, д-р Војислав Радовановиќ, Душан Коњевиќ, директор на Женската гимназија и Миодраг Васиљевиќ, композитор. Наставничкиот кадар во музичкото училиште бил составен од Фредо Херцог, воен мајор капелник кој предавал виолончело, контрабас и инструментализација, клавир,  диригентство, читање на партитури, Миодраг Васиљевиќ, композитор кој предавал музичка систематика, виола и виолина, Лепосава Павловиќ, наставник по музика, клавир и историја на музиката, Властимир Јециќ, наставник по виолина, Јосип Брнобиќ, наставник по виолина, соло-пеење и клавир и Трајко Прокопиевиќ, наставник по виолина.

Наставничкиот кадар бил со солидни стручни квалификации. Наставата во музичкото училиште била индивидуална (во класите на  инструментите и соло- пеење) и колективна (во класата на теорија). Музичкото училиште ги подготвувало учениците за сите звања според тогашните педагошки правила. Свидетелствата и дипломите од музичкото училиште важеле како документи за стручна оспособеност. Во училиштето се плаќала школарина, а биле запишувани редовни и вонредни ученици. Во училиштето се изучувало  свирење на гудачки инструменти  (виола, виолончело, контрабас), клавир, соло-пеење, сите дувачки инструменти, музичка систематика-хармонија, контрапункт и композиција. Освен овие предмети, се изучувале и споредни предмети, на пример, со виолина се изучувал и клавир и сите теоретски предмети (солфеж, елементарна теорија, хармонија и контрапункт, историја на музиката, наука за облици, наука за инструменти и др.) Училиштето било под  надзор на Министерството за просвета. [2]

 

34.5. Музичкото училиште “Мокрањац”, Архив на Македонија

 

Школувањето траело 9 години, три години подготвително, низок и висок степен, а на крајот на школувањето се полагал завршен испит “апсолуториум” по што се добивала диплома.

Музичкото училиште “Мокрањац” организирало и курсеви за диригенти. Курсот траел 15 дена  и бил бесплатен. Покрај  теоретската настава,  се одржувале и практични вежби за диригенти. По завршувањето на курсот сите ученици добивале дипломи. [3]

Музичкото училиште “Мокрањац” приредувало и музички часови во Народниот театар. Во состав на овие музички часови биле организирани и вечери на камерна музика  во Народниот универзитет.  Интересот на скопската публика за ваков вид на музика се огледувал во огромната посетеност. На музичките часови биле одржувани и предавања за развојот на  камерната музика. На програмата на овие концерти биле изведувани дела од Бетовен, Моцарт и др.                                                                                                                     

Пејачкото друштво ја славело славата Свети Стефан на третиот ден на Божиќ, во чест на својот духовен патрон Стефан Мокрањац, со осветување вода и сечење на колач што најчесто се одржувало во свечената сала на Поштенскиот дом. [4]

 

34.6. Пејачко друштво “Абрашевиќ”, МГС инв. бр. 2355

 

34.7. Пејачко друштво “Абрашевиќ”, МГС инв. бр. 1951

 

Народниот театар имал заслуга за развојот на музичката дејност, особено во развојот на инструменталната музика. Во состав на Театарот работел оркестар под раководство на воениот капелник Урбан кој бил прв театарски диригент во Скопје, а по него Бимер и професор Вацлаф Недела. За  време на нивното работење со оркестарот биле изведени дела со пеење и оперети како  “Врачара”, “Лепа Јелена”, “Мамзел Нитуш” и др. Се правеле обиди за изведба на опери и иако биле прикажани оперите “Мадам Батерфлај” и “Травијата”, сепак овие обиди пропаднале поради слабите материјални средства и неквалификуваниот кадар на пејачи и музичари. Со симфониско музицирање се започнало за време на управата  на воениот капелник Дворжак кој бил диригент и неговиот оркестар претставувал добро поставено симфониско тело. Секоја недела оркестарот приредувал концерти на кои биле изведувани дела на класичари .

Скопската публика која сé уште немала изострен слух за ваква музика,  со задоволство ги  слушала  Бетовеновите симфонии кои биле повторувани по неколку пати.


 

[1] “Музичка школа “Мокрањац” у Скопљу, сутра почиње рад”, “Вардар” бр. 294, 1934 , 5.

[2] Упис у музичку школу “Мокрањац”, Скопски Гласник бр. 430, 1934,  4.

[3] Слава Свети Стефан “Мокрањац”, Скопски Гласник, бр. 293, 1934, 2 и бр.136, 1931, 3.

[4] Певачко друштво “Мокрањац” организује први течај за хоровође, “Вардар”, 14 јуни, 1936, 4.