topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Arrow Bullet
Divider
Друштво на пријателите на Франција
Музички живот
- Пејачко друштво “Вардар”
- Пејачко друштво “Мокрањац”
  - Музичкото училиште “Мокрањац”
  - Скопската музичка заедница
  - Училиште за модерни танци “Академски серкл”
  - Музика од грамофони
  - Радио
   

Училиште за модерни танци “Академски серкл”

Во 1931 год. било отворено  училиште за модерни танци “Академски серкл”. Учител во училиштето бил Светолик Вучковиќ од Белград. Часовите биле одржувани во  Пасажот Ароести.  Се учеле танци од типот на  фокстрот, танго  , кик-степ, сло-фокс, валс-енгли и др. [1] За време на празници и во недели во ова училиште се организирале матинеа.

Во подрумските простории на хотелот “Бристол” работела и школата  за танци за возрасни. Часовите се одржувале попладне. Се свирела  танцова музика, а кореографите Свето и Нада Вучковиќ посетителите ги учеле на класични и модерни танци. [2]

Бидејќи најголемата забава се одвивала во скопските кафеани, каде што за разлика од концертните сали било преполно, сите музичари кои свиреле или пееле во кафеани, барови, како и воени, градски, соколски или салонски џез- бендови, Цигани-тамбураши, морале да бараат дозвола од власта за изведба и авторски настапи. [3]

Музиката се негувала и во домовите. Повидните и побогатите семејства набавувале разни музички инструменти од странство.  Некои од овие семејства купувале музички инструменти заради својата добра материјална состојба, но повеќето набавувале инструменти со желба да свират на нив. Семејствата Трпчановски, Димитрови, Рубен, Божиновски, Димитриеви, Стојановиќ, Чохаџиќ и многу други, во своите домови имале клавири, виолини, хармоники, набавени од Виена, Солун, Белград. [4] Семејството Димитриеви, на пример, во својот дом  имале клавир. Стерије Димитриев свирел на мандолина. Семејството Трпчанчевиќ, со своите деца секое попладне приредувале концерти и свиреле на пијано. Семејството Настеви  купило клавир уште во 1924 год. на кој свиреле децата, а ги учеле приватни учители. Многу од богатите семејства купувале мали и големи пијанина, флигл-клавири, големи концертни клавири, со ноти од изданието Страхов и др.

 

34.10. Трајко Рибарев со мандолина, МГС инв. бр. 4664

 

За музичко образование на децата од богатите скопски семејства биле ангажирани приватни учители. Учителите кои држеле приватни часови знаеле да свират валцери и танга, но нивната стручна подготовка не била на високо ниво. Постоел дилетантизам во музичката наобразба на младите луѓе. [5] Професионални музичари во Скопје имало многу малку, вкупно 15 со стручна наобразба, од кои повеќето биле наставници во средни или музички училишта. [6]


 

[1] Школа играња-Академски серкл, Скопски Гласник 1931 год.

[2] Верица Шеќеринова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[3] Примена музичког ауторског права у Скопљу, Скопски Гласник бр. 118, 1930 , 3.

[4] Семејствата Шкаперда, Димитријевиќ, Рубен, Попангови, Божиновски( Елена Божиновска одела во музичкото училиште “Мокрањац”, свирела на клавир, а професорка и била Еврејката Алиса Шајбер)

[5] Музички живот у Скопљу, “Вардар”, 8 мај 1932, 8.

[6] Трајко Прокопијевић, Развој музичког живота у Скопљу, Скопски Гласник бр.448 и 449, 1937, .5.