topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Внатрешно уредување на куќите

Внатрешното уредување на куќите било под влијание на модерните европски текови, но присутен бил и  традиционалниот начин на уредување на градската куќа.

Кујната како многу важен дел од куќата, сé уште задржувала некои од старите форми. На ѕидовите имало прицврстени полици или креденци, обични дрвени маси со столови, мијалници и задолжително шпорети на дрва на кои се подготвувала  храната. [1] Во побогатите куќи навлегувале електричните шпорети, бојлерите за топла вода за миење на садовите, ледарниците каде што се чувала храната и други електрични апарати.

Спалните соби почнале да се опремуваат со железни кревети на федери. Побогатите семејства имале спални гарнитури.

Во новоизградените куќи задолжителен дел биле и бањите опремени со кади, бојлери, шолји, па дури и бидеа.

Многу важен дел од градската куќа била големата и убаво наместена гостинска соба, која подоцна била наречена салон за гости. Гостинската градска соба била уредена со миндери, покриени со домашни ткаенини, батании од разнобојна волна и орнаменти. На прозорците и вратите биле закачувани пердиња и драперии, најчесто везени или плетени со ист орнамент како милињата и шустиклите на масите. Ѕидовите и таваните честопати биле украсени со гипсани фигури во вид на розети, ангели, лисја и друго. Страните на ѕидовите биле украсени со врамени фотографии од семејството.

 

37.4. Фамилијата Ставриќ на гости во куќата на нивниот кум. Ѕидовите се украсени со врамени слики, МГС инв. бр. 3778

 

Побогатите семејства гостинската соба ја уредувале со стилски мебелни гарнитури, скапи килими, лустери, ламби и разни украсни елементи.

Мебелот бил направен од дрво со резба и фино исткаени ткаенини. Мебелот бил изработен во разни стилови - готски со орнаменти, ренесансен со интарзија и инкрустрација со тврд камен во декорацијата на површините на масите, мебел со сребро, барок со користење на мермер во боја, “Луј 16” со модифицирани класични елементи како лавовски глави, шепи, овошје, цвеќе, “рококо” со асиметрични елементи и фурнирање, “бидермаер” со едноставен стил и др.  [2]

 

37.5. Дел од мебелот на фамилијата Стојановиќ, сопствениците на ф-ката “Аеро”, МГС инв. бр. 4702, 4703

 

Во споменатиот период во Скопје постоеле неколку салони за мебел. Браќата Мацура продавале разновиден мебел - спални гарнитури, трпезарии, салонски гарнитури, ормани, креденци, столови, фотелји, работни бироа, ормани за книги, етажери, корнизи, детски колички, каучи, отомани и друго.  [3]  

Претпријатието на Тодор Ѓ. Папатеодоси и Фабриката за железен мебел на Данило Тохољ, нуделе разновиден мебел . [4] Трговијата со мебел била лоцирана на неколку  места во градот.

Нестор Алексиев (1873-1969) бил мајстор од мијачката резбарска школа. По долг престој во Софија, во 1925 година се преселил во Скопје каде што отворил скромна работилница што ја зел под наем. Нестор со синовите сакал да отвори резбарска школа. [5]

 

37.6. Во столарска работилница, изработка на мебел по нацрт на Нестор Алексиев, МГС

 

Чест украс во градските богати куќи, а под влијание на западната култура, биле и склулптурите во вид на човеково тело, глави во профил или анфас, фигури на егзотични животни во минијатури или барелјеф   и сл. Овие фигури најчесто биле изработувани од  камен, дрво, земја, гипс и сл. [6]

 

37.7. Украс од мермер, семејство на Радмила Хрисохо Ставриќ, МГС

 

Општ заклучок е дека уредувањето на градската куќа се карактеризирало со користење на природни материјали, со едноставни облици и линии, со посебен стил.  Поимотните граѓани за разлика од средната класа, имале скапа и богата покуќнина. Покуќнинските предмети многу често биле увозни, или пак биле правени по нарачка кај домашните мајстори според странски каталози.

Промените на ентериерот според економската состојба на семејствата биле различни. Во посиромашните семејства се појавил железниот кревет со федери, жичен мадрац што го заменил душекот “сламарица”, а во побогатите куќи миндерите му отстапиле место на современиот мебел со резба и слично. Потиснати од модерниот мебел, ковчезите   почнале да исчезнуваат од употреба некаде во 30-тите години на 20 век. Рачната изработка на дрвото при изработката на салонските и трпезариските гарнитури видливо била потисната од машинското обликување на дрвото. Сé повеќе се употребувале фотелји и двоседи со резба, обложени со новодезенирани ткаенини. Металните федери им давале посебна удобност на фотелјите и каучите, а тапацирот од раскошно свилено или памучно платно, посебна убавина. Честопати во поимотните градски куќи заедно со мебелот се правеле и лустери во комбинација стакло - дрво - метал.

Во овој период своја ренесанса  доживеале и средствата за затоплување и осветлување.  Лојарниците и кандиларниците биле заменети со стаклени ламби на газија, лустери со инкрустрации и воведување на електрична струја и др.

Турските мангали кои биле мошне атрактивни и привлечни им отстапиле место на увозните печки на тврдо гориво, а  меѓу најпопуларните била “Краљица пе˚и”.

Од изнесените податоци се гледа дека постоеле неопходните услови за  развивање на домашното рачно и индустриско производство на покуќнински предмети.

Младите брачни двојки својот заеднички живот го започнувале со мебелот од миразот на невестата. Тој најчесто се состоел од касели, боро, плетени столици и маси од трска, шифоњери и др. 

 

37.8. Мебел во куќата на Шкаперда, изработен под влијание на францускиот мебел од првата половина на 18 век (регентство) помеѓу Луј XIV и Луј XV, МГС инв. бр. 4646 и 4649

 

37.9. Спална соба во стил “бидермаер” на семејството Шкаперда, МГС инв. бр. 4650

 

37.10. Мебел од куќата на Надежда Шеќеринова, денес сопственост на нејзината ќерка Верица Битољану, МГС

 

Долниот кат на куќата на семејството Димитрови се состоел од огромен салон со високи тавани кои имале убаво изработени дрвени греди. Мебелот во куќата бил дрвен со богата резба, имало клавир со два свеќника, масички со мермерни плочи и огледало над нив, канабе со фотелји и трпезариска маса. Во куќата немало кујна и бања, а  тие биле во дворот каде што во кујната имало дрвен шпорет, а до кујната била и сушалната за алишта. [7]

 

37.11. Трпезарија на Димитрови, МГС инв. бр. 4744

 

37.12. Трпезариска соба на семејството на Стерјо Димитровски, МГС инв. бр. 4447

 

Семејството  Станковски живеело во скромна градска куќа на кат. Во приземните простории се чувал добиток. Кравите ги чувале поради млекото, а воловите за орање, бидејќи како и секоја доселена фамилија од селата, тие се занимавале  со приградско земјоделство. На катот имало одаја за гости и за спиење, а во летниот период се јадело на чардакот. Во дворот , како и во голем број  скопски куќи, имало бунар, летна кујна и нужник. Покрај  летната кујна  имало фурна за печење леб. Огништето било составено од печка со отвор за ложење дрва. Просториите биле осветлувани со ламба на петролеј или газија, а од 30-тите години во куќата била воведена струја.

Ниските дрвени столчиња направени од природни чаталести подебели гранки уште од дедо му на Борис, биле заменети со  купечки коклици и маса за ручање. Во гостинската одаја имало миндери покриени со батании исткаени дома  на хоризонтален дрвен разбој од баба му и мајка му на Борис. Над миндерите, на ѕидовите имало полица со ситни покуќнински предмети  и врамени фотографии или портрети со по некоја скромно везена крпа над рамките. По миндерите биле ставени мали перничиња пресвлечени со везени навлаки. Иако, фамилијата  Станковски била посиромашна од другите,  сепак имале посебен прибор за јадење, убав чаршав за  маса  и слично кои се употребувале исклучиво за гости. [8]

 

Куќата на Димче Димишков била мала - приземје и кат со три соби, соба со трем и во дворот летна кујна и бунар. Во куќата имале струја, а со вода се снабдувале  од пумпа во дворот. Најубав од целата куќа бил дворот во кој имало многу цвеќиња. Мебелот во куќата се состоел од шифоњер, боро, касели, маси, столчиња. Имале тркалезни маси, а килими се постилале само за време на празници. Завесите на прозорците биле рачно плетени. Во кујната  имало шпорет на дрва, а покуќнината била од бакар, глина и порцелан кој се чувал за посебни прилики. [9]

 

Благоја и Катерина живееле во Пајко маало во семејната куќа на Попанкови. Куќата се состоела од приземје и кат. Приземјето го издавале, а тие живееле на катот. На нивниот кат имало 4 соби: спална, детска, дневна соба и библиотека со пијано. Кујната била одделена и била најголема просторија во куќата во која се собирале сите. Ѕидовите ги краселе уметнички слики кои Благоја со задоволство ги купувал од македонските уметници. Дворот на куќата бил долг, а тесен и поголемиот дел од него бил бетониран, а дел бил засаден со дрвја и цвеќиња. [10]


 

[1] .Д-р Милош Константинов,”Македонци”, Скопје 1992, 378.

[2] .Внатрешна архитектура (За студентите од дрвно-индустриска насока на Шумарскиот факултет), Скопје  1976,Универзитет”Кирил и Методиј”-Скопје, 92-95.

[3] .Оглас”Браћа Мацура”, Алманах”На југу”,Скопље,”Јужна Србија”,1930, 41.

[4] .Мил Р. Гавриловић, Привреда Јужне Србије, Скопље 1933,  1.

[5] .Борис Несторовски, Големите мајстори на резбата: Нестор Алексиев (3), “Нова Македонија”, од 9-13 јули 1994г.  Д-р Киро Дојчиноски, “Македонија низ векови”, Скопје 1995, 144,221,241. Македонска резба, Скопје од 7-12-1978. Каталог. Изработка на Нестор Алексиев. Желбата на Нестор Алексиев за отворање на резбарско училиште не била остварена. Тој, иако подготвил план за изградба и нашол  локација во Сарај, поради немање електрична енергија училиштето не било изградено.

Edna od najzna~ajnite tvorbi na Nestor Aleksiev bila rezbata izvedena vo crkvata "Sv.Spas" vo Skopje - {estoagolen nosa~ na vladi~kiot stol, tambur na krunata i kruna na ovoj stol. Vo periodot 1937-1938 godina,  sinovite na Nestor, Aleksandar, Todor i Mihail, vo crkvata "Sv.Andrea" vo Matka, izgradena vo 15 vek, izrabotile mal ikonostas vo bareljefna rezba od oreovo drvo. Osven so rezba, Nestor se zanimaval i so profana umetnost. Zaedno so sinovite i drugi mija~ki rezbari, toj  izrabotuval  tavanici, mimbari i drugi ukrasi vo xamiite i vo domovite na agite i begovite, kako i vo javnite zgradi, kako, na primer, tavanici vo prostoriite za prestojot vo fabrikata  "Crvena yvezda" vo Skopje. Isto taka, izrabotuval i mebel za doma{ni potrebi - trpezarii, biblioteki, salonski garnituri i drugo. Vo negovoto atelje ~esto gosti bile zografite Dimitar Andonov-Papradi{ki, Danail Nestorov, Dimitar Kratovec i drugi.^esto go posetuvale i poznatite likovni umetnici Mihajlo [ojlev, Lazar Li~enoski, Nikola Martinoski  itn.

[6] .Д-р Чеслав Никитовић,”Занатство Јужне Србије”,Скопље 1934, 232.

[7] Марија Димитрова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[8] Борис Станковски, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.

[9] Марица Димишкова, сеќавања, теренски истражувања во 1996 год.

[10] Радмила Поп Панкова, сеќавања, теренски истражувања во 1995 год.