topimage
HomePage Header Header
Image_t3
Left BG
Divider
Arrow Bullet

Почеток

Divider
Arrow Bullet

Содржина

Divider
Arrow Bullet

Вовед

Divider
Arrow Bullet

Краток историјат на градот Скопје

Divider
Arrow Bullet Население
Divider
Arrow Bullet
Скопски маала
Divider
Arrow Bullet Регулационен план
Divider
Arrow Bullet Улиците во градот
Divider
Arrow Bullet Градежна активност
Divider
Arrow Bullet Водовод
Divider
Arrow Bullet Јавни бањи и амами
Divider
Arrow Bullet Јавна хигиена
Divider
Arrow Bullet Јавна канализација
Divider
Arrow Bullet
Електрификација
Divider
Arrow Bullet Сообраќај
Divider
Arrow Bullet Пошта
Divider
Arrow Bullet

Скопската чаршија и занетчиство

Divider
Arrow Bullet Трговија и трг. врски
Divider
Arrow Bullet Банкарство
Divider
Arrow Bullet Индустрија
Divider
Arrow Bullet Хотелиерство
Divider
Arrow Bullet
Јавна безбедност
Divider
Arrow Bullet Социјални прилики
Divider
Arrow Bullet Здравство и хигиена
Divider
Arrow Bullet Ветеринарна служба
Divider
Arrow Bullet Паркови и зеленила
Divider
Arrow Bullet Театар
Divider
Arrow Bullet Скопски кина
Divider
Arrow Bullet Корзото и прошетки
Divider
Arrow Bullet
Кафеани
Divider
Arrow Bullet Плажи
Divider
Arrow Bullet Излетнички места
Divider
Arrow Bullet Цркви и црк. живот
Divider
Arrow Bullet Градски гробишта
Divider
Arrow Bullet Просветни прилики
Divider
Arrow Bullet Научни друштва
Divider
Arrow Bullet
Музеи
Divider
Arrow Bullet Културно-уметнички живот
Divider
Arrow Bullet Спортски живот
Divider
Arrow Bullet Односи во семејство
Divider
Arrow Bullet Материјална култура
Divider
Arrow Bullet
Духовна култура
Divider
Arrow Bullet Заклучок
Divider
Arrow Bullet Извори
Divider
Arrow Bullet

Подарени етнолошки предмети од старите скопски фамилии за Музеј на град Скопје

Divider
Divider
Arrow Bullet Arrow Bullet Arrow Bullet
Divider Divider Divider
Dot Bullet
Покуќнина од дрво
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Покуќнина од метал
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Dot Bullet
Текстилна покуќнина
Dot Bullet
Dot Bullet
 
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Dot Bullet
   
Dot Bullet
Пијалаци    
           

Покуќнина од метал

Со брзиот развој на индустриското производство се напуштале старите традиционални форми на живеење. Освен мебелот од метал, од метални свиткани цевки и профилирано железо, со федери и сл., од метал  биле изработени и постаменти за ламби, потоа послужавници, мангали од месинг, ибрици, чашки за кафе и ракија, мали кутии за чување накит, пепелници од бакар итн. [1]

 

37.13. Часовник од метал, МГС инв. бр. 2291

 

37.14. Рамка за слика, метална, МГС инв. бр. 497

 

Бронзата, месингот и среброто служеле за украсување на покуќнинските предмети или предмети за дотерување. Кујунџиите правеле кутии, табакери за тутун и цигари, мастилници, кандила, вазни, садови за слатко, пудриери за дами, садови за чување и послужување на ситни колачиња и бонбони, послужавници и слично.

Многу предмети од метал биле со натписи, посвети, благослови или биле изгравирани и датирани. За гравирање биле користени познатите граверски техники  “флах”, “тиф” и “ерхабен”.” [2]

Скопските трговци во својата работа користеле печати, “мурови”, во кружна, овална или четвртеста форма. Понекогаш тие биле и во вид на прстен и истовремено служеле и како накит и како печат.

Секоја градска куќа имала голем број покуќнински предмети од метал, наменети за огништето, за перење и одржување на личната хигиена, за послужување на храна и пијалаци, за затоплување на просториите, за осветлување и слично.  Од метални садови, во градските куќи се употребувале тави, бакарни котлиња, тепсии, чинии, зарфови, прибор за јадење итн. Нив ги изработувале и ги калаисувале калајџиите. Одделни предмети биле изработени од ковано железо, како пирустии, маши, држачи за борина и слично. Во секоја градска куќа имало свеќници, вазни за цвеќе, авани за толчење, домашни кантари, чукала за порта, ѕвонци за  врата  што  ги изработувале леари и кантарџии. Во металната  покуќнина спаѓале и ѓумовите, сааните, ибриците, мангалите, казаните, котлињата, чиниите, чашите за пиење и друго. 

 

37.15. Чајник од метал, МГС инв. бр. 795

 

37.16. Метален послужавник, МГС инв. бр. 2532

 

37.17. Свеќник, шандан, МГС инв. бр. 1175

 

Предметите од метал се одликувале со богатство на форми и оригинални линии, а нивната орнаментика била изведена со техника на “грави” или “плитко” релјефно ковање.  Голем број  покуќнински предмети од метал биле увезени од странство, а најчесто се увезувале  мангали, самовари,  држачи за свеќи  итн. Поради многубројните посебности на предметите од бакар, како и поради нивната широка домашна употреба, тие останале само спомен за еден одреден временски период, додека насекаде се појавувале производи од стакло, порцелан, уметнички обликувана керамика, емајлиран метал.


 

[1] .Д-р Чеслав Никитовић,”Занатство..”.231-259, 237.

[2] .Исто, 238.